Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еконо��ија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Соочување со денешнината

Александра М. Митевска

Патувачката маршрута на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, деновиве е доста набиена. Завчера беше во Виена, каде што се сретна со австрискиот колега, Хајнц Фишер, кој му порача дека решавањето на името не треба да биде предуслов за Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Потоа Иванов го фати авионот за Ерусалим за да присуствува на меѓународна конференција под покровителство на израелскиот претседател и нобеловец Шимон Перес, на која повеќе од 200 светски лидери, претставници на меѓународни организации, бизнисмени, научници и експерти ќе дебатираат за случувањата и перспективите на Блискиот Исток, за борбата против тероризмот, за медицинските иновации, пристапот до нови извори на енергија, односите меѓу поли��иката и религијата, за истражувањата на вселената...

Иванов би можел да купи нешто за себе од богатото политичко досие и од животното искуството на Перес, со кого требаше да се сретне синоќа. Конференцијата во светиот град е насловена „Соочување со утрешнината“!

Терминот „соочување“ некако чудно се вклопува и во агендата на шефот на македонската држава. Откако нанижа две години мандат во резиденцијата на Водно, впечаток е дека Иванов се' полесно се соочува со протоколите во странство. Но, дека и натаму тешко му оди „соочувањето со денешнината“ на домашен терен - можеби поради тоа што постизборно предизвиците тука стануваат се' поголеми... Дека му е полесно (преку граница) да се ракува и да размени куртоазни пораки со Фишер или со Перес отколку да направи гест што некој овде би можел да го сфати како неподавање рака на естаблишментот на „Илинденска“ во Скопје...

Далеку од тоа дека претседателот на државата треба да седи дома наместо да патува во странство. Билатералата и меѓународната политика се оската околу која и формално се вртат неговите надлежности. Далеку од тоа и дека Иванов треба по секоја цена да се конфронтира со Владата или со ВМРО-ДПМНЕ само за да покаже интегритет. Негова обврска како татко на нацијата е да соработува со сите политички фактори. Како и да се издигне над нивните ставови кога ќе процени дека е потребно да се наметне со силата на аргументите и да ги промовира своите стојалишта за надворешната политика и интеграциите, за одбраната и за внатрешно-политичката стабилност...

Иако Македонија има скромно демократско искуство, многубројни се примерите кога за крупни прашања не се поклопувале линиите на претседателот и на политичката опција што го кандидирала за функцијата. Во такви ситуации се нашле и Глигоров, и Трајковски, и Црвенковски - во моменти кога нивната партија била владејачка.

Иванов подолго од две години е претседател на Македонија. И како што сега стојат работите, многу веројатно до крајот на мандатот да не се најде во позиција на кохабитација. За кусо време нему премиерно ќе му припадне честа да му го додели на Груевски мандатот за составување влада. Груевски, пак, премиерно по тој повод нема да мора да се ракува со Црвенковски.

Но, единствениот „излет“ на Иванов досега е отвореното писмо по смртта на Мартин Нешкоски, во кое претседателот оцени дека „активистите што се ангажираа на протестите или беа активни на социјалните мрежи покажаа одговорност и сериозност“ и дека ја поддржува иницијативата за отворање дебата за работата на службите на редот и мирот и нивната одговорност.

Како за почеток, и толку е доволно!


#
Статијата е прочитана 1446 пати.

Испрати коментар

Од: Gpd
Датум: 22.06.2011 03:39:34
TAPA
Од: Ljubotan Trade Name
Датум: 22.06.2011 03:56:52
Mnogu ubava,i prakticna analiza na fujnkcija za eden Makedonski Predsedatel.Makedonija nema Predsedatel tuku ima: Figure Head- Figula bez Vlast! Ima Nominalna Vlast bez Sila! Vo ovoj Slucaj se veli:,, Mazela se Moma Samo da ne e Doma" ,Ama nee samo toa !Ova, nekoj mora da go placa za ovaa Moma da go krstari Svetov!
Од: denesnina
Датум: 22.06.2011 08:18:22
So denesninata najdobro bi bilo da se sooci opozicijata i pecatot koj ja podrzuva. Strategijata postojano da se nadevate deka DUI, Ivanov ili stranskite ambasadori koi ne dosle na priem ke mu go svrtat grbot na Gruevski e prosto pateticna. A da golema nadez e i Georgievski koj sega gi vkrstuval patistata so Crvenkovski.
Од: Regan
Датум: 22.06.2011 11:35:15
Бидејќи новинаркава е многу паметна и знае што треба да прави еден претседател,на наредните избори треба да ја предложиме неа на таква функција за Македонија да не се секира за ништо.
Од: milko
Датум: 22.06.2011 19:04:52
gos.potsetetese , ne bese taka dolgo koga gospodinot boris trajkoski bese presedatel a vlada sdsm i ne mu dozvoluvase i go kocese vo sve, za razlika od nego premierot branko se setase kako muva bez glava kade sakase i se stavase vo funkcija nad se.Rabotata na presedatelot na mala drzava e promovirane ,bez obzir koj e vlada.

Најди! во Утрински
Насловна
Филип се исправи во Битола
Александар и Букефал се споија со Скопје
Печатено
Им се вкрстија патиштата на Бранко и на Љупчо
Славата, митот и крвта на ВМРО (20)
Охридскиот договор не е перфектен, но треба да се спроведе
Граѓаните со душа ги чекаат субвенциите за стан
Сопругот не смее да е љубоморен на моите филмски партнери
Евтина ешерихија
Тим на омбудсманот ќе штити од полициска тортура
Под старателство на татко и' до крајот на годинава
Македонската економија ќе порасне за три одсто
Нова надеж за болните од Алцхајмер
Сликарите, музиката и книгите
„Балканот не е мртов" на 8. Works in Progress во Карлови Вари
Африканската ренесанса и македонската преродба
Конститутивната седница на Собранието в сабота
Карикатура
Превентивни мерки за заштита од високите температури
Стил
Онлајн вести

"""