Бритни Спир
Под старателство на татко и' до крајот на годинава
Бритни Спирс сака да се оттргне од влијанието на татко и', а конците на својот живот да му ги предаде на својот иден сопруг!
Имено, Џејми Спирс, таткото на пејачката Бритни, во 2008 година ја презел контролата над нејзините работи, па така го спречи негативниот публицитет со кој се соочуваше пејачката да ја уништи својата музичка кариера. Таткото Џејми над својата нестабилна ќерка го презеде старателството, па благодарение на тоа, поп-принцезата се врати во музиката и моментално е во почетокот на новата турнеја „Фам фатал“.
Иако 29-годишната Бритни би сакала да биде поинаку, „владеењето“ на Џејми Спирс ќе продолжи до крајот на оваа година кога повторно ќе се разгледува дали на пејачката се' уште и' е потребен надзор или конечно ќе ги фати конците на својот живот.
„Бритни е повторно на турнеја, што таа навистина го сака. Затоа ова би било најлошо време за промени. Нестабилна е сама по себе, а што е уште полошо, повторно е на улица во непознато опкружување“ - кажал анонимен извор. „Надзорот над Бритни ќе заврши кога таа ќе биде подготвена за тоа. Оствари напредок. Зад неа е веќе втора турнеја. Ништо од тоа немаше да се случи ако не беше Џејми, јунак, кој поради својата ќерка, се откажа од сопствениот живот“- вели изворот.
Сепак, без оглед на придобивките што ги има од надзорот на својот татко, каприциозната Бритни би сакала нејзините работи да се вратат во кругот на семејството, што ги вклучува само нејзините синови Шон Престон, Џејден Џејмс и идниот сопруг Џејсон Травик. |