Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Болест

Нова надеж за болните од Алцхајмер

Научниците неочекувано открија антитела што ги блокираат штетните ефекти на токсичната супстанција наречена амилоид бета

Научниците што развиваат третмани за деструктивното заболување на мозокот Кројцфелд-Џејкоб Дизис (ЦЈД) неочекувано го блокираа почетокот на Алцхајмеровата болест, што е најпознатата причина за деменција.

Истражувачите посочија дека се воодушевени од неочекуваното откритие дека двете антитела, сеопфатно проучувани во врска со ЦЈД, можеби имаат влијание и врз Алцхајмеровата болест. Речиси 500.000 лица годишно во Велика Британија и 20 милиони низ целиот свет заболуваат од Алцхајмерова болест.

Откритието објавено во „Нејчер коминикејшн“ претставува „значителен чекор напред во битката за развој на лекарства за третирање на Алцха��меровата болест“, посочија тие. Ова откритие дојде од американската студија извршена од истражувачи на Универзитетот „Јеил“ во 2009 година, која покажа дека прион протеините што предизвикуваат ЦЈД, исто така, играат улога во Алцхајмеровата болест.

Откритието предизвика трка од страна на научниците да откријат дали антителата што се развиени како третман за ЦЈД би можеле, исто така, да дадат резултати и против Алцахјмеровата болест. Истражувањето спроведено врз глушец покажува дека антителата ги блокираат штетните ефекти на токсичната супстанција наречена амилоид бета, протеин што се акумулира и се приврзува за нервните клетки во мозокот.

Со тек на време преку нивната интеракција со прион протеините амилоид бета ги спречува нервните клетки да комуницираат, предизвикувајќи губење на меморијата, карактеристичен симптом за Алцхајмеровата болест. Професорот Џон Колинџ, директор на МРЦ прион, оддел при Јуниверзити колеџ Лондон, кој ја предводеше студијата објави во „Нејџер комуникејшнс“: „Има ургентна потреба за нови лекарства што ќе помогнат да се заштити функцијата на мозокот и да се спречи губење на меморијата, симптом што најмногу го карактеризира деструктивниот удар на Алцхајмеровата болест. Воодушевени сме што ова откритие покажа на опитите врз глушецот дека овие две антитела што ние ги развивавме за третман на ЦЈД би можеле да имаат и улога во лекување на повообичаени форми на деменција, како што е Алцхајмеровата болест. Ако овие лекарства се покажат безбедни за употреба при лекување на ЦЈД, ќе ја разгледаме можноста дали ќе се спроведат истражувања и за Алцхајмеровата болест“.

Професорот Доминик Волш, коавтор на студијата од Јуниверзити колеџ Даблин, вели: „Употребата на овие специфични антитела е особено возбудлива бидејќи тие веќе минаа обемни претклинички тестирања за употреба во третирањето на ЦЈД. Како резултат на тоа голема основна работа, завршена е и би можело да се забрза употребата на овие антитела кај луѓе. Следен чекор е дополнително потврдување во други форми на Алцхајмерова болест, и потоа безбедни опити врз луѓе“.

Двете антитела, ИЦСМ 18 и 35, за своја цел го имаат прион протеинот што се посочува како причина за ЦЈД. Клиничките опити на лекарства врз основа на овие антитела треба да почнат врз луѓе веќе следната година како третман за ЦЈД. Ако бидат успешни, опитите би можеле да бидат повторени и за пациенти со Алцхајмерова болест. (Индепендент)

Болест

Речиси 500.000 лица годишно во Велика Британија и 20 милиони низ целиот свет заболуваат од Алцхајмерова болест



#
Статијата е прочитана 1034 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Филип се исправи во Битола
Александар и Букефал се споија со Скопје
Печатено
Им се вкрстија патиштата на Бранко и на Љупчо
Славата, митот и крвта на ВМРО (20)
Охридскиот договор не е перфектен, но треба да се спроведе
Граѓаните со душа ги чекаат субвенциите за стан
Сопругот не смее да е љубоморен на моите филмски партнери
Евтина ешерихија
Тим на омбудсманот ќе штити од полициска тортура
Под старателство на татко и' до крајот на годинава
Соочување со денешнината
Македонската економија ќе порасне за три одсто
Сликарите, музиката и книгите
„Балканот не е мртов" на 8. Works in Progress во Карлови Вари
Африканската ренесанса и македонската преродба
Конститутивната седница на Собранието в сабота
Карикатура
Превентивни мерки за заштита од високите температури
Стил
Онлајн вести

"""