|
|
|
|
|
|
Мислења
Африканската ренесанса и македонската преродба
Нано Ружин
Годинава ќе биде запаметена по изградбата на најголемите споменици во светот, „Споменик на ренесансата“ во Сенегал и Александар Македонски, „Споменик на преродбата“
Дали монументализмот на лидерите прераснува во нова митологија на денешницата? Стара е вистината дека секој император, лидер, деспот, претседател, државник настојувал епохата на своето владеење да ја овековечи со грандиозни градби преку кои ќе го памети историјата. Од 2500 години пред Христос датира најстарата монументална скулптура на Стариот Египет „Сфингата од Гизех“, која ја изградил фараонот Кеопс. Атинскиот Акропол бил довршен во 5 век пр.н.е., римските цезари во првиот век го инаугурирале Колосеумот. Во 17 век Луј 14 го изг��адил дворецот „Версај“, додека во 19 век Наполеон ја довршил Триумфалната капија. Во 1886 година Французите им ја подариле Статуата на слободата на Американците, а во 1889 била изградена Ајфеловата кула. Во 20 век и Хитлер и Сталин, и Ким ил Сунг, Бокаса, Енвер Хоџа, Тито, Помпиду, Митеран... сметале дека со нивните монументални споменици ќе си резервираат место во историјата. Во посткомунистичка Македонија, освен многубројни верски храмови, цркви и џамии, една од најмонументалните градби е 66-метарскиот Милениумски крст на Водно, кој се врзува за името на Љубчо Георгиевски.
Оваа 2011 година ќе биде запаметена во Африка и на Балканот по изградбата на најголемите споменици во светот. Едниот е во Сенегал наречен „Споменикот на ренесансата“, а вториот е скопскиот на Александар Македонски, кој со оглед на еднопартизмот може да се нарече „Споменик на преродбата“.
Сенегалскиот споменик е дело на претседателот Абдулај Уаде, кој со оваа градба настојувал да го овековечи „ослободувањето и ренесансата на Африка“. Сместена врз вулканскиот рид на Уакама, близу Дакар, бронзената статуа е висока 53 метри, а заедно со постаментот достига 153 метри и е највисока во светот. „Ова дело заедно со Статуата на слободата во САД, Ајфеловата кула во Париз, претставува највисок симбол. Тоа е симбол на африканската ренесанса“, истакнува сенегалскиот претседател Уаде.
Меѓутоа, најголемата светска бронзана статуа има и своја опачина. Во епохата на економската криза кога во Африка поради последиците од гладта и недостаток на вода умираат просечно 60 милиони Африканнци, овој огромен споменик е непотребен луксуз. Тешко е да се зборува за ренесанса на Сенегал, држава, која според индексот на човековиот развој на ОН (ИХД), е рангирана на 166. место од вкупно 186 држави, со стапка на невработеност 42 процента и на неписменост од 48 отсто. Опозицијата и интелигенцијата на Сенегал сметаат дека се работело за „непотребен гаџет со лош вкус и тоа во момент кога сите го влечат ѓаволот за опашката“. Лидерот на опозицијата Тала Сила истакнува дека „изградбата на овој споменик е неморален чин. Ништо не е попонижувачки од овој споменик. Тој нема ниту уметничка оригиналност, ги навредува вредностите на нашиот народ, нашите религиозни чувства и ја агресира природата на пејзажот во кој е сместен. Потсеќа на неосталинистичките статуи од педесетите“.
„Од овој споменик ќе собираме милијарди долари профит од илјадниците туристи“, се надева претседателот Уаде, идејниот автор на споменикот и акционер со 35 проценти учество во финансиската конструкција, додека државата учествува со 65 отсто. Идејата за споменикот се впишува во монументалистичката политика на претседателот Уаде и неговата партиска програма - Ренесанса. Какво чудно совпаѓање со Предродбата? По инаугурацијата на „Портата на третиот милениум“ во 2001, Уаде го најавил почетокот на изградбата на големиот културен проект во 2003 година во кој има музеј на црните цивилизации, голем театар со 1.800 седишта, трговски центар... Нешто како сенегалска верзија на „Скопје 2014“. Церемонијата на отворањето била во април минатата година, во присуство на 13 од 53 поканети шефови на држави и влади. Останатите присутни биле донесени со автобуси и биле облечени во боите на партијата на Уаде.
Споменикот на Александар Македонски, кој поради чувствителноста, власта го нарече „Воин на коњ“, чини 10 милиони евра. Деновиве коњаникот се поставува. Висок е 13 метри, поставен на постамент од 15 метри и ќе достигне висина од речиси 30 метри. Идејниот носител, слично како и во Сенегал, е премиерот. За да се одбележи неговата симболика и грандиозност, владејачката партија деновиве истакна дека со него ќе се одбележела 20-годишнината од независноста. Се надеваме дека на датумот на нашата ренесанса ќе присуствуваат барем половина од државниците на Западен Балкан.
Јавното мислење во однос на оправданоста на скапата градба е поделено според партиската припадност. Едни се тешат со фактот дека и Помпиду со својот Културен центар „Бобур“ и Митеран со стаклените пирамиди во Лувр биле критикувани, но со текот на времето парижаните ги „свариле“. Сепак, ако бараме слабости во овој проект, тогаш тоа се политичката тежина и провокација кон соседот, отсуството на уметничка вредност, агресивната големина, која асоцира на Гуливер меѓу лилипутанците, сомнително високата цена и непрофитабилноста. Тука потфрли економистот Груевски, бидејќи статуата не носи профит како споменикот во Дакар, освен ако во приходот не ги пресметаме железните парички за среќа во фонтаната.
Сосема друго е прашањето што ќе ни е нам на Македонците еден таков споменик. Дали и во 21 век ќе го бараме нашиот идентитет и дали оваа натамошна антиквизација е еден вид инквизиција на словенството? Толку ли сме мал народ на кого му се потребни приказни и артефакти за големината на нашите хипотетични антички предци? Дел од Македонците мислат дека и не е толку лошо да те сметаат за потомок на најголемиот светски освојувач. Тоа е убаво чуство за секого, иако нашите сограѓани Албанци сметаат дека Александар бил од илирско потекло, бидејки мајка му била Илирка. Згора на тоа, кога ќе ги споредите билбордот на Али Ахмети од зградата на „Метропол“ и главата на воинот, ќе откриете големи сличности. Белки Ахмети не и' позирал на В.Стевановска! Споменикот на Александар претставува и голем меѓународен предизвик за билатералните односи со Грција и за ЕУ. Слично на споменикот на Уаде, чиј прст е насочен кон Европа, прстот на Александар е вперен кон Грција. Тоа е прст директно во окото на Грција, додава европратеникот Јелко Кацин. Ако сакате во ЕУ, ќе мора да го срушите.
Во целата оваа античка драма граѓаните, младите што демонстрираат, сиромашните, невработените, критички настроените новинари и интелектуалци се немоќни набљудувачи. А, народот ја поднесува оваа работа, бидејки, нели, „секогаш бил во право“, една од најдевалвираните фрази на демагозите. Народните желби се закон, освој го, индоктринирај го за да го владееш, истакнува Ив Рукат во „Демагозите од антиката до денес“. Народот сака да биде излажан и да живее во нереален свет.
Човечкиот табиет не може многу да ја поднесува реалноста, напишал големиот британски поет Т.С.Елиот. Масата ја поднесува уште помалку. Кога еднаш ќе се соберат и ќе се измешаат, масите губат дел од својата критичност. Од страв, но и од потреба да се приспособат, нивната свест попушта пред налетот на илузиите. Затоа иконографијата, митовите, градбите, симболите се една од најуспешните форми на масовна емотивна манипулација со граѓаните.
(Авторот е универзитетски професор) |
#
|
Статијата е прочитана 1622 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Gox Skopje |
Датум: 22.06.2011 02:46:09 |
|
Vidi,mozebi se potroseni malku poveke pari od normalnoto,mozebi ke predizvika reakcii kaj juzniot sosed,ama nie sekako ne ziveeme za niv,neli ? Ako trgneme hronoloski,od 1991,do 2011,vo edna od slednite kolumni,ako voopsto gi citas komentarite na obicnite gragani,probaj da napises sto na primer ste ostavile vie kako beleg na vaseto vreme i vladeenje,cisto da se zapoznaat lugeto koi sto ne se upateni !? Mozete ocite da si gi vadite megu sebe (DPMNE,SDSM,LDP,NSDP,LP i dr.),ama za nekoi raboti (stadionot,salata,novite bulevari,rekonstruiranite ulici,spomenicite,gradskite plazi,konecno uredenite pateki pokraj Vardar,zicarata,popravenite mostovi,,,) treba mudro da se zamolci da se dade na vaznost,zatoa sto ke ostane,barem za narednite godini... |
|
|
|
|
|
|
Од: emotivec - izmanipuliran |
Датум: 22.06.2011 07:55:09 |
|
"Затоа иконографијата, митовите, градбите, симболите се една од најуспешните форми на масовна емотивна манипулација со граѓаните". ---> Negiranjeto na se postockoto vo Makedonija ne znaci deka profesorot (iako ne zman sto nauka predava) e EMOTIVEN CISTUNEC. Emocii se i ljubovta i omrazata. Nemanje ni eden pozitiven zbor za narodot(so koj) i drzavata vo koja ze zivee tesko moze da se podvede pod LUBOV.
|
|
|
|
|
|
|
Од: jordan |
Датум: 22.06.2011 08:47:29 |
|
Sto covek si be ti!!!Od nisto ne si zadovolen!Se prasuvam samo koj ti dade da bides na takvi funkcii!!!E zalna Makedonijo zosto nemas prosperitet!!!!Ima luge koi ako ne se na vlast plukaat po se pa duri i po nesto Makedonsko!!!!Treba nekoj da ti kaze deka zavrsija izborite!Prijatno! |
|
|
|
|
|
|
Од: seirdzija |
Датум: 22.06.2011 09:02:19 |
|
Gox,ajde te molam zemi ti kredit,pa si napravi kuca,sredija,uredija,kupi i avtomobil na kredit,trosi si gi parite na razni zadovolstva,pa zemi si uste eden kredit,pa placaj go prviot,pa zemi uste eden i placaj go vtoriot.Na takov nacin Gox ne se vodi ni edno domacinstvo,a ne drzava,a tuka i nema golema razlika....kako bi zavrsil ti kako domacin,taka ke zavrsi i drzavata...so uste pogolema siromastija .... |
|
|
|
|
|
|
Од: кинез |
Датум: 22.06.2011 09:21:13 |
|
Godinava ke bide zapametena i po denot po izborite koga politickiot konvertit pobara negovata LDP da se vreti vo pregratkite na SDSM. G.ne, aj batatele pisuvnaje kolumni |
|
|
|
|
|
|
Од: Нано - африкански интелектуалец |
Датум: 22.06.2011 10:40:06 |
|
Жално е што и вакви македонски интелектуалци не ја рзбираат големината на споменикот на Александар. Да сме имале вакво нешто пред 70 години, одамна ќе бевме држава и денес ќе немаше пропбем да се зачлениме во Европа. |
|
|
|
|
|
|
Од: martin |
Датум: 22.06.2011 11:13:57 |
|
нано дефинитивно ти си безкичмењак и како не ти е срам 8 години ги помина во брисел бранејќи ги боите на оваа Влада а сега не ти чини зошто не ти понудиле функција амбасадор, ако ти понудат како ли ке ти изгледаат твоите т.н колумни... СРАМОТА |
|
|
|
|
|
|
Од: Rezzilov |
Датум: 22.06.2011 11:40:38 |
|
Кој ти дава пари да пишуваш вакви глупости?Ало,уредници! |
|
|
|
|
|
|
Од: Санто |
Датум: 22.06.2011 12:15:59 |
|
Премногу сте преокупирани со Африка, и се занесувате дека овде некој ке ги проголта Вашите ставови и мислења.Сепак не сме Африканци.Најпотребни сте тамо да држите предавања за НАТО вредности, интеграции и човекови права.Можеби некој ке се сети да Ве повика, во Африка, па да постигнете некој поголем успех со Вашите демагогии. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 22.06.2011 12:32:17 |
|
Vecno da ziveat antickite heroji na svetot.
Sepak se prasuvam, kolku im trebalo vreme i robovite,
a toa znaci ne gi plakale ni denar, a im davale dosta
kotek i kloci, da gi sazidat tie vecni Piramidi?
Da imalo glasanje protivu zidanje na Piramidi, nema da gi imame denes. I taka tockot na zivot se trkali a nie si plovime na moreto od sonovi i idei, do kraj na
zivot. Sto ni fali nego, edna kloca, da mrdneme po toj pat. Ziveli!
|
|
|
|
|
|
|
Од: Vlatko |
Датум: 22.06.2011 13:30:51 |
|
Koga Ajfel ja gradel kulata vo Pariz site burno reagirale deka ne pripagja na pejsazzot na Pariz i ne i mestoto. Koga miteran gi gradel staklenite piramini vo Luvr, site se bunele deka e kich. Denes i Ajfelovata kula i staklenite piramidi se edni od glavnite atrakcii na Pariz i site se gordeat. Za edno veleletno delo, samo vremeto kje pokazze dali bilo ili ne vistinski poteg. Ne sum za VMRO ama se sekjavam deka i za Samoilovi kuli i za Plaoshnik imashe ogromni kritiki ( demek Ohrid stanal Diznilend) ama denes site sme gorni na niv. Dajte mu shansa na spomenikot i na skopje 2014 |
|
|
|
|
|
|
Од: PredatorMk |
Датум: 22.06.2011 13:50:09 |
|
Seirdzija: Ако си помлад, тогаш твојот опис наполно соодветствува на времето на владеењето на Тито... затоа многумина се носталгични по него. Умре Тито и отиде се упм, поединци се офајдија, а највеќе оние од Водно и нивните, неспособни за ништо, потомци. Ако си повозрасен, тогаш си или потомок или голем демагог, а можеби и двете?! Инаку, на колумњаров невреди да се троши време, само да го потсетам Мартин дека владата на националниот травестит, Љубчо, го постави за амбасадор во НАТО.
|
|
|
|
|
|
|
Од: realist |
Датум: 22.06.2011 13:59:47 |
|
Kakvi se ne komentari ke procita covek .Poluoismeni plukaci i platenici so sila mesaat i babi i zabi i se razbira nemozat ni da go razberat pametno napisaniot tekst. Siguren sum - mnozinstvoto na normalni gragani ke go pozdravat odlicniot komentar na g.Ruzin |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonec |
Датум: 22.06.2011 14:16:07 |
|
Dpmne-ovci covekot saka da kaze samo deka Grujo e diktator, nisto poveke! |
|
|
|
|
|
|
Од: do site komentatori |
Датум: 22.06.2011 14:26:29 |
|
Uste iljada univerziteti da se otvorat, Makedoncite nema da steknat kultura. Pa kolku i da ne se slozuvate so nekogo zosto ze potrebni pogrdni zborovi i licni navredi. A do komentatorot so ime Predator bi imal edno prasanje. Dokolku go spomenuva faktot deka gospodinot Ruzin bil ambasador naznacen od vladata na Georgievski so cel da go "ocrni" togas neka se seti koj vo taa ista vlada bese eden od najznacajnite ministri. Koj bese covekot koj gi drzese klucevite od kasata i bez cie znaenje ne mozelo da se zemat ni denar drzavni pari ni od Georgievski, ni od Daravelski kako neposreden negov potcinet. |
|
|
|
|
|
|
Од: Edi |
Датум: 22.06.2011 18:04:56 |
|
Nano ja mislam deka ti si pogolema promasena investicija na vladata otkolku Skopje 2014.
Se sto se gradi ke ostane za vek i vekove, a tebe so te plakame nie obicnite gragani e toa boli i normalno Grujo e kriv so te drzi seuste... |
|
|
|
|
|
|
Од: licno poznat |
Датум: 22.06.2011 20:58:13 |
|
Posledniot pasos, spored mene e finaleto na celiot tekst. Taa poraka nesaka sekoja da ja razbere, a ima i takvi koi dobro ja razbiraat pa soodvetno na toa se komentarite. Alal da Vi e profesore, gi navlekovte tokmu takvite na komentar. Mozebi toa ne Vi bese celta. Ve pozdravuvam i pisuvajte redovno, ne se otkazuvajte. |
|
|
|
|
|
|
Од: Veselin |
Датум: 22.06.2011 22:21:26 |
|
Odamna eden moj prijatel imase diplomska rabota pred N.Ruzin.I mu smetase sto crkvite gi narekuvase makedonski.Vo komunizmot bese zabraneto izucuvanje na antickata makedonska istorija.Duri ako se pojavea nekoi dela kako na Marvo Orvin od 1602-Kralstvo na Slovenite,istiot den gi snemuvase od prodavnica.Samo zatoa sto se tvrdi deka Makedoncite i site starosedelci se Sloveni.Nastavnik po istorija bese vikan vo UDBA zosto Aleksandar go narekla -Makedonski.Sto sakala so toa?Bea zabraneti za izucuvanje i drevnite jazici,se so ista cel.I denes tie seuste se mnozinstvo i vo naukata i sekade.I ocekuvate deka ke se otkazat tala lesno od nivnata lazna istorija za naseto zatkarpatsko poteklo?Ta i ovoj NanoRuzin,cist komunjarski proizvod. |
|
|
|
|
|
|
Од: Миле - Охрид |
Датум: 22.06.2011 23:16:28 |
|
Оваа година ќе биде обележана по големиот пораз на што на изборите го доживеаја подржувачите на грчките шовинистички уцени. Слично како кај Херонеа. |
|
|
|
|
|
|
Од: ace |
Датум: 22.06.2011 23:56:10 |
|
Dali nano ruzin go imase istovo mislenje dodeka ziveese vo pari na drzavna smetka zaedno so zenamu i sin mu(onoj sto ja pretepa Shola)
Ako on ne smeta nas za afrikanci slobodno neka odi vo senegal da bide senegalski ambasador vo nato i da pisuva kolumni protiv drzavata od koja se hrani.
Negovite kompleksi na niska licnost proizlezeni od neodamnesnite izbori, nemoze da gi leci so plukanje i vregjanje na se sto e Makedonsko!
Neka ne zaborava deka ovoj proekt e izglasan na predvremenite izbori vo 2008 i potvrden pred dve nedeli od nad 450,000 narod!
Negovite stavovi od kolku glasa se potvrdeni? od 12,000?
Utrinski za gjabe go placate da vi pisuva. |
|
|
|
|
|
|
|
|