|
Поглед
Евтина ешерихија
Александрија Стевковска
Зеленчукот поевтини. Освен што е евтин и безбеден, или барем така не' уверија одговорните лица во државава за контрола на храната. Тоа значи дека сезонава барем слободно ќе јадеме свеж зеленчук, со оглед на тоа дека лани доматите и краставиците беа изгор скапи, па на пазарите не можеше да се приближиме, а не, пак, слободно да се купува и да се јаде. Консумирањето салата лани беше ретка можност, за разлика од годинава кога требаше да се случи бактеријата ешерихија коли за да цените на зеленчукот се оладат и да ни нудат можност евтино да го преживееме летово.
Во вакви случаи секогаш има и губитници и добитници и никој нема право да се лути. Лани добивка забележаа земјоделците и трговците, кои просто ги дереа потрошувачите со високите цени на зеленчукот. Тогаш ним им беше добро и глас не им се слушаше, а граѓаните лелекаа, притиснати од нискиот стандард и од високите цени. Сега е обратно. Производителите и трговците плачат и се жалат дека се на работ на пропаста, а граѓаните се задоволни што конечно можат да си дозволат да купуваат зеленчук во поголеми количини за разлика од минатата година кога се купуваше на грамови и на парче.
Значи, тркалото се врти, оној што годинава ќе ќари, в година ќе изгуби, но никогаш не треба да се заборави дека работите се менуваат и дека никој не треба да мисли ако една сезона е во плус, дека ќе биде и наредната. И сега одеднаш Владата реши да им помогне на производителите на домати и на краставици, додека лани не мрдна со прст за да им помогнат на граѓаните за да им го закрпи скинатиот стандард.
Како и да е, годинава потрошувачите се во добивка и треба да ја искористат можноста евтино и здраво да се хранат.
|
#
|
Статијата е прочитана 1354 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan Trade Name |
Датум: 22.06.2011 04:21:31 |
|
Ako,Piperot ,Patlizanot-Domatite,Krastavcite,Jabolkite,Bostanot,Grozjeto,i uste dve tri drugi se skapi.Ako ova vi e Skapo i nedostapni na Makedoncite.Togas, Otepaj se Makedonio!,A, sto ocekuvas,Makedonio?: Mercedes il Toyota da ti bidat evtini! A, Jas ednas mislev .da naseto ;Zname-Zastava-Bajrak gi ima obelezjata na: Niza Piperki,Domati,.Graf, Jabolka i Grozje!A Nie im go Turkame Aceta~ |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 22.06.2011 08:51:51 |
|
Da ne se bide sarkasticen,golema steta za zemjodel-
skite proizvoditeli-gradinari.Megutoa,mnogu od nas,
minimalno situiranite ne bevme gladni vo ovoj period
poradi ,,nenormalno,,niskite ceni na zelencukot.Iskre
na zelba-da nema bakterii i da si stokmime asalna
drzavicka.Mozeme li???????????. |
|
|
|
|
|
|
Од: Goce |
Датум: 22.06.2011 16:14:04 |
|
Е да де! Се‘ некој ни е крив затоа што не не бива да испланираме како што треба! те светската криза е крива, те Грците, те ЕУ, па с��га еве и ешерихијата ... |
|
|
|
|
|