Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Александар и Букефал се споија со Скопје

„Преубаво, немам зборови“, „морници ме лазат од возбуда“, „секој треба да е горд што е Македонец“, беа најчестите коментари на насобраните граѓани

Деспина Трајковска

По 45-минутно висење во воздух, грандиозниот споменик на Александар Македонски вчера беше поставен на недовршениот постамент со фонтана во срцето на Скопје. Со поглед свртен кон ГТЦ, мечот во насока на некогашна Народна банка, јавнат на Букефал, војсководецот на постаментот беше пречекан од десетина работници од италијанската леарница „Фердинандо Маринели“, задолжени за фиксирање на споменикот. Тие заедно со стотици љубопитни граѓани уште од изутрината исчекуваа да биде поставен коњаникот.

Точно во 10,30 дигалка на „Факом“ го крена триесеттонскиот споменик од земјата. Видено со голо око, од моментот на крев��ње, па до положувањето на грандиозното здание, постапката мина без никакви проблеми.

Граѓаните со аплаузи, некои снимајќи со мобилните телефони и фотоапарати, па дури и со солзи радосници во очите го следеа кревањето на споменикот. „Преубаво, немам зборови“, „морници ме лазат од возбуда“, „секој треба да е горд што е Македонец“, беа најчестите коментари на насобраните граѓани, претежно повозрасни, кои уште од рано изутрината фаќаа подобра позиција за следење на настанот. Во еден момент група граѓани и запеаја патриотски песни. Преполни беа и околните кафулиња.

Накусо на плоштадот се појави скопскиот градоначалник да го отпоздрави војсководецот во моментите кога тој се' уште висеше, но, како што рече, како обичен граѓанин. И тој возбудено го овековечи моментот снимајќи го споменикот со мобилниот телефон. „Преубав споменик што ќе остане како наследство на идните генерации“, накусо прокоментира Коце Трајановски и поради работните обврски замина пред да биде војсководецот положен на постаментот.

Затоа, пак, стотици љубопитни граѓани не испуштија ниту еден момент од целиот чин. Од првиот миг непосредно до споменикот беше неговата авторка, Валентина Стевановска заедно со надзорот од италијанската леарница. Во кругот на градилиштето тие од рано изутрината ги следеа последните подготовки на монтирањето на коњаникот откако вчера беше извршена мини генерална проба за негово подигање. Стевановска и Италијанците дури и ја имаа честа да го допрат и да се сликаат со споменикот качени во дигалката, која потоа безбедно го подигна и го положи зданието тешко 30 тони и високо 14,5 метри.

Споменикот, кој се чини допрва ќе предизвикува реакции, се лееше во изминатите две години во Италија, за што официјално се исплатени 4,5 милиони евра. Вкупната зделка, пак, фонтаната со постаментот висок 10 метри изработен од бетон во комбинација со мермерни релјефи чини речиси 4 милиони евра. Таа допрва треба да се заврши. Моментално постаментот се обложува со релјефите на кои ќе бидат прикажани сцени од борбите на војската што ја предводел Александар Македонски. Околу фонтаната, освен масивни скалила, ќе има осум бронзени лавови и воини, кои симболично ќе ја прикажуваат македонската фаланга. Неофицијално, зданието ќе биде комплетно готово и промовирано на 8 Септември, на дваесетгодишнината од независноста на Македонија.

Стевановска: Горда сум на споменикот!

„Среќна сум и горда што денеска ве има тука во толку голем број, што дојдовте да го видите споменикот на кој работев три години. Се надевам дека кога ќе биде комплетирано целото дело, со сите планирани придружни фигури, ќе се покаже вистинската слика и сите ќе бидат уште позадоволни“, изјави вчера возбудено Валентина Стевановска, авторка на споменикот, непосредно по неговото поставување.

Ова, всушност, беше прв пат по речиси три години таа да прозбори за своето дело. Сепак, успеа да се протне низ многубројните новинари и да ја остави јавноста без одговор на прашањата кога може да се очекува негово комплетно завршување, дали и за кога е планирана официјалната промоција на споменикот. Стевановска не ја удостои јавноста ниту со кус коментар за другото нејзино дело „Воин на коњ“, за Филип Втори, кој речиси истовремено со Александар Македонски се постави на плоштадот во скопска Автокоманда. Инаку, таа е автор и на Триумфалната порта. (Дс.Т.)

 


#
Статијата е прочитана 3905 пати.

Испрати коментар

Од: Bebi
Датум: 22.06.2011 00:05:05
На свеченото пуштање во употреба на споменикот, ќе пее Елтон Џон. А настанот ќе го спонзорира фондацијата Фреди Меркјури!
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 22.06.2011 00:08:32
Jas ne sum gord na ovoj spomenik, tuku se sramuvam pred svetskata javnost. Ovoj spomenik kje gi potvrdi samo ushte ednash nashite kompleksi na nizha vrednost. Skopje nikogash ne bil vo sklopot na Antichka Makedonija. Vo istoto vreme Skopje beshe glaven grad na Dardanija, ilirsko-trakijsko knezhevstvo.
Од: Hari
Датум: 22.06.2011 00:15:12
Kradenje na tugja istorija, falsifikat, nacionalizam, kic, a najpoveke od se e bezobrazno perenje na pari.
Од: Itar Pejo
Датум: 22.06.2011 00:19:28
Megu makedonskite pisateli ce se pojavi li nekoj Nusic da ja opise ovaa epoha? Da ostane barem nesto pozitivno.
Од: Трпе
Датум: 22.06.2011 00:24:32
И трње и корења ке јадеме ако треба на светот и студена војна ке му објавеме.Ако можел Аце зошто да не а и триумфална порта ке си имаме.Со секоја победа низ неа ке си поминуваме и ке си прославуваме.Само се плашам воинот на коњ да не премине во тројански коњ.Додека да откриеме кој ни го подметнал,касно ке биде.
Од: trpe od gradsko
Датум: 22.06.2011 00:33:34
Makedonski narode uzivajte vo spomenikot Aleksandar na Bukefal ovie nekolku denovi... a 9,4 milioni evra sto se dadoa kolku problemi na siromasni, nevraboteni lica ke se resija...Sega e interesno, no veceno nema da bide...Sega ke imate pogolemi danoci, a vie gledajte go spomenikot...ke bidete najadeni...za rabota ne mu e mislete... a za NATO i EU...ke ziveeme vo izloacija...veke so socijalni azilanati vo EU sme vo grupa so Somalija, i seriozno visi viznata liberalizacija so EU...Sram za Gruevski i VMRO-DPMNE...ne vratija nazad...i za ovie 5,5 godini od nivnoto vladeenje e kriv B.C. e glasavte i sega uzivajte vo spomenikot Aleksabdar na bukefal i na jadenje nema da mislite...
Од: Gox Skopje
Датум: 22.06.2011 02:26:57
Da bideme realni,ekstravagantno deluva.Denes imav prilika da pominam od tamu i nemase bukvalno nekoj sto ne zastana,sto ne prokomentira (definitivno pozitivno) za toa kako izgleda i kako doprva ke izgleda koga ke se zavrsi.Sekako deka tuka ke ima i kontrakomentari i razlicni svakanja i razmisluvanja,ama ako sme iskreni,ova trebase da se sluci,zatoa sto definitivno dava poseben smek na gradot,posebno na plostadot.Sekako deka ke privlece golem broj stranski turisti koi se zelni za vakvi nesekojdnevni zdanija.
Од: Nisto ne mu fali na spomenikot
Датум: 22.06.2011 04:18:12
Ако Босанците можеа да му подигнат споменик на Брус Ли, зошто не и ние на Александар Македонски? Шегата настрана, до кога Грција ќе ни уредува по дома? Од кого тоа крадена историја, од Грците ли? Прашањето би било дали е споменикот убав или не, дали му беше време или не,заради кризата. Но никако не дали на Грциве им се допаѓа. Што ним им се допаѓа во врска со нас? Ништо.
Од: dedo dimo
Датум: 22.06.2011 06:01:47
Nekolku luge shto stalno se javuvaat so vakvi komentari izgleda deka se bezumeni i neznaat koj se i shto se i vo koja zemja ziveat a da ne zboruvame za na koja planeta .Na zalost no od vakvi Luge makedonija Strada a i vo idnina ke stradaotiovie luge samo pelin sadat .Sram da vi e PREDAVNICI .Ako Makedonija ne vi se bendisuva Odetesi tamu kade shto se osekate deka e vasha zemja .
Од: SAA
Датум: 22.06.2011 06:09:36
Moeto skromno mislenje e deka so 9 milioni evra mozea da se otvorat fabriki kade sto ke se vrabotat ,nogumina nevraboteni lica, ili da se vlozat parite vo podobruvanjeto na uslovite za zivot za decata bezdomnici i za decata so specijalni potrebi ili......na mnogu drugi raboti! so zdravje da si go gledate Aleksandar!
Од: apologet
Датум: 22.06.2011 06:45:02
Vo eden den se izdignaa:Voin na Konj, Konjanik na Konj i Osnovacot na Herakleja.Inventivni naslovi - nema sto.Sto li sme zgresile pa glupoto da ni izgleda genijalno pametno.Sam se cudam , jasno mi e ama pak ne mi e jasno.
Од: Kole
Датум: 22.06.2011 08:30:33
А дали со овие споменици ќе ги излечиме комплексите и фрустрациите кои како народ ги поседуваме?
Од: Tina
Датум: 22.06.2011 08:34:44
Da tocno, dosta veke od Grcite da javno kradat Makedonskata istorija, koga tie nikogas ne se spomneti vo antikata se do 1820 god., od nekoi evropski rojalisti koi si gradele seksualno obdaniste vo taa Atina i okolina. Jas ne mozam da se nacudam na tie koi smatrat da Skopje nikogas ne bilo del na antickata Makedonija. Toa e vas arogantni pogledok na istorija, a ke pronajdete da vo prvite vreminja na Makedonski pleminja koi dojdoa vo anticko vreme, se nastanija kaj Kozuf planina. Oti do taa planina bese voda, a taa bese Biblijskata poplava. Se rasprostija na sekade, i se vikale, Iliria, po imeto na slnceto, Ilij, anticki Mak., zbor. I taka otisle na site strani pa i poleka dolu do segasnoto Egej. Skopje zemja bese okupirano pred da vodata otide do deka e sega. Omraza postoi zbog ne znanie na istorijata, pra., i posle povlekuvanje na voda. Se drugo e novo dojdeno, pa i Elenite. Grcite nemat mesto vo antikata. Aleksandar treti Makedonski e nas. Na site Makedonci . Amin.
Од: Јован
Датум: 22.06.2011 08:37:42
Споменикот е навистина убав, а кога ќе се комплетира ќе биде и уште поубав, но е голем луксуз да се даваат 10 милиони евра за еден споменик, а за други неопходни работи да се кратат средствата. Уште поголем и понепотребен луксуз, што преоѓа и во кич, е поставувањето на премногу споменици на толку мал простор, а меѓу нив уште толку модерни скулптури. Не знам кој ја смислил таа концепција, но очигледно бил одговорен некој кој нема смисла за естетика.
Од: toni
Датум: 22.06.2011 08:42:58
od ova "nasa"istorija ke si ja zacrnime nasata idnina!!!
Од: sonja
Датум: 22.06.2011 08:48:08
Трпе, дефинитивно е Воин на тројански коњ, а и Данајците ги знаеме... за жал, тие што сега не ги знаат, тешко ќе се освестат од шокот (кој не ми се верува дека брзо ќе помине). Што нема да преживееме....
Од: dime
Датум: 22.06.2011 08:59:07
podobro da se komentira za nekoja zavrsena rabota, bilo pozitivno ili negativno, otkolku za ne zavrsena rabota.na primer:kolku bi bilo ubavo sto ne se postavuvaat spomenici,kolku bi bilo dobro sto ne se gradat muzei vo vakov ili onakov stil,kolku bi bilo ubavo da ne se izgradea naselbite karpos 1,2,3 i 4,kolku bi bolo dobro da ne se izgradese nes. aerodrom i .......
Од: ivo
Датум: 22.06.2011 08:59:20
Najgolemoto bogatstvo sto go ima ( ili go nema ) Makedonija , se pismata sto Aleksandar Makedonski , the Great , gi prakal "u stari kraj" , dodeka bil na svoite pohodi do Indija! Vo poslednoto pismo , kako sto se raskazuva vo predanijata, na smrtnata postela , napisal: "Makedonci , Naprajte mi spomenik ! ...Pisarot , go zaprasal kakov ?... "No, Vojskovodecot bil iscrpen i vo bunilo izgovoril:" ....Kopita.....neka tropaat kopita..."! ......I navistina, ete, i pokraj toa sto bil Tret i pokraj toa sto bil ANTE CHRIST (pre Hrista i "nevernik" ) zelbata mu se ispolnila! ..."Navistina "tropaat kopitata"!
Од: jovan
Датум: 22.06.2011 08:59:46
Spomenikot kako spomenik e ubav i nemam nisto protiv, no groteskata e pregolema.
Од: Buntovnik
Датум: 22.06.2011 09:00:04
Do Itar Pejo, ne be batka Nusic. Nie Idioti imame ni fali samo onoj Dostoevski
Од: Vinci
Датум: 22.06.2011 09:09:20
Ne samo sto ke dojdat "stranski turisti" da se "voshituvaat" od ekstravagantniot "Voin na konj",duri toa ke bide i svoevidna "turisticka atrakcija"(demek strancite se potepaa da ja posetat Makedonija), koja na razrusenata i ruinirana makedonska ekonomija ke i donese ogromen devizen priliv (ete ni gi stranskite investicii!!!!???), pa analogno na toa Makedonceto ke pocne da zivee vo med i mleko.Narode, ne se budalete, gi zabole strancite za ova parce nerazviena i izolirana zemja, da gi prasate kade se naoga Makedonija, groto ke Vi odgovorat nakade vo Afrika,ramo do ramo so Abisinija,Somalija,Ruanda......Ocigledno malku ni e, koga tie istite koi se "voodusevuvaat" od grandioznite spomenici i barokni kiceraj zdanija, ke se osvestat po 2-3 dena, sooceni so bolnata realnost, teski ekonomski i socijalni problemi, so pomatena svest deka voinite,konjite,lavovite,magarinjata...... nema da im donesat podobro utre!!!
Од: Oskar
Датум: 22.06.2011 09:11:04
I Jas bi sakal da imam mercedes ama nemam pari ni za fiko. Do mercedes bi dosol samo so tugji pari. Dali podrzuvacite na ova nekontrolirano-nerazumno rasfrlanje na tugji pari za stotici i stotici spomenici vo vaka kratok vremenski period znaat sto se mozelo da se napravi vo interes na site graganite so vaka enormna suma na EVRA.
Од: Goca
Датум: 22.06.2011 09:12:41
Pofalba na ludosta(Erazmo Roterdamski)!!!Nemam zborovi..komu toa spomenikot na "Voinot na konj" (i site drugi spomenici od peralnicata na pari) mu nosi sreka?!Zalno,tragichno,paranoichno,paradoksalno... sto narod bese ova?!Siromastijata i nevrabotenosta se Scilii i Haridbi za goliot narod, a nekoi(dibri nafatirani) "mornici gi lazat i so solzi radosnici vo ochite go chekaat chidoto"..Bravo!Ludosta caruva vo zemja dembelija za debilite!!!No comment!!!
Од: nekojsi
Датум: 22.06.2011 09:31:14
samo za informacija 200.000.000,00 EUR / 2.000.000 luge e 100.00 evra... ili 10.000.000,00 evra / 2.000.000 luge e 5.00 evra...po tolku ke dobievme ako gi podelime site od proektot Skopje 2014... dosta so matematiki za stecjaci fabriki i nevraboteni i vraboteni...itd itd vaka bar nesto ke ostane....zname da dademe za kafe i pivo na kej 2 evra...a ovde se bunime...
Од: Od fakelaki
Датум: 22.06.2011 09:33:53
Bravo Grujo a stose raboti za 9 mile evra kegi plati veliu i bc sto gi zataile od porezo neka kosta kolku saka koj raboti i ima a za ne Makedoncite od sds nisto nee cudno oti kriminalo na bc go podrzuva..................
Од: sasho
Датум: 22.06.2011 09:36:09
Vo.amerika sum pasosot mi e istecen se javiv Vo konzulat da prasam dali moze da mi izdadat nov pasos i konzulot mi rece nemale masina mnogu skapa bila se ceka od skopje da pratat mobilna ekipa so skapata masina . A u meghuvreme se digat spomenici od po milioni evra. Aj sea ti sfati go toa
Од: Solomon
Датум: 22.06.2011 09:41:06
Genetski i arheoloski nie sme MAKEDONCI. Aleksandar si dojde od kade poteknuva Makedonija. Genetikata od nezavisni naucnici i arheolozi potvrduvaat deka nie sme direktni potomci na antickite Makedonci. Grcite se Elini a toa go tvrdat i nivnite istoricari filosofi. Citajte od Eshil. Demosten, Bakarna kniga, germanski naucnici. Genetikata i zemjata ne lazat. A vie Slavomakedonsci SRAM DA VIE. Zalno e sto i decata gi ucite na lazi i predavstva. Vo 2012 godina uste poveke ke se sramite. Trebase i kuceto na Aleksandar da bide pokraj spomenikot-PERITA. Filip i Aleksandar Veliki Makedonski se Makedonsci i nie sme Nakedonci. A Branko, Zaev, Sorosoidite, Gerovski, i drugite se SlavoElini. Citajte i kopajte da se uverite. Podrska za Nikola Gruevski za odbranata na narodot i drzavata so imeto Makedonija. Parite za spomenicite ke se vratat 2012 godina.
Од: Goran
Датум: 22.06.2011 10:03:07
Opa se javija komunjarskite plukaci... :) Super e spomenikot! A vie prodolzete da plukate... ke izumrete od zavist i maka.
Од: Maxi
Датум: 22.06.2011 10:25:56
Ova e sramota.
Од: bramoni
Датум: 22.06.2011 10:44:27
Шокиран сум од реакциите на луѓето за споменикот (барем тие што ги гледав на ТВ). Па ние сме биле за жалење, јаки патриоти нема збор! Со пеење патриотски песни земјата не стекнува углед. Барем да е врвно уметничко дело, па да се воодушеви човек, ама оваа клепаница од кич...простете но ми ги навредува и чувствата и умот. П.С.Ќе ги видам „патриотите“ кога од септември ќе почне да се применува новиот закон за здравствено осигурување, кога ќе треба да плаќаат месечна глоба...ако имаат вкупни приходи над 11.000 денари...А и невработените...( не знам одкаде ќе најдат да плаќаат 2.000 ден. месечно). Ама љубителите на копита и копја тоа не го знаат бидејќи ниту читаат, ниту слушаат... А зошто на пр. нема споменик за генералот Апостолски, во Битола на Пецо Гудовски, да не набројувам други фигури од нашата најнова историја. Филип и син му Аце, ама буквално не ми значат ништо!!!!!
Од: Rezzilov
Датум: 22.06.2011 11:22:15
Дежурните “коментатори“ Култивиран Балканец(?).Трпе.Хари.Трпе од Градско,Хари и слични не вреди да се читаат (одамна се прочитани) се жалосни индивидуи,полни со комплекси,за кои се’ што тие (или нивните) не го направиле не е добро и убедени се дека Македонецот не може да направи ништо ако за тоа не добие одобрение од оние за кои овие индивидуи мислат дека се попаметни.Жално.
Од: Сотир , Крушево
Датум: 22.06.2011 11:25:43
Се срамам и се гадам на коментарите кои го негираат нашиот македонски идентитет преку плукањето на подигнувањето на споменикот на Александар Македонски ( и на Филип македонски). Тврдам дека нивниот став оди во прилог на лажната и поклонета грчка историја,и го потхрануваат грчкиот национализам. За нив еве мој коментар : во италијанска енциклопедија од 1950 година ,која одамна ми ја донесоа мои италијански гости , за Македонија пишува : in antico abitata con popolo NON greco , нели се разбира ?? ако не , еве превод : во античко време населена -се мисли на територијата на Македонија, со народ НЕ грчки. Ами со кој ??? Одговорот дадете си го сами . За тие што сакаат да дебатираат нека се јават , ама не со ставови од Wikipedia , или од грчки или прогрчки . Поздрав , и вразуметесе , какви да сте , не и одмогнувајте на нашата Република Македонија . Ако победи вистината , побрзо ќе ги оствариме нашите цели . Единствената пречка е националистичка Грција. Поздрав до сите
Од: TRAJANKA
Датум: 22.06.2011 11:38:33
Do SASHO zosto gi kompliciras rabotite , pobaraj tamu kade si , so USA ke patuvas kade sakas nikoj nema da te sopira . Ti sekogas ke si bides Makedonec , dali tamu ili doma , ti si toj istijot Makedonec i na mesec da pojdes . Skopje sega e mnogu poubav grad so ova se sto se gradi .Dosta so kritiki Uzivajte u ubavinata na Skopje .
Од: PredatorMk
Датум: 22.06.2011 12:11:00
Изгубивте СДС(А)М-овци, упс “победивте“, сега ви останува само да гледате во спомениците и да “лаете“ по весниците за да ги задоволите вашите ниски страсти.
Од: k2
Датум: 22.06.2011 13:01:35
Gi citam komentarive i se cudam kolku prost narod ima vo Makedonija....luge koj uste sonuvaat za drugarot Tito (sto ne se bunevte koga gradea spomenici za bravarot).....Skopje se gradi (od 1963 ako ne bea stranskite drzavi nemase nisto da se obnovi) i sega se javuvaat bolni komunjarski umovi koj baraat fabriki (drzavata ne gradi fabriki ova ne e Severna Korea iako Branko lici na ona kuskuleto).....Jas da imam sila ke zabranam sve sto e komunjarsko i sve ke ispoapsam......Ednostavno ako Skopje ne vi se dopaga ajde odete po selata od kade dojdovte PAPANI EDNI SELSKI.... P.S. Citam sme imale kompleks na poniska vrednost ne be PAPANI jas znam koj sum sto sum i od kade sum a toa e Makedonec i nemam nikakov kompleks nitu mislam deka sum polos nitu podobar od svetot ....problemot e snobovite i covekojadcite ne znaat koj se i sto se pa imaat grcki zetovi i sl...
Од: Сотир Македонецот и Hari гркоманчето
Датум: 22.06.2011 13:06:36
Вакви како Hari што е грчко име за Сречко се неколкумина кои ги полнат медиумите не само против сега за Александар. И за другите македонски великани. Кирил и Методи Самоил Кралот Марко , Јане Гоце Мисирков па и за партизаните па и денес . Предавник и пета колона имало и има. Патриот се грижи и ја дознава македонската вистина.
Од: sara
Датум: 22.06.2011 13:19:33
Eeee, sto docekavme, idolopoklonstvo vo 21vi vek. Drzi go narodot so 8mo oddelenie, prost, neobrazuvan, neinformiran, pa teraj go kako dobitok kaj ke ti se svigja... Grcija ako bankrotira, prva na red e Makedonija posto tie se najgolemite investitori kaj nas. Neli, Nikos Grujos se sto imavme prodade na Grcka. Eeee narode makedonski, tesko so vakov prostotilak idnina za ovaa zemja.
Од: Gargamel za Sotir Kruševo i ostanatite "antički makedonci"
Датум: 22.06.2011 13:27:08
I bi Aleksandar po Filipa.I dojdoa rimjanite,pa vizantijcite,pa bi Pavle na bunarot,pa dojdoa slovenite,pa dojdoa turcite,pa .....Sotire dušo izgorena za antikvitacija,koj spori deka Ace i familijata mu,sem majka mu,ne e grk?Sporam deka denešnive žiteli na teritorijata Makedonija,bez razlika na severna,južna i taka natamu,se vnuci i pra na Aceta i Hunzite paljurski.Vo enciklopedijata pišuva,a i vo drugi,deka ne e GRK.Ne e!No ne sme ni nie ni grci ni antički makedonci,po mestoto.Genezata na ovoj makedonski narod e čista i jasna za istoriskite naučni umovi,bez razlika od kaj se.Perja tugi se tigji,ke padnat.Ke se brukame i sramime,ako imame i sram i perde.Ne sum jas i istomislenicite predavnik,vie sosila i bez sram "antičkite makedonci" ste sram i predavnici.Može utre ke posakate da ste vnuci na Pavleta od Paljurci,ili na Herkul,bez merka,bez usul.
Од: Vaska
Датум: 22.06.2011 13:36:05
‎‎Дпмнеовците немаат никаква врска со античките Македонци. Ниту па се мешавина од словени и антички Македонци затоа што територијата на денешна РМ во античко време е населена со Пеони кои често војувале со македонците и второ кога идат словените не затекнале ни Пеони ни Македонци туку претопено романизирано-влашко население. Тоа е историјата што се изучува во цел свет освен тука. Е па Дпмнеовци и на секој ќош да ставите ’’Војник на коњ’’ пак никој нема да ви верува затоа што јазикот ве издава чии потомци сте - јазикот на вашите вистински предци словените. PS Ако Дпмнеовците се потомци на античките Македонци тогаш чии потомци се Грците од Егејска Македонија? Имено според турските пописи Грците се најброен етнос во Солунскиот вилает (Егејска Македонија) и пред 1912. Од каде изникнале грци на просторот на античка Македонија
Од: maka
Датум: 22.06.2011 14:14:24
Od tolkua poznavaci na istorija-boli glava. Nie sme Makedonci, Aleksandar e Makedonski, kade gledate problem vie negatori na se makedonsko.???
Од: Jovan
Датум: 22.06.2011 14:14:42
Spomenikot na plostad (ne znam kako da go narecam bidejki uste nema ime) kolku sto go vidov na TV deluva impozantno, noo takov bi bil sekoj spomenik so tolkav gabarit. Inaku negovot znacenje za mene od istoriska gledna tocka e nikakvo bidejki jas sum Makedonec so slovensko a ne anticko poteklo. Samo bi gi zamolil moite anticki sogragjani da ni go vratat nam nasiot jazik, a tie da si go zemat jazikot na Aleksandar (grckiot).
Од: Realnost
Датум: 22.06.2011 14:15:05
Prost narod , silna , rasipnicka , neodgovorna drzava, bez segasnost , a kamoli idnina. Uzivajte vo dolgovite ,t.n.ekononomska blagosostojba, siromastijata,nevrabotenosta, standardot........itn.
Од: Petre
Датум: 22.06.2011 14:17:55
Kolku li zloba izleguva od ustite na slovenite i antickite makedonci. Togas zosto ne napravime vonreden popis i da se prebroime koj se sloveni a koj anticki makedonci? Koga ke ja znaeme vistinskata brojka , togas ke im ponudime na grcite privatlivo ime i za niv i za nas. Ke im kazime ..vo toj i toj grad imame tolku sloveni i tolku anticki, ama i ednite i drugite se makedonci. Epa nema da im kazime deka si gi vadime ocite edni so drugi, tuku tie neka vrzat dva so dva i neka rezoniraat koj go saka Aleksandar Makedonski a koj ne. E..te kletoto prokletsvo nase, i gavranite se podobri od nas.Za kraj bi gi prasal onie negativcite..., a sto mislevte vie deka parite za spomenikot vi pripagaat vam? Bezrbetnici bedni ste vie , a uste pogolem sram za makedonskata nacija.
Од: Ice
Датум: 22.06.2011 14:47:55
Sramota sto nekoi Makedonci go pravat Aleksandar Grk. Najgolemiot sram e "novinarot" Konstantin Testorides koj za Associated Press go narekuva Aleksandar heroj na Grcija.
Од: Rade
Датум: 22.06.2011 17:04:07
Pozdrav do zelnite za fabriki. Toa e tocno ke se izgradea nekolku fabriki no za so?!!!, So ke proizveduvaat tie fabriki?,plasman na proizvodstvo i.t.n... Bilo koja fabrika , mora da e produktivna.So industriskite zoni , Vladata toa go ima regulirano.Fabrika gradi onoj sto ima so da proizveduva. Sekoja podrska na Vladata i site proekti i daj boze da se raboti samo vaka. Da zivee Makedonija
Од: bale
Датум: 22.06.2011 17:06:01
Не ќе се радуваат ВМРО-вчињава за долго......... Гркот ќе ни кажеЧ ДЕМОНТАЖА НА Аце Големиот, ако сакате во Европа........... кога ќе го демонтираат ќе излеземе на Плоштад да прославиме........
Од: Skupi
Датум: 22.06.2011 17:10:16
ubavo, ama greota e što ja zaboravivme Venera Pudika, iskopana vo Skupi, restavrirana vo Zagreb, ama ne ja davat nazad, ne sme platile za revstavracija... a Venera vredi na crniot pazar sigurno 2-3 milioni evra..
Од: Ајван Доктор®
Датум: 22.06.2011 17:13:53
Се согласувам единствено со фактот дека вчера беше поставен споменик на Александар наречен „Воин на коњ“!Овој кичерај безуспешно претендира да стане уметничко дело!Во него нема ниту ронка уметност!Беден обид безуспешно да се копира минатото!Делува сосема дисхармонично,со дисперзирани оптички сили во сите правци,линиите се испрекинати и ниту една не кореспондира со некоја наредна!Делува како симфонија продуцирана од расштиман и комплетно нескладен оркестар!Всушност,се работи за бедно дело кое во себе не содржи апсолутно никакви вредности,освен големината,килограмите бронза и милионите залудно фрлени евра,пари од граѓаните!Единственото нешто што ја поттикнува квазипатриотската националсоцијалистичката еуфорија е сознанието дека тоа треба да е „нашиот“Александар на Бу-Кефалос!Проверете ги и преведете ги овие грчки имиња на македонски јазик,веднаш ќе го добиете одговорот! http://ajvandoktor.blogspot.com/2011/06/blog-post_22.html
Од: До Соломон
Датум: 22.06.2011 17:44:32
Дали си ти свесен на кој јазик зборуваш?Дали си свесен со чие писмо си го напишал својот коментар?Дали јазикот кој го зборуваш,а си го научил од своите предци,од својата мајка (затоа и се вика „мајчин јазик“) е јазик на античките македонци или јазик на Словените?Ако е јазик на античките македонци,како тоа милионите Словени од цела Европа говорат на ант.македонски јазик?Дали и тие се потомци на античките македонци?Ако пак ти зборуваш и пишуваш на словенски јазик и со словенско писмо,а си потомок на ант.македонци-КОГА од ант.македонец си постанал Словен,или КОГА СИ СЕ ПОСЛОВЕНЧИЛ па зборуваш на словенски јазик и пишуваш со словенско писмо?
Од: Мене
Датум: 22.06.2011 19:06:17
Неможам да се изначудам какво коментари, за што се расправате дали некој бил антички македонец или словен, па денес тоа не е битно, битно е да има соживот и да се оди напред кон подобра иднина, добри примери да се оставаат на нашите идни генерации.
Од: Djoko
Датум: 22.06.2011 22:41:41
На овој потег сите што ја познаваат класичнта историја се грозат од мака, а јас сум еден од нив. Да ли за ова се консултираше Поф, д-р Петар Илиевски шеф на катедрата за Класични науки на филозофскиот факултет во Скопје, кој е и најкомпетентен за историјата од овој период.
Од: od zad karpatite
Датум: 22.06.2011 23:26:17
Zboruvam kolku tolku grcki i koga zboruvam so klienti od grcija moram da zboruvam na nivniot jazik za da se razbereme.Koga pak zboruvam so klienti od bivsite yu prostori,ceska,slovacka,polska,rusija,bugarija si go zboruvam majciniot jazik i 50-60 posto se razbirame perfektno.......za primer posetete ja i probajte da ja citate www.pravda.ru i ke vidite. I posle nie sme bile antika samo sto cel svet e GLUP i namerno ne ni ja priznava antickata istorija. Stvarno ako poveketo ziteli na makedonija razmisluvaat kako denesnive vlastodrsci togas SVETLA IDNINA GO CEKA OVOJ NAROD......NA KRAJOT OD TUNELOT

Најди! во Утрински
Насловна
Филип се исправи во Битола
Печатено
Им се вкрстија патиштата на Бранко и на Љупчо
Славата, митот и крвта на ВМРО (20)
Охридскиот договор не е перфектен, но треба да се спроведе
Граѓаните со душа ги чекаат субвенциите за стан
Сопругот не смее да е љубоморен на моите филмски партнери
Евтина ешерихија
Тим на омбудсманот ќе штити од полициска тортура
Под старателство на татко и' до крајот на годинава
Соочување со денешнината
Македонската економија ќе порасне за три одсто
Нова надеж за болните од Алцхајмер
Сликарите, музиката и книгите
„Балканот не е мртов" на 8. Works in Progress во Карлови Вари
Африканската ренесанса и македонската преродба
Конститутивната седница на Собранието в сабота
Карикатура
Превентивни мерки за заштита од високите температури
Стил
Онлајн вести

"""