Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

5 минути интервју

Охридскиот договор не е перфектен, но треба да се спроведе

Џејмс Пердју

Повеќето точки од Рамковниот договор се имплементирани

Жаклина Ѓорѓевиќ

Џејмс Пердју, во јавноста познат како еден од олеснувачите за време на конфликтот во 2001 година, деновиве е повторно во Скопје. Со него разговаравме за тоа како е склучен договорот и што тој сега значи за граѓаните.

Г-не Пердју, можете ли да се навратите пред 10 години кога работевте на смирување на страстите од двете страни во времето кога земјава се соочи со конфликт?


„Смирување на страстите беше главен дел од нашата работа. Беше многу тензичен период. Страстите беа вжештени бидејќи земјата беше на раб на граѓанска војна. Албанската и македонската страна чувствуваа голема нервоза во врска со своите ставови и температурата во дебатата се зголемуваше. Јас и Франсоа Леотар дојдовме тука без претходни насоки за тоа што треба да направиме. Ние двајцата бевме испратени тука, јас од САД, а тој од ЕУ. Јас сметав дека ќе ни биде потребен некаков документ, а тој се согласи. Леотар сугерираше да ги разгледаме Бадинтеровите предлози бидејќи тоа беа предлози од експерт за право. Така почнавме со Бадинтер. Имавме одвоени разговори со Македонците и со Албанците за да видиме какви се нивните ставови и потоа дојдовме до еден драфт-документ. Тој драфт или нацрт-предлог составен од нашите разговори со партиите стана основа за преговорите“.

Дали првичниот документ се разликуваше од конечниот?

„Да, тој се разликуваше во многу нешта од оригиналниот бидејќи имаше нешта што ниту една од страните не ги прифаќаше, како што беа деловите што се однесуваа на властите во локалната самоуправа, процентите, сите нешта за кои луѓето зборуваат денес, тогаш беа теми на кои се преговараше“.

Какви беа процентите во оригиналниот документ?

„Не се сеќавам. Тоа беше почетна точка и се менуваше како што преговаравме“.

Како течеа преговорите со оглед на тензичните моменти во тоа време кога се случи, на пример, Карпалак, кој ги закочи преговорите? Колку беше тешко да се сретнете со претставниците на сите инволвирани страни, на пример, со Ахмети, кој во тоа време беше лидер на ОНА?

„Во тоа време не се среќавав со Ахмети. Нашата цел беше да преговараме со постојните лидери на политички партии. Ние не преговаравме директно со ОНА, тие не беа дел од разговорите. Тие не комуницираа директно со мене или со Леотар, туку, веројатно, своите ставови ги пренесуваа преку албанските претставници. Јас зборував со Џафери и со претставниците на ДПА. Преговорите траеја секој ден во текот на осум недели. Со Ахмети прв пат се сретнав со него лани во октомври 2010 година. Тоа ми беше првиот состанок со него, ручавме заедно и зборувавме за многу работи“.

Каква беше улогата на претседателот Борис Трајковски?

„Господинот Трајковски беше вистински херој. Мислам дека тој отсекогаш сакаше мир. Сакаше ова да се реши политички. Тој беше личност што го протурка Охридскиот рамковен договор на македонската страна. Сите учесници беа тешки за преговори во еден или друг момент. Секоја тема имаше спротивставувања. Јазикот мислам дека беше тешко и чувствително прашање за двете страни, но сето тоа се надмина“.

Како сега, по 10 години, гледате на Охридскиот рамковен договор? Дали успеа да ги постигна своите цели или има простор да се направи повеќе?

„Договорот ја придвижи земјата напред. Охридскиот рамковен договор не е перфектен договор и имплементацијата не е совршена, но мислам дека Македонците треба да бидат горди на него. Но, треба да се горди и Албанците бидејќи според статистиките што успеав да ги видам, тие тврдат дека нивната состојба во Македонија е подобрена со договорот“.

Но, има критики дека албанскиот јазик се' уште не се употребува во институциите на системот онака како што е предвидено со договорот за кој се бара и ревизија?

„Албанците треба да продолжат да работат на тоа. Тие се многу моќни во политичкиот систем. Треба да ја употребат политичката моќ што ја имаат за да го постигнат она што им е во интерес. Така функционира демократијата. Никој веќе не може да формира влада без Албанците да бидат дел од неа“.

 


#
Статијата е прочитана 934 пати.

Испрати коментар

Од: vistina
Датум: 22.06.2011 04:24:17
Gospodo emisari koj ne znaete chto pravite dajte ostaveteja makedonija dosta ni e od tie vachi ramkovni dogovori aku se tolku uspechni isprobajtegi vo vachite drzavi
Од: kole
Датум: 22.06.2011 06:02:03
Абе оно и црнците и шпанците во САД се моќни, и тие ако решат можат мамата да ви ја расплачат, среќа ваша се уште не решиле. Инаку, ако албанциве сметаат дека заради тоа што имаат моќ можат да прават како тие што ќе посакаат, некако грешка ми е тоа. Побарајте ја прикаската од библија за две жени кои се тужеле чие е бебето и како пресудил Соломон. Исто тоа е и нашево. Ако албанциве решат да ја растурат државата со не почитување на мнозинството, може и да ја растуриме. Проблем е, ќе успееме ли да го направиме тоа по мирен пат? Инаку, воопшто не ми се допаѓа некој да ме доживува како агресор, насилник и слично. Законите мора да важат за сите подеднакво. И, исто така ми пречи што не сум сигурен да ли смеам воопшто да се шетам по Чаир, Липково, Опае, Ваксинце и слично. Не гледам дека нашите сограѓани албанци имаат сличен проблем.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 22.06.2011 08:43:23
Tocno,mozebi Ohridskiot ramkoven dogovor kako dokument ne e perfekten,no stavi tocka na eden nepotreben i opasen voen konflikt vo Makedonija!.
Од: Od fakelaki
Датум: 22.06.2011 09:21:31
A zosto vie nemate vo USA Africki jazik i falsifikat na Africki ziteli kako vo Makedonija...........
Од: evropa
Датум: 22.06.2011 11:09:00
ako e toj dogovor dobar zoasto nikade vo svet ne postoi?zosto sekade na zapad se vrssi asimilacija...ovij dogovor ja federalizira mak ,mak se dvizei vi pravac na belgija kade e samo prasanje ne vreme koga ce se raspadne............
Од: tino
Датум: 22.06.2011 12:30:10
Kriminalot e isplatliv, so nego i drzava mozzesh da si kupish.Ako saka nekoj javete se kaj dotichiov godpodin CIA, se shto sakata ke vi ostvari pod uslov da mu prodavate droga,oruzzje i prostitucija.
Од: Gargamel
Датум: 22.06.2011 13:43:05
Ohridskiot sramen dogovor za makedonskiot narod,za veštački predizvikanata od zapad nesposobnost da se odbrani sopstvenata država,teritorija od kriminalno,teroristički fašizoidnite bandi koi se izživuvaa nad mavrovskite rabotnici,kidnapiranite makedonci,crkovnite i verski objekti i nasledstva na našiot narod,Karpalak i slićnite so omraza i necivilizirani akcii za teritorija,za osvojuvanje na golemo albanskata kauza e praviot lik na "borcite za prava i sloboda".Jas sum za soživot,ist kako mojot vo Švedska,od Ibraima vo Švajcarija,od Miljaim vo Slovenija.Ne sum za ovoj evropsko američki eksperiment za dobivanje na bazi i "teritorii" za odbrana od odamna mrtviot,no vo psihata na zapadot prisuten strav od SEATO paktot.
Од: Jove
Датум: 22.06.2011 15:29:53
Tebe na slikata ,ne ti e mesto vo Makedonija."dobroto" sto ni go napravi ,nikogas nema da ti go zaboravime.Pomisli na toa,i gubi se od Makedonija.
Од: Corba
Датум: 22.06.2011 17:36:13
Ovoj bese Red Neck-ot sto isturase corba po centrite za zgrizuvanje na begalci oti bilo pomija?
Од: Миле - Охрид
Датум: 23.06.2011 00:01:50
Присуството на Пердју во Македонија ми буди непријатни чувства. Неговото денешно „делење лекции“ го доживувам како уште едно цинично ситење за понижувањето кое го доживеа Македонија со потпишувањето на срамната капитулациа. Единствено се радувам што досега не им успеа намерата да ја распаднат државава со наметнатите решенија кои ги имплементираа под воена закана . Не се остварија нивните желби фалични елементи вградени во нашиот Устав (кои патем речено ги нема ниту во една функционална демократија) да го распаднат демократскиот систем , а со тоа и државава. Навистина, успјаа од Македонија да создадат држава со контролирана нестабилност, за да можат кога сакаат да ја уценуваат. Ама, Македонците се жилав и трпелив народ.. На нејзините непријатели ќе им треба уште доста труд да не докусурат.

Најди! во Утрински
Насловна
Филип се исправи во Битола
Александар и Букефал се споија со Скопје
Печатено
Им се вкрстија патиштата на Бранко и на Љупчо
Славата, митот и крвта на ВМРО (20)
Граѓаните со душа ги чекаат субвенциите за стан
Сопругот не смее да е љубоморен на моите филмски партнери
Евтина ешерихија
Тим на омбудсманот ќе штити од полициска тортура
Под старателство на татко и' до крајот на годинава
Соочување со денешнината
Македонската економија ќе порасне за три одсто
Нова надеж за болните од Алцхајмер
Сликарите, музиката и книгите
„Балканот не е мртов" на 8. Works in Progress во Карлови Вари
Африканската ренесанса и македонската преродба
Конститутивната седница на Собранието в сабота
Карикатура
Превентивни мерки за заштита од високите температури
Стил
Онлајн вести

"""