|
|
|
|
|
|
Им се вкрстија патиштата на Бранко и на Љупчо
Рамковниот договор - нитка што ги спојува Црвенковски и Георгиевски, а ги разделува Ахмети и Груевски
Светлана Унковска
Една деценија по потпишувањето на Охридскиот договор, повторно им се вкрстија патиштата на поранешните лути противници, Љупчо Георгиевски, тогашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и Бранко Црвенковски, тогашен и сегашен лидер на СДСМ. Деновиве Георгиевски и Црвенковски седеа заедно на трибината „Охридски рамковен договор - кон членството на Македонија во ЕУ и во НАТО“. Заедничка им е и констатацијата дека Рамковниот договор е процес витален за иднината на земјава. До нив беше и тогашниот водач на ОНА, Али Ахмети, кој за време на конфликтот беше од другата страна на „нишанот“. Сега е лидер на ДУИ.
Меѓутоа, на јубилејната прослава не дојде ниту еден од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, како партија што е потписник на мировниот договор. Не се појави ниту претставник на ДПА, иако во 2001 година Арбен Џафери го држеше едно од четирите пенкала, а во преговорите силно се залагаше за постигнување договор. Познато е дека на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не му се слуша многу кога се во прашање принципите и духот на Рамковниот договор. ДПА, пак, го прогласи тој документ за мртов и бара нов договор меѓу Македонците и Албанците.
И ако десетгодишнината од Охридскиот договор ги спои Црвенковски и Георгиевски, тоа не се случи со старо-новите коалициони партнери Ахмети и Груевски. Ахмети не дојде на прославата на 21. роденден на ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак, дали пред десет години кога се потпишуваше мировниот договор можеше воопшто да се замисли дека некогаш Георгиевски и Црвенковски заедно ќе застанат во одбрана на Рамковниот договор. Се' уште не е избледена сликата кога Георгиевски го напушти приемот на шефот на државата, Борис Трајковски, во претседателската вила на Водно, веднаш по потпишувањето на договорот од страна на четворицата лидери. Денес Георгиевски вели дека Македонија многу вложи со Рамковниот договор и и' порачува на новата влада дека, ако пред десет години тој договор бил пресуден за опстанокот на земјава, сега тоа е влезот во ЕУ и во НАТО.
„Оној што сака да ја формира новата влада и кој сака да ја води македонската политика во идните четири години ако не е свесен што значи да остане надвор од евроатлантските интеграции, мислам дека не му е место во политиката“, порача Георгиевски. Тој и пред изборите говореше дека идната влада, која и да е, ќе мора да го реши спорот со името и на тој начин брзо да ја внесе Македонија во ЕУ и во НАТО. Ова што сега го слушаме како став на почесниот претседател на ВМРО-НП, Георгиевски, е многу блиску до поранешниот далечен ривал, Црвенковски, кој, исто така, вели дека гаранцијата за целосна имплементација на Рамковниот договор е членство во ЕУ и во НАТО. „Што сме поблиску до Брисел, мислам на НАТО и на ЕУ, тоа сме повеќе интегрирани, тука во земјава“, рече Црвенковски на прославата.
Приближените ставови на некогаш најоддалечените личности, беа препознаени во текот на оваа предизборна кампања, кога Георгиевски потенцираа дека за ВМРО-НП, СДСМ е многу поблизок од матичната ВМРО-ДПМНЕ. Но, таквата изјава на Георгиевски пред избори се покажа како проблематична и како „камен по своја глава“. |
#
|
Статијата е прочитана 5243 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 22.06.2011 06:07:04 |
|
Sekoj ima pravo so sekoj da sedi .Ali na zalost nivna ,politichki se na kraj pa morat da se teshat. |
|
|
|
|
|
|
Од: не е само рамков��иот |
Датум: 22.06.2011 08:01:13 |
|
Погодете што е тоа што го спои Љубчо со Бранко |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 22.06.2011 08:41:12 |
|
Ovaa drzava i narod imaat kakva,takva perspektiva ako
liderite na politickite partii(bivsi,segasni)se spojat vo
svoeto dejstvuvawe samo vo pravec na interesite na
drzavata i graganite.Razdvoeni,suetni,narcisoidni i
egoisticni ne ,,vodat,,vo lavirint-tunel bez izlez!. |
|
|
|
|
|
|
Од: Илија |
Датум: 22.06.2011 08:56:17 |
|
И Бранко и Љубчо имаат големи гревови за транзицискиот период на РМ, но мислам дека Никола Груевски, сакајќи да се разликува и од двајцата, се покажа како човек без никаква ориентација, без никаква стратегија, без никаква визија. Тој не носи никаков развој на РМ, туку пополека ја уништува, пополека го умртвува креативниот потенцијал со своето апсолутистичко владеење. Кога ќе се измерат позитивните и негативните страни на Љубчо, Бранко и Никола, мислам дека Никола е најслабиот државник од нив тројцата. Но, за жал народот е хипнотизиран со медиумската пропаганда и со разните подароци на просветните работници, административците, вработувцањата во јавните претпријатија и најразличните други ,,купувања“ на гласовите. И после ќе речеме, само Ромите се продаваат за пари за да гласаат за некого!!?? Сите што добија нешто од Никола за да гласаат за него, ,,низ нос ќе им излезе“, а во државата нема ништо добро да се случи, туку само хаос и додатно задолжување за глупости. |
|
|
|
|
|
|
Од: STAVRE |
Датум: 22.06.2011 10:48:18 |
|
Bravo Ilija,
smireno bez palenje emocii i nepotrebni nervozi i navredi dade ocena. Za nekogo nerealna za mene mnogu realna, zatoa sto realnosta proizleguva od smirenosta vo izjavata.
Uste eden pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: krisbt |
Датум: 22.06.2011 11:43:06 |
|
i crvenkovski i georgievski mozebi imaat greski, sekoj covek ima greski, Megutoa tie se veke zreli politicari i ja imaat iskuseno i dobrata i losata strana i na vlast i vo opozicija. kako i da e sepak govorat za vistinskata vrednost po koja mora da se dvizime NATO i EU. Steta so ne dobija vlast pa interesen balans ke bese nivnata koalicija dokolku se napravese. Barem ke imavme mozi integracija vo EU. Narodot e vo pravo duri i koga gresi, rece Crvenkovski, pa taka i pola narod odbra da odi po patot ama nazad, ne napred, vo rikvers :) |
|
|
|
|
|
|
Од: do Ilija i Stavre |
Датум: 22.06.2011 15:44:40 |
|
Vrska nemate so zhivot a ne so politika!Po vas,N.G. 6(so bukvi shest!) pati pobeduva deka imal jaka propaganda!Slednite izbori koga kje gi izgubite, sigurno kje kazhete deka N.G. mu go ispral mozokot na narodot, so toa shto mu go podobril standardot!? |
|
|
|
|
|
|
Од: До КРИСБТ |
Датум: 22.06.2011 16:24:22 |
|
Не e точно дека пола народ одбра да оди во рикверц.Одбраа 400000 и кусур гласачи,а со себе ги повлекоа и останатите кои се многу повеќе од пола народ.
Сега сме сите во исти г....еници. Наздравје. |
|
|
|
|
|
|
Од: tripun |
Датум: 22.06.2011 17:02:29 |
|
ilija(ti stavile pogresno ime)i stavre ili(stavros)sigurno ste zadovolni jugo penzioneri i sega sakate samo da si tropkate.Ekonomskoto mrtvilo go sozdede B.C so lopovska privatizacija,so golema nevrabotenost(koja e denes se reflektira).Nacionalnósta ja izgubivme so bugaristeto skapano LJ.G,koj se setase so transparenti niz MK.dobi vlast ne znaese sto da pravi pa napravi koalicija so dzaferi i go predade MK narod i povtorno B.C so prambulata,so BJRM,so znameto.Ovie dvajca tolku ja imaat zaostanato MK sto ni tri N.G nemozat za tolku kratko vreme da ja vtratat nazat,a site vie sto sakate kazete toj do sega napravi najveke za MK |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubco porpadnat politicar |
Датум: 22.06.2011 18:35:23 |
|
Ljubco e tragicna i propadnata politicka licnost. Negovite soveti se bezvredni i nikoj ne go esapi. Covek kohj so premierskata funkcija se zbogati pod somnitelni okolnosti i zema bugarsko drzavjanstvo nema nikakvo moralno pravo da i soli na Makedonija sto e dobro a sto loso za nea. Neka si sedi vo senkite na San danskite parkovi i da se priseca deka nekogas bil premier, a sega propadnat politicar. Cao Lubco!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: petko od bucin |
Датум: 22.06.2011 21:32:12 |
|
Vo 2002 godina na proslavata za Ilinden vo Krusevo jas od srce aplaudiraav i skandirav za Ljubco Georgieski...Se sramam sto go pravev toa a i VMRO-DPMNE se srami od nego...Apeliram do cenetiot vesnik Utrinski nemojte so vakvi prodadeni dusi koi imaat rezervni tatkovini,zavrseno e so niv... |
|
|
|
|
|
|
|
|