Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Реакција на МПМ

Отказите не се заради легален штрајк

Менаџментот на МПМ дозна преку медиумите дека во комуникација меѓу ССНМ и здружението на германските новинари Верди се расправа за состојби кои спаѓаат исклучиво во надлежност на нашата компанија и нејзините легитимно избрани органи на управување, а притоа без било каква консултација со нив.

Не е точно дека отказните решенија врачени на пет вработени во "Утрински весник" се направени заради учество на легално организиран штрајк. Изјавите што ги дадоа претставникот на Синдикатот на вработените во "Утрински весник" и претставникот на ССНМ во рамките на официјалниот состанок со менаџментот на МПМ потврдуваат дека не се работи за легално организиран штрајк, а уште помалку дека тој прекин на работа бил организиран од за тоа надлежните инстанци. Овој момент е дотолку повеќе важен, што на тој чин на самоволие не му претходеле било какви мерки превземени од страна на менаџментот за да предизвикаат таква неодмерена реакција. Во конкретниот случај се работи за тешка повреда на работната дисциплина и сериозно нарушување на процесот на работење во редакцијата, што беше санкционирано согласно правилниците на компанијата. Притоа менаџментот утврди дека ниту главниот и одговорен уредник ниту претставникот на Синдикатот на вработени на „Утрински весник“ не иницирале или повикале на било каков прекин на работење или штрајкување во редакцијата.

Не ни е познато на кои извори се повикува германското здружение Верди, но укажуваме дека Менаџментот на МПМ, како и претставниците на Ост Холдинг, почнувајќи од месец март 2011 имаат одржано неколку состаноци со претставникот на ССНМ, на кои беа пренесени планираните економско-финансиски мерки за рехабилитација на редакциите, вклучувајќи го и "Утрински весник". Впрочем на 7 јуни претставникот на Ост Холдинг, сопственик на друштвото КРУГ и Менаџментот на МПМ одржаа состанок со сите вработени на "Утрински весник", на кој учествуваше и претставникот на синдикатот на вработени на "Утрински весник", при што на вработените им беше соопштено дека пакетот на мерки вклучува и персонални зафаќања и решенија, со цел да се спаси брендот од затворање, поради исклучително лошата финансиска ситуација, која трае подолго време.

Менаџментот цени дека процесот се води транспарентно и согласно сите стандарди на ВАЦ медиумската групација и важечката домицилна легислатива. Квалификации од типот на недостаток на цивилизираност одлучно отфрламе како неумесни, некултурни и арогантни оценки, кои не почиваат врз никакви факти, туку се паушално изнесени и со самото тоа навредливи.


#
Статијата е прочитана 1229 пати.

Испрати коментар

Од: Asan od Krivolaka
Датум: 06.07.2011 07:20:17
Lazes Kerime kako ... Ama kade i da e ke pukne tikvata. Nema da ti pomogne ni siseto polno so 800 iljadi Evra.
Од: Точно!
Датум: 06.07.2011 14:47:54
Отказите се по��ади едно пластично шише

Најди! во Утрински
Насловна
Во вените на Шакира тече македонска крв
Стамболиски
Како се живее во поранешните југословенски републики
И Холандија одговорна за Сребреница
Разделба на 4 Јули
Ја остваривме желбата на Мони
Како поразените станаа главна вест
Осум баби живеат со клетвата на Бабино
И невработените бараат бесплатен градски превоз
Принцезата посакува да стане мајка
Старите министри на владина седница
Слалом низ Охрид
Британката заштитно лице на „Булгари“
И Гари Купер на „Полски плакат“
Најде замена за Скарлет Јохансон
Пандев, дефинитивно, останува во Интер
Коктелски кокетирања
Отворањето со „Трилогија Романа“
Не сакам да шетам наоколу преправен
Македонскиот државјанин загина во Србија
Сега писателка ќе го суди Строс-Кан
Собранието останува со тројца потпретседатели
Карикатура
Поскапува ноќното возење во ЈСП
Ешерихија коли во Европа пристигна од египетските семиња
Продолжен притворот на Љубе Бошкоски
Онлајн вести

"""