Египетските семиња се изворот на Ешерихија коли
06.07.2011, 14:11
Изворот на зараза со Ешерихија коли во Европа пристигна од Египет со семињата за зрнестите растенија кон крајот на 2009 година, потврди европскиот комесар за здравство Џон Дали.
Европската комисија вчера соопшти дека привремено го забранува увозот на одредени видови семиња од Египет. ЕУ ги предупреди државите-членки сите видови на семиња увезени од Египет во периодот од 2009 до 2011 година да бидат повлечени од пазарот и уништени.
Агенцијата за безбедност на храната на ЕУ претходно објави дека семињата на растението пискавица, познато уште и како грчка детелина (trigonella foenum graecum), увезени од Египет, се најверојатната причина за ширењето на бактеријата ешерихија коли од типот О104:Х4 во Германија и во Франција.
Пискавицата се користи како лековито растение и е едно од состојките на карито, а семето заразено со Ешерихија коли може да се одржи со години.
Според податоците на ЕК од смртоносниот вид на бактеријата Ешерихија коли починале 48 луѓе во Германија и еден во Шведска.
|