Кејт Мидлтон
Принцезата посакува да стане мајка
Судејќи според се', желбите на британското кралско семејство и на милиони Британци наскоро ќе бидат исполнети: принцезата Кејт Мидлтон изјавила дека сака да стане мајка. Младиот кралски пар, принцот Вилијам и принцезата Кејт, моментално се наоѓа во посета на Канада. Единаесетте дена, колку што трае нивната посета на земјите од северноамериканскиот континент, ќе се паметат по хистеријата на фановите на британското кралско семејство, но и по изјавата на принцезата Кејт дека посакува колку што е можно побрзо да се реализира во најважната животна улога - да стане мајка и на својот сопруг, принцот Вилијам, да му подари наследник или наследничка.
Во неделата вечерта, парот присуствувал на гала-вечера во Градската куќа во Квебек, каде што биле дочекани на голема церемонија, а на војвотката Кејт и' бил врачен прекрасен букет со цвеќе. Изворите наведуваат дека во таа прилика трогнатата Кејт изјавила дека колку што е можно побргу сака да заснова семејство. |