Сообраќајка
Македонски државјанин загина во Србија
06.07.2011, 15:04
Македонскиот државјанин Феим С. (43) загина во сообраќајна несреќа што утрово околу 4 часот се случи кај местото Српска куќа во Општина Бујановац на магистралниот пат Ниш-Скопје, соопшти тамошната полиција.
Според српските медиуми, до несреќата дошло кога Драган С. (51) од Белград, управувајќи товарно возило „фолксваген" поради неприлагодена брзина удрил во необележаната „шкода октавија" со чешка регистрација, паркирана крај патот. „Фолксвагенот" удрил во Феим С., кој стоел покрај „шкодата" без флуросцентен елек, по што нашинецот загинал на самото место.
По увидот на надлежните, белграѓанецот бил уапсен поради сомневање дека извршил кривично дело против безбедноста во сообраќајот, а истражен судија му одредил притвор од еден месец. (Г.А.)
|