|
|
|
|
|
|
Како се живее во поранешните југословенски републики
Србија со просечна плата од 345 евра е претпоследна, а на крајот е Македонија со месечна заработувачка од 333 евра
Со просечна плата од 345 евра, вработените во Србија се наоѓаат под сите поранешни сонародници од СФРЈ, освен Македонците. Стапката на невработеност во Србија е многу висока бидејќи изнесува дури 22,2 отсто, полоши сме од Хрватска, Словенија и Црна Гора. С��бија најмногу загуби на квалитетот на животот на граѓаните во претходните 20 години од распадот на СФРЈ во однос на другите поранешни југословенски републики, покажува истражувањето што го спроведе „Прес“ во соработка со неколку водечки медиуми во регионот.
Граѓаните на Србија со просечна плата од 345 евра се наоѓаат под сите свои поранешни сонародници од СФРЈ, освен Македонците, кои се полоши од нас за 12 евра. Апсолутен шампион е Словенија, која во категоријата просечни месечни примања е пред нас за дури 630 евра! Истражувањето покажува дека според платите, предничи Словенија со 975 евра.
На второ место е Хрватска со 742 евра, на трето Црна Гора со просечна плата од 479 евра, потоа следуваат Босна и Херцеговина со 406 евра, па Србија со 345 евра, додека на крајот е Македонија во која граѓаните месечно заработуваат точно 333 евра. Лош показател е и тоа што за просечната потрошувачка кошничка од 557 евра во Србија, неопходна е дури една и пол плата. Во Хрватска потрошувачката кошничка изнесува 908 евра, во Црна Гора 770, а во Македонија 200 евра. Словенечката статистика не пресметува иста потрошувачка кошничка како и ние, а во БиХ таа повеќе и не се пресметува.
Кога ќе се споредат економските податоци на земјите од поранешна СФРЈ, се забележува дека стапката на невработеност во Србија е многу висока бидејќи изнесува дури 22,2 отсто, па според бројот на невработени, полоши сме од Хрватска, Словенија и Црна Гора. Поголема мака од нас ја мачи БиХ со 27,2 отсто од граѓаните, кои не работат, и Македонија со 31,2 отсто невработени.
Од сите поранешни републики бензинот е најскап во Србија, но и излегувањето во ресторан е ставка за која се издвојува исто пари како и кај соседите. Ручек во ресторан од среден квалитет во Белград чини околу 10 евра, слично како и во Македонија, додека во Загреб или во Љубљана таа сметка е помала за околу шест евра. Во БиХ можете да ручате за 10 до 12 евра по лице, а во Црна Гора за 12. Изнајмување на стан од 50 квадрати во поширокиот центар на Белград чини околу 250 евра, идентично како и во Сараево и во Скопје.
Најмногу пари за изнајмување даваат Словенците, дури 500 евра, потоа граѓаните на Црна Гора 350, а на Хрватска 300 евра. Интересно е што после Словенија во која за градинка се издвојуваат дури 250 евра месечно, следи Србија каде државните градинки чинат 85 евра, што е поскапо отколку во останатите републики.
Економистот од Виенскиот институт, Владимир Глигоров, смета дека ова истражување јасно покажува оти Србија забележително заостанува зад Хрватска и Словенија, и дека помалку или повеќе е изедначена со Црна Гора, БиХ и Македонија, земји од кои економски во минатото беше многу подобра.
„Во последниве 20 години Србија помина далеку најлошо во однос на сите останати републики од поранешна Југославија. Тоа сега се гледа и по состојбата на пазарот на труд, бројот на невработени е неверојатно голем. Србија за својата ситуација може да ја обвинува погрешната економска политика. Пред се', политиката на курсот, погрешна фискална политика, но и потпирањето на странски кредити особено во периодот на владата на Воислав Коштуница. Тука всушност е натрупан и тој голем надворешен долг што го има. Но, ако сакаме на вистината да и' погледнеме в очи мораме да кажеме дека главната деструкција на се' во Србија се случи во 90-тите години, со пропаѓањето на индустријата. Така да, го плаќаме данокот на тие години“, тврди Глигоров.
Економистот Мирољуб Лабус вели дека по распадот, Србија го загуби пазарот и долга низа години не инвестираше во развој. „Имавме вишок на вработени, кои наместо да ги вработевме низ развој на индустријата ние ги отпуштавме. Делумно ги развивавме и вложувавме во недвижнини, трговија, банкарски систем и услуги. Се' она што не е производство. И сега имаме проблем бидејќи немаме стока за извоз. Тоа е нашата независна ситуација. Решение се сериозни реформи во државната администрација и регулативи, финансирање на стопанскиот развој и контрола на цените. Така би можеле да се натпреваруваме со другите“, истакна Лабус.
Во истражувањето учествуваа водечките медиуми во регионот: „Прес“ (Србија), „Јутарни лист“ (Хрватска), „Дневни аваз“ (БиХ), „Дан“ (Црна Гора), „Утрински весник“ (Македонија), „Финанце“ (Словенија).
Каде е Македонија
Според просечната плата од 333 евра, Македонија се наоѓа на последното место ако на листата се рангираат земјите од поранешните ЈУ-републики, имаме и најмала потрошувачка к��шничка, која според Статистика изнесува 200 евра. Но, уште поголем проблем е што имаме најголема стапка на невработеност од 31,2 отсто, заклучно со првиот квартал од годинава. Не отстапуваме многу со цените за најмување стан, на пример, од 50 квадратни метри во центарот на Скопје цените се движат од 200 до 250 евра, слични се цените за најмување стан и во Белград и во Сараево, а поевтини сме од Словенците и од Хрватите.
Кај нас, во споредба со земјите од регионот, малку поевтини се и бензините, јавниот превоз и ручек во ресторан. (Ек.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 4373 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: rabotnik |
Датум: 06.07.2011 02:30:25 |
|
Kamo sreka da imavme 333 evra. Golem del od naselenieto vo Makedonija imaat dvojno i trojna pomala plata od prikazanata, koja e naduvana od golemite plati na ogromiot broj administrativci. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 06.07.2011 07:28:12 |
|
Во текстот не е спомнато,нашиот владин завод за статистика кои методи за пресметка на потрошувачката кошничка ги користи.А ние сме многу мудар и штедлив народ ,па затоа многу среќно и убаво за разлика од другите си преживуваме. |
|
|
|
|
|
|
Од: prasanje |
Датум: 06.07.2011 07:46:29 |
|
...a ima li lista za broj na kafulinja i nivna posetenost?Tamu ne ke sme posledni...... |
|
|
|
|
|
|
Од: jane.s |
Датум: 06.07.2011 08:01:51 |
|
koj zema vo R.M 333 evra plata?admin istracijata sto nisto ne raboti ili nekoja izmislena funkcija.poveke od 130 evra nikoj ne zema realno gledano,ne pravime muabet za kvazi bogatasite i 6% koi rabotat na odredeni rab.mesta privilegirani samo za niv ( vo Skopje)normalno se drugo e luk i voda.ps:za politicari te ne treba da se pravi muabet,za niv se znae |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 06.07.2011 09:08:09 |
|
Vo bilo kakva komparativna analiza,zivoten standard,
vrabotenost,sport...pak sme na posledno mesto do
eks Ju republikite.Veke e dosadno,banalno,no zalno
za nas,da ja drzime opaskata i da go nosime fenerot!. |
|
|
|
|
|
|
Од: Onamu kade i zasluzil |
Датум: 06.07.2011 09:22:40 |
|
Posle raspadot na Jugoslavija, sekoj si e na ona mesto kade sto i zasluzil i kolku sto i vredel. I vo poranesna Jugoslavija se zboruvase deka Slovencite se najrabotni, najodgovorni i zato imaa najvisok standard. Toa se pokaza i sega.Crna Gora ja " vadi" moreto i turizmot, a Hrvatska i moreto i turizmot ,a i dosta jaki industriski kapaciteti( Pliva , INA isl) |
|
|
|
|
|
|
Од: 333 evra |
Датум: 06.07.2011 09:40:19 |
|
ma kakvi 333 evra prosecna plata sto tresete site, sto trese drzavata. Koga ke zimam tolku javno ke se iskacam na aleksandar i ke priznaam deka sum pogresil vo ova so go pisuvam. |
|
|
|
|
|
|
Од: darko |
Датум: 06.07.2011 10:32:55 |
|
A kolku iznesuva penzijata na Branko Crvenkovski.....90 000 denari ??? se nadevam ke go objavite mojov komentar Utrinski |
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 06.07.2011 10:52:20 |
|
A dali nekoj povedil statistika kolku e poskap zivotot vo Slovenija sprema Srbija i Makedonija ?.I za vremeto na Jugoslavija vo Slovenija platite bea najgolemi no i skapijata beshe najgolema isto. |
|
|
|
|
|
|
Од: Терминатор |
Датум: 06.07.2011 11:11:05 |
|
Македонија е последна од сите, последни ке влеземе во ЕУ, последни сме по примања, последни сме по БДП, најмногу невработеност 30проценти, а на другите им се смееме. И тоа место ке го задржиме долго време како што гледам. Народот е мрзлив и без идеали. |
|
|
|
|
|
|
Од: Toska |
Датум: 06.07.2011 11:32:13 |
|
Sto treskate gluposti koj zema 330 evra? Ovie so partiska kniska zaradi koi nie treba da rabotime dvojno poveke so plati ne povisoki od 150evrenca a moze i neredovni.Zaspano makedonce.Prasajte go privatniot sektor a ne lezacite.... |
|
|
|
|
|
|
Од: veselin, skopje |
Датум: 06.07.2011 12:44:26 |
|
ma, od kaj vi se tie smesni i zalni 333 evra vo makedonija??? ova e tragedija vo makedonija, ostanaa samo kartonskite kutii na koi prodavame pod silen strav, i golemite bogatasi koi ja cicaat drzavata. see samo tragedija....a, da ostanese jugoslavija veruvam deka 90 posto ke imavme eden normalen zivot, ni bogat ni siromasen, ama zdrav zivot!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: maca |
Датум: 06.07.2011 13:09:24 |
|
nekoj jade meso ,nekoj zelka,vo prosek site jademe sarma. |
|
|
|
|
|
|
Од: PerO_MKD |
Датум: 06.07.2011 14:00:14 |
|
Можеби со платите на огромната (во споредба на вкупниот број на вработени кои издвојуваат за нив) администрација и неколкуте големи фирми и банки каде се земаат добри плати и достигаме некој просек од 333евра нето плата.Но, на ова за потрошувачката кошничка дека е 200 евра во Македонија, не верува ни малоумен...Храната е со речиси иста цена во цела Европа, од Бугарија до Германија, па таму дури и некои продукти се поефтини, како на пр, месо, зејтин и брашно...бензинот и сметките се тука некаде, можеби 10%-20% овде е поефтино,Станбениот кредит варира, но факт е дека во било кој град во Европа од 100-500илјади жители може да се најде стан со цена на квадрат речиси како во Скопје, а ако се земе дека таму каматите се многу пониски ќе испадне дека и нема голема разлика ако купиш стан на кредит во Скопје и во Грац да речеме.Вистината е, трошоците за основните животни потреби се приближно исти во цела Европа, но овде платите се 5-6 пати пониски . |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonec |
Датум: 06.07.2011 14:02:25 |
|
Do Makedonskite gragani:Moe mislenje vo idnite izbori da glasame za onaa politicka partija koja nivniot licen dohod bi bil ne poveke od 500 evra t.e okolu 35 000 den.da vidime togas koj ke bidi patriot na drzavava.I dali im e do pari ili da se bogataat ete na toj nacin i narodot ke go razbere patriotizmot na nasite politicari.A za Sl.Hr.i Crna gora neka ne se vadime imale more ili sl.podobra zemja od Makedonija nema nikade gospod se ima dadeno a za more ne sme samo nie sto nemame i kako ziveat vo tie drzavi, samo sto nemame luge koi mislaat za narodot i drzavava. |
|
|
|
|
|
|
Од: А,бре дедо,улав дедо! |
Датум: 06.07.2011 14:50:00 |
|
Дедо Димо,не трескај глупости,ти и не знаеш каде е Македонија! |
|
|
|
|
|
|
Од: tebe |
Датум: 06.07.2011 15:59:58 |
|
ne sme najbogati od site od bivsa yu nie sme uste malku do holandija ,germanija.francija.tamu e nemastija ima svetska ekonomska kriza,a nie ne ja ni osetivme blagodarenie na nikola gruevski i vmro dpmne so rabota 24/7.i da ne bese b.c se ke ni cvetase.vaka e na televizija,a vo stvarnost jas si znam. |
|
|
|
|
|
|
|
|