Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Разделба на 4 Јули

Филип Рикер, амбасадор на САД на заминување, во понеделникот беше примен во проштална посета од претседателот, Ѓорге Иванов.

На средбата, која случајно коинцидираше со американскиот празник 4 Јули, амбасадорот Рикер истакнал дека САД високо ги цени пријателството и партнерството со Република Македонија и му се заблагодарил на претседателот Иванов за исклучително позитивната и конструктивна соработка за време на неговиот мандат. Амбасадорот во заминување, Рикер, исто така, истакнал дека е особено горд за соработката во сферата на безбедноста и одбраната, како и на стратегиското партнерство, засновано врз заемното почитување на идентични вредности изразено и преку поддршката што ја дава Република Македонија во важните операции за заштита на демократијата во меѓународните воени мисии.

Според Кабинетот на претседателот, на срдечната средба двајцата соговорници се согласиле дека односите меѓу Република Македонија и САД се исклучително добри на ниво на стратегиско партнерство, кое со несмален интензитет опстојува од осамостојувањето на Македонија до денес и дека добрите односи ќе продолжат и во иднина.

Обострано била изразена надеж дека наскоро Република Македонија ќе ги реализира стратегиските приоритети – полноправно членство во НАТО и во Европската унија. Претседателот Иванов оцени дека тоа ќе биде чекор што ќе придонесе за просперитетот, стабилноста и за демократскиот развој на регионот – цели што ги делат и Соединетите Држави и во чие реализирање инвестираа значителни ресурси.

На крајот, претседателот Иванов ја искористи можноста да му го честита на амбасадорот Рикер националниот празник на САД, Денот на независноста – 4 Јули.


#
Статијата е прочитана 1696 пати.

Испрати коментар

Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska
Датум: 06.07.2011 04:12:28
Dobra sreca na Riker,covekot koj sekogas se grizel za Makedonija,nemu i na negovoto semejstvo,so nadez da ni doagja pocesto vo Makedonija vo posrecni denovi,no istovremeno da ne ne zaboravi pred svetot.
Од: Siljan
Датум: 06.07.2011 09:17:49
Precednice, a neli vi kaza Riker deka Mk e vo kalta i deka treba da bidete prav pretsedatel a ne poltron na vozdot.

Најди! во Утрински
Насловна
Во вените на Шакира тече македонска крв
Стамболиски
Како се живее во поранешните југословенски републики
И Холандија одговорна за Сребреница
Ја остваривме желбата на Мони
Отказите не се заради легален штрајк
Како поразените станаа главна вест
Осум баби живеат со клетвата на Бабино
И невработените бараат бесплатен градски превоз
Принцезата посакува да стане мајка
Старите министри на владина седница
Слалом низ Охрид
Британката заштитно лице на „Булгари“
И Гари Купер на „Полски плакат“
Најде замена за Скарлет Јохансон
Пандев, дефинитивно, останува во Интер
Коктелски кокетирања
Отворањето со „Трилогија Романа“
Не сакам да шетам наоколу преправен
Македонскиот државјанин загина во Србија
Сега писателка ќе го суди Строс-Кан
Собранието останува со тројца потпретседатели
Карикатура
Поскапува ноќното возење во ЈСП
Ешерихија коли во Европа пристигна од египетските семиња
Продолжен притворот на Љубе Бошкоски
Онлајн вести

"""