Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Скопје

Собранието останува со тројца потпретседатели

06.07.2011, 13:43

Собранието на Република Македонија денеска ја изгласа предлог одлуката, законодавниот дом да има тројца потпретседатели, како што тоа беше и досега. Еден потпретседател од ВМРО-ДПМНЕ еден од ДУИ и еден од СДСМ.
 
Во наредните денови треба да бидат познати имињата на потпретседателите, а според партис��и извори, тоа најверојатно ќе бидат Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ и од ДУИ Хајрула Мисини од ДУИ.

Собранието денеска донесе одлука за формирање на Собраниски комисии, како и основање на делегации и пратенички групи и други облици на меѓународна соработка. Исто така пратениците ја изгласаа и изменување на одлуката за основање на национален совет, која предвидува членовите на ова тело да имаат и заменици, бидејќи како што се наведува во образложението на истата, поради континуитетот во остварувањето на своите надлежности, а со цел надминување на одделни појави кои во досегашното работење на советот се случуваа треба да се назначат и девет заменици членови.

Според најавите утре би можела да биде закажана седницата на Комисијата за избори и именувања, на која треба да биде утврден персоналниот состав на телата и делегациите за кои денеска Собранието донесе одлука дека треба да се формираат.

Пред гласањето за одлуките претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски ги констатираше оставките на пратениците Никола Груевски и Горан Трајковски.

Опозицијата реагираше на ова тврдејќи дека е направено кршење на Уставот. Повикувајќи се на членот 52 од Уставот на Република Македонија, пратеникот Игор Ивановски од СДСМ, рече дека пратеникот што поднесува оставка мора лично да ја поднесе оставката и да ја образложи на седница на Собранието, а Груевски и Трајковски не биле присутни на денешната седница.





#
Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Во вените на Шакира тече македонска крв
Стамболиски
Како се живее во поранешните југословенски републики
И Холандија одговорна за Сребреница
Разделба на 4 Јули
Ја остваривме желбата на Мони
Отказите не се заради легален штрајк
Како поразените станаа главна вест
Осум баби живеат со клетвата на Бабино
И невработените бараат бесплатен градски превоз
Принцезата посакува да стане мајка
Старите министри на владина седница
Слалом низ Охрид
Британката заштитно лице на „Булгари“
И Гари Купер на „Полски плакат“
Најде замена за Скарлет Јохансон
Пандев, дефинитивно, останува во Интер
Коктелски кокетирања
Отворањето со „Трилогија Романа“
Не сакам да шетам наоколу преправен
Македонскиот државјанин загина во Србија
Сега писателка ќе го суди Строс-Кан
Карикатура
Поскапува ноќното возење во ЈСП
Ешерихија коли во Европа пристигна од египетските семиња
Продолжен притворот на Љубе Бошкоски
Онлајн вести

"""