|
|
|
|
|
|
Стамболиски: Место орден, ми ставија лисици!
Генералот со часови ја даваше својата одбрана во судот за случајот со тенковските делови
„Хашките случаи со години се држат во Обвинителството, а нас, кои бевме на браникот на татковината, ни судите по измислено и политичко обвинение што е незамисливо за една правна држава. И наместо да добијам орден од претседателот на државата, тие ме водат како мајмун со лисици на рацете“, изјави вчера револтирано генералот Методи Стамболиски, како второобвинет во случајот „тенковски делови“. Тој со часови ја даваше својата одбрана пред судот. Стамболиски пред Судскиот совет зборуваше за таен состанок на кој освен активните генерали, биле присутни и пензионирани од рангот на Миле Манолев, Панде Петров, Драгољуб Боцинов и други.
„Се сеќавам дека на тој состанок, на кој се говореше за безбедносната состојба во државата, генералот Митре Арсовски кажа дека не треба да бидеме загрижени за состојбите, бидејќи на границата со Бугарија имало две нивни дивизии. За мене ова беше нелогично, бидејќи не можете да очекувате некој друг да ве одбрани доколку самите не се одбраните, а, патем и не верував, што се покажа како точно, дека такви дивизии имало зад границата“, рече поранешниот началник на Генералштабот на АРМ.
Сведочејќи за настаните од 2001 и следната година кога бил потпишан договорот со МЗТ за набавка на резервни тенковски делови, генералот потврди дека Армијата во тоа време ги немала најелементарните работи за да може да функционира како вистинска војска.
„Некаде во мај 2001 година беше формирана Влада на широка коалиција, а набргу потоа, со одлука на Владата, во Министерството за финансии беше отворена посебна сметка за потребите на војската, а се користеа резервите од продажбата на „Телеком“. Се купуваа оружје, муниција, панцирни елеци, санитетски материјал, авионите ’сухој’, системот ГРАД, тенкови, оклопни транспортери, системите ’стрела‘ и други работи“, изјави генералот Методи Стамболиски.
Тој кажа дека никогаш немал видено какво и да е барање за набавка на хеликоптерите и за авионите, а за нив никогаш не бил изготвен и реферат со кој се потврдува дека постои потреба за набавка. Стамболиски изјави дека безбедносните проблеми се пренеле и на следната 2002 година и дека за ваквото тврдење тој има многу докази, кои или се од безбедносен или од дипломатски карактер. (Љ.С.) |
#
|
Статијата е прочитана 5646 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Delovi za tenkovi koi ce se unistuvaa |
Датум: 06.07.2011 00:35:50 |
|
Kakva vrska imaat haskite slucai , tajnite sostanoci na generalite za bezbednosnata sostojba na Makedonija so kriminalot okolu nabavkata na nepotrebni teknkovski delovi. Nabavkata se vrsese koga vece bese jasno deka golem del od tie tenkovi kako visok ce bidat unisteni. Znaci treba da se objasni koi bile pricinite sto vo toa vreme toj i ministerot za odbrana odlucile da nabavat tolkava kolicina rezervni delovi za tenkovi koi bile planirani da se unistat i na toj nacin ja ostetile kasata na MO.? |
|
|
|
|
|
|
Од: vistina |
Датум: 06.07.2011 02:05:10 |
|
Ova moze da pomine samo vo makedonija teroristi vo vlasta pa uchte i ministri a tie chto e braneja drzavata se na ulica sramota . Nekoj od tie teroristi imale imunitet pa kako chto im e daden taka moze i da im se odzeme toj imunitet i da im se sudi za storenite zverski ubistva na Makedonci. |
|
|
|
|
|
|
Од: Мара Попара |
Датум: 06.07.2011 04:24:57 |
|
Уште еден еклатантен пример на типичниот македонски синдром на самоуништување. |
|
|
|
|
|
|
Од: sydney |
Датум: 06.07.2011 07:17:13 |
|
siiStamboliski i Velijate se nevini site rabotele za dobroto na Makedonija i Stamboliski i Velija i Boskovski i iljada kako niv ama Makedonija iskubena do gola koza nikako da se ispravi na zdravi noze.Samo golemi kazni mozat daja spasat drzavata od kreminal.Gospodo sudii drzavata e vo vasi race. |
|
|
|
|
|
|
Од: Стaвре |
Датум: 06.07.2011 08:02:11 |
|
На Митре Арсовски треба да му се даде орден за развивање на духот на братството и бугарштината со Бугарскиот народ. Како затаиле препораките од Божидар Димитров, македонољубецот од бугарско-ромско потекло? Боже, Боже. Историчари читајте. Цитат: “Се сеќавам дека на тој состанок, на кој се говореше за безбедносната состојба во државата, генералот Митре Арсовски кажа дека не треба да бидеме загрижени за состојбите, бидејќи на границата со Бугарија имало две нивни дивизии...“ На што мислел Генералот. Чии нивни? На Бугарите или на Власта, на премиерот? |
|
|
|
|
|
|
Од: a b c |
Датум: 06.07.2011 09:51:42 |
|
momentot za podatokot za dvete pripremni divizii e mnogu interesen i cudno e sto ima negoduvanja... koga e poznato deka cela albanska vojska bese na granica a kosovska granica voopsto i da nemase...ulogata na poklonetite tenkovi i posle 10 godini uste nemame doblest da ja okarakterizirame kako prijatelski cin. |
|
|
|
|
|
|
Од: profesionalen vojnik |
Датум: 06.07.2011 10:11:27 |
|
epa generale kaj se pikas kaj sto ne ti e mestoto pa uste orden sakal , orden si dobi koj si rabotel segasnoit nacalnik zasluzeno si zema orden za makotrpnata rabota. |
|
|
|
|
|
|
Од: mark |
Датум: 06.07.2011 10:55:18 |
|
E taka e moj generale koga sve e isprevrteno no se zgrozuvam od naracanite komentari od kvazi patriotive na Grujo ej vi se molam sto vrska imale Haskite e koga toa go procitav stvarno se mislam od denes dali voopsto da otvoram vesnik pozdrav generale,vie znaete dek ako ne te izedat svoite drug nema sansa. |
|
|
|
|
|
|
Од: vakcina |
Датум: 06.07.2011 11:15:19 |
|
Do delovi za tenkovi
Bi sakal gospodinot koj se imenuva kako naslovot da kaze koj ke odgovara za nabavkata na vakcinite za svinskiot grip na koi rokot za upotreba im istekuva vo septemvri 2011 g.i istite ke bidat unisteni vo Drizla.Zarem za tie vakcini ne se dadoa milioni evra pari od narodot i koj znae kade zavrsija |
|
|
|
|
|
|
Од: Goce Makedonski -Resen |
Датум: 06.07.2011 13:36:08 |
|
Почитувани седнете и замислете се малку зошто беше предизвукана војната?За да се исперат парите од продажбата на телекомот.Затоа сега ,,војводата,,купува злато а некој место награда добива ,,лисици,,.Тоа се вика Македонски патрдии. |
|
|
|
|
|
|
Од: made in italy |
Датум: 06.07.2011 14:14:09 |
|
Makedonija,sirota Makedonija so ovie celnici (zalno),Ako nekoj si borec koj do vcera go narekuvavte terorist oti se boril ptotiv ARM,deneska mu davate polozba na visoko mesto vo vlasta i nee ni cudo i orden,a na tvojot go pikas vo corka,bas super.A zamislite ako dojde do nekoj si (nedaj-boze)konflit pa koj kese bori za vas be slepci ni zaedni,koj keve brani(bugarija-albanija,srbija ili grcka)sto edvaj cekat dave rasparcat. a vas bas gajle keja kidnite i miren son,e narode ama i vie imate vlast,pa dobro vie koga ste otrueni od taa vlada,blaze vas,pozz. |
|
|
|
|
|
|
|
|