Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Поглед

Слалом низ Охрид

Веле Митаноски

Охриѓани и многубројните гости веќе петти ден возат слалом откако во петокот беа отворени ударните дупки од оштетената асфалтна подлога на централната сообраќајница во градот - Туристичкиот булевар. Дури завчера почна крпењето на ударните дупки, така што сообраќајницата се' уште не е оспособена за нормално одвивање на сообраќајот по целата должина.

Од локалната самоуправа велат дека булеварот е дел од меѓународната сообраќајница до Свети Наум и натаму кон Албанија и дека не е во нивна, туку во надлежност на централните власти. Ама како тоа да им се објасни на охриѓани, а особено на домашните и на странските гости? Зошто и тие би се заморувале со поделените надлежности, кавгите, нетрпеливоста и меѓусебните подметнувања на „локалците“ од Охрид и „централистите“ од Скопје.

Градоначалникот на Охрид тврди дека Македонија е најцентрализираната земја во Европа, но таа дебата е за домашна употреба, а не за меѓународна!

Како и да е, не требаше возачите да бидат ставени во ситуација пет дена да возат слалом. Ај што е несфатливо ударните дупки да се крпат среде главната сезона, ама уште е понесфатливо - да се раскопаат и така да се остават неколку дена, како што го направи тоа јавното претпријатие „Македонија пат“.

Зошто беа потребни пет дена за да се закрпат ударните дупки и,ако тоа веќе морало да се прави среде главната туристичка сезона, зошто работите не се извршуваа и ноќе? Вака, оставена е грда слика за македонскиот туристички и културен бисер и е испратена многу лоша порака во светот. Во Охрид престојуваат многу гости од странство и моментално се одржуваат повеќе културни настани од меѓународен карактер.


#
Статијата е прочитана 1944 пати.

Испрати коментар

Од: alpinist
Датум: 06.07.2011 10:48:46
Vele ne se sakaldisvi ,kakva sred sezona traga nemat od turisti osven domasarite Skopjani.
Од: Парче
Датум: 06.07.2011 11:30:17
Веле играш многу ниско. Знаеш и ти во чија надлежност е булеватот, ама ти го споменуваш градоначалникот на начин кој сугерира дека сепак тој е виновникот. Копањето на булеварот може да се сфати само како подметнување од страна на државата а ти си се ставил во служба на тоа. Иначе не може да се сфати поинаку вака напишана колумна која и не е тоа.

Најди! во Утрински
Насловна
Во вените на Шакира тече македонска крв
Стамболиски
Како се живее во поранешните југословенски републики
И Холандија одговорна за Сребреница
Разделба на 4 Јули
Ја остваривме желбата на Мони
Отказите не се заради легален штрајк
Како поразените станаа главна вест
Осум баби живеат со клетвата на Бабино
И невработените бараат бесплатен градски превоз
Принцезата посакува да стане мајка
Старите министри на владина седница
Британката заштитно лице на „Булгари“
И Гари Купер на „Полски плакат“
Најде замена за Скарлет Јохансон
Пандев, дефинитивно, останува во Интер
Коктелски кокетирања
Отворањето со „Трилогија Романа“
Не сакам да шетам наоколу преправен
Македонскиот државјанин загина во Србија
Сега писателка ќе го суди Строс-Кан
Собранието останува со тројца потпретседатели
Карикатура
Поскапува ноќното возење во ЈСП
Ешерихија коли во Европа пристигна од египетските семиња
Продолжен притворот на Љубе Бошкоски
Онлајн вести

"""