Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мислења

Коктелски кокетирања

Нано Ружин

Во принцип, граѓаните имаат тенденција да прифаќаат информации што им служат на нивните страсти и да одбиваат информации што се неповолни за нив

Гласиштата во политиката се едни од најексплоатираните теми во науката, но и најмалку истражувани. Тие постојат, независно од нашата волја, а некогаш несвесно и самите ги создаваме и ги по��греваме. Што се гласишта и како функционираат? Каде настануваат и кои се основните актери?

Евидентно е дека тие спонатно се раѓаат на масовните дружења. Пролетта е период на коктели и приеми на странските амбасади, било заради националните празници било заради прошталните свечености по повод заминувањето на дипломатите од нашата држава. На овие големи собири се дава ретка можност да ги сретнете на едно место сите пријатни и непријатни лица на целата македонска политичка елита во придружба на своите сопруги или сомнително сами.

Големите групни дружења не се дружења доколку не ги чуете сите политички комбинаторики, озборувања, афери, досетки и останати интимни тајни на политичарите. Едни злобно озборуваат: „Зарем и тој фатил швалерка? Ај за жена му се знаеше, ама за него никогаш не би поверувала“. Други го изразуваат сопствениот анимозитет дискретно. „Еве го пак оној клен со жена му. Без нив ниту еден коктел не бидува“. Трети се потсмеваат со невкусните деколтеа или комбинација на бои на политичарите: „Кој му ги одбрал шареното сако и врската, а дури помислувал да биде и министер“.

Но, потоа оние истите што се озборуваат, љубезно се поздравуваат, разменуваат телефони и си испраќаат нежни и пријателски погледи. „Ајде пријатно, се гледаме на следниот коктел“. Таквата дволичност ме потсетува на писмото на Бакуњин до неговиот пријател Огареф во кое ја исмејувал хипокризијата на европските политички елити.

Нема сомнение, заличуваме на Европа. Изгледа дека е точна тезата дека озборувањето е најдобриот антидепресив. „Ние балканците немаме потреба од „дијазепам“ бидејки најмногу озборуваме од сите, а тоа е најдобриот антидепресив”, велеше во Брисел тогашниот амбасадор на БиХ, сегашен министер за надворешни работи, Свен Алкалај.

Ние, Македонците, сме многу талентиран народ за создавање „гласишта“. Ова е евидентно на секој поголем социјален настан, но и во нашето секојдневје. Озборувањето и гласиштата прераснаа во најзначајната споредна работа на светот. Впрочем, и според Фројд, стереотипот на секоја здрава нација се озборувањето и гласиштата. Нема сомнеж дека освен на работните места и во кафулињата, едно од привилегирани простори за афирмацијата на гласиштата се коктелите. Едноставно, тука се присутни и стратегиски распоредени сите актери на гласиштето.

На една страна ќе ги забележите министерчињата поранешни и идни како самопожртвувано и нежно се туркаат околу премиерот, насмеани до уши и не се делат едни од други, божем ќе ги фати некоја опасна инфекција од опозицијата. Од друга страна на другиот крај на платото луѓето на шефот на опозицијата, неколку пратеници и апаратчици што нити случајно не сакаат да им се сретнат погледите со некој од власта. Во средината меѓу двете партиски формации неколку лидери на албанската ДУИ, кои комуницираат со македонската власт и опозиција, но никако со албанската опозиција. Сите гости се заемно свесни и информирани за присуството на нивниот политички ривали и се однесуваат индеферентно како да не ги забележуваат.

Во најдобра позиција се куриозните набљудувачи и професионални озборувачи. Откако ќе ги задоволат силните желуднички сокови, заземаат позиција и собираат аргументи за подобра приказна. Најмногубројна популација на големите коктели се останатите гости, дипломати, деловни луѓе, интелектуалци, новинари, државни службеници и професионални коктелџии.

Последниве ги среќавате поединечно или во двојка на секој коктел. Тие мечтаат да гледаат, но и да бидат видени. Овие луѓе живеат за коктелите, најсреќни се кога се таму и преку коктелите се идентификуваат. „Битно е да влезеш на листата, а потоа се' е по автоматизам“, ми објаснува една професионална коктелџика, инаку со малку подлабоко деколте и егзотичен накит по професија медицинско лице. На коктелите се' се врти околу политиката.

Деновиве се затвораат неколку циклуси во политичкиот живот на Македонија. Додека од една страна ВМРО и ДУИ нарцисоидно и во мир си ги делат мандатите и се подготвуваат да владеат во новиот четиригодишен циклус, салонските експерти сметаат дека владата нема да издржи до следната пролет.

„Од доверливи извори знам дека Рикер го советувал Али Ахмети доколку Грујо не го реши прашањето со името, да остане во владата до почетокот на март 2012. Потоа ДУИ се повлекува од власта, владата паѓа и се прави техничка влада што ќе го реши прашањето со името. Конечно, пак на избори идната пролет во 2012“, истакнува еден мој драг пријател-аналитичар од ФОН. „Точно е, го дополнува неговиот компањон албанец. Еве ДУИ за џабе не зедоа само министерства за слава, а не и министерства што носат пари. Се подготвуваат за избори“.

Опозицијата е во ресетирање. СДСМ настојува да изнајде одговор на неколку дилеми: Дали згрешил? Кој е крив? Дали се работело за пораз или за победа? Конгресот заклучи: не беше пораз и никој не е крив. На сите ни е јасно дека се работеше за пораз кој се должеше на упорното инсистирање за предвремени избори поточно на битката за самодоверба на СДСМ. Но, блефот не успеа. Груевски победи, без апсолутно мнозинство, но и со големи изгледи за понелагодно владеење.

„Прва жртва на неговото незадоволство е шефот на диоломатијата Милошоски. Не бил задоволен од неговиот учинок но и од новоизградената касаба на неговите најблиски“, е заедничкиот заклучок на неколку аналитичари-кадровици од коктелот. Наводно, и покрај огромните потрошени суми пари, лидерот се разочарал во резултатите во Петтата изборна единица.

Еден познат новинар констатира. „Избориве поминаа без инциденти, но заигра парата. Гарантирам дека за 20 милиони евра се добиваат сите избори во Македонија”. Во СДСМ се привидно задоволни од изборите, барем оние што си обезбедија пратенички мандат. „Единствена опсесија на ДПМНЕ е Б.Ц. Заради нас но и за инает на ДПМНЕ, нивниот ноќен кошмар Црвенковски и натаму ќе е на чело на опозицијата”, самоуверено потврдува еден од пратениците на опозицијата. Сепак останува горчливото чуство за партиската демократија, дека некои луѓе од СДСМ кои штрчеа со демократскиот капацитет како „да ги уби јаката реч и партиската темнина“, што би рекол Момо Капор.

Зад секој настан, процес, афера било да се работи за банални прашања кои го засегаат личниот имиџ на лидерот, неговите настраности и слабости до оние кои се однесуваат на судбината на останатите субјекти како што се „намештаљката за Љубе”, чудните судски процеси за Велија и А1, за медиумите кои административно згаснуваат, за отпуштените новинари, во јавноста се развиваат и афирмираат разни гласишта кои често стигнуваат и до ерогените зони на политичките првенци меѓутоа и до јавното мислење што е нивниот раисон д’етре. Гласиштате се создаваат спонтано , но има и такви кои како дел на политичката игра ги спинуваат експертите на политичките машинерии.

Инаку социолошките трудови за гласиштате датираат од Втората светска војна. Во поширока смисла се работи за некој вид афера која е во оптек. Тоа е гласина која се наметнува како автентична но без ниту еден конкретен аргумент за да се верифицира. Гласината функционира секогаш од уста на уво слично на „арапскиот телефон“ и се храни од недостатокот на информациите во дадена средина или општество. Со оглед на техниката на нејзиното пренесување таа може од секој субјект да претрпи измени и да се адаптира согласно со желбите на раскажувачот.

Во принцип граѓаните имаат тенденција да прифаќаат информации кои им служат на нивните страсти и да одбиваат информации кои се неповолни за нив. Во овој контекст гласиштате често се користат за да се потврдат сопствените перцепции. Погледенете ги само онлајн-коментарите на колумните. Ќе ви стане јасно што одбиваат а што прифаќаат гласоносците, пардон партиските машинерии. Гласината за масите е исто како митовите за општеството.

Во суштина и функциите на митот ги пронаоѓаме во гласиштате. Да се пренесе една гласина не значи дека се верува во нејзината точност. Гласиштате одговараат на извесна социјална потреба, за задоволувањеа на извесни интереси, страсти или политички цели. Според Жан Н.Капферер „гласиштата се најстариот медиум на светот“. Тие лесно се трансформираат во политичка лага која може да му наштети на политичарот.

Имено секој политичар се соочува со проблемот на изградбата на сопствениот имиџ. Неговите непријатели настојуваат да ја уништат таа слика и да го престават во поинакво светло. Жртвата настојува да ги демистифицира гласината и лагата, но ќе погреши ако кон гласината реагира со индигнација и осуда. Најдобро е да се молчи.Од друга страна би било наивно е да се верува во праведноста и трансапарентноста на општество. Тоа лагата нема да ја сокрие. Напротив, за ривалот, политичкото гласиште може да прерасне во потреба, да мобилизира, обединува и унифицира. Затоа често гласиштата и манипулациите прераснуваат во внимателно раководени лаги.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 1602 пати.

Испрати коментар

Од: citatel
Датум: 06.07.2011 00:38:59
Da se procita kolumnava - Izgubeno vreme.
Од: Ctrl-Alt-Delete
Датум: 06.07.2011 07:46:39
Опозицијата била во ресетирање!? Јас би рекол повеќе - опозицијата е во Ctrl-Alt-Delete.
Од: Prilepcanec
Датум: 06.07.2011 09:33:47
Ima pravo citatelot:izgubiv i jas vreme citajki gi "razmisluvanjata na maliot Dzokica",koj bese duri i pretsedatelski kandidat na poslednite pretsedatelski izbori,pliva vo tri partii,a imase moznost kako ambasador vo NATO od RM da bide del od koktelite na koi slusal ozboruvanja za izgledot na prisutnite,no ocigledno ne ja zavrsi zadacata za koja bese tamu-
Од: D.V.
Датум: 06.07.2011 10:15:54
Nano kako Nano. So mnogu sharm ni gi prenese nasite makedonski izmislici (ili ne), vleguvajki i samiot vo istata igra. Ubav tekst , pred zaminuvanje na godisen odmor, po sto ke ne zbogati so uste nekoja "rekla kazala" kako onie koktelskite koi nie obicnite smrtnici ne giu znaeme.Vo sekoj slucaj, kolumnata e interesna i gi zbogati nasite intriganski soznanija.
Од: pero
Датум: 06.07.2011 11:37:16
do CTRL+ALT+DELETE: zaso si zabegan? i toa ti doagja isto, seti se na starite operativni sistemi..direktno restart! :)))))))
Од: Марија Мојсоска Јованоска
Датум: 06.07.2011 13:21:23
многу интересна анализа би сакала да ви го препорачам во овој контекст Norbert Elias и неговата книга The Court Society, впрочем многу детално ги опишува токму овие релации но секако во една поинаква констелација.... поздрав
Од: tebe
Датум: 06.07.2011 15:51:14
zosto utrinski dava pari za kolumni ne mi e jasno porano bese interesno da citas ,prvo kolumnite sum gi cital,sega kako eden covek site da gi pisuval vi site vesnici.ne mi se jasno "kakva e ovaa situacija'

Најди! во Утрински
Насловна
Во вените на Шакира тече македонска крв
Стамболиски
Како се живее во поранешните југословенски републики
И Холандија одговорна за Сребреница
Разделба на 4 Јули
Ја остваривме желбата на Мони
Отказите не се заради легален штрајк
Како поразените станаа главна вест
Осум баби живеат со клетвата на Бабино
И невработените бараат бесплатен градски превоз
Принцезата посакува да стане мајка
Старите министри на владина седница
Слалом низ Охрид
Британката заштитно лице на „Булгари“
И Гари Купер на „Полски плакат“
Најде замена за Скарлет Јохансон
Пандев, дефинитивно, останува во Интер
Отворањето со „Трилогија Романа“
Не сакам да шетам наоколу преправен
Македонскиот државјанин загина во Србија
Сега писателка ќе го суди Строс-Кан
Собранието останува со тројца потпретседатели
Карикатура
Поскапува ноќното возење во ЈСП
Ешерихија коли во Европа пристигна од египетските семиња
Продолжен притворот на Љубе Бошкоски
Онлајн вести

"""