Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Сега писателка ќе го суди Строс-Кан

Тристан Банон ќе поднесе жалба за обид за силување, кој, наводно, се случил во 2003 година

ПАРИЗ - Француската писателка Тристан Банон ќе поднесе жалба за обид за силување против поранешниот шеф на ММФ, Доминик Строс-Кан, открива нејзиниот адвокат. Банон го обвинува Строс-Кан дека се обидел да ја нападне додека таа се обидувала да го интервјуира во стан во Париз во 2003 година.

Строс-Кан вели дека ќ�� ја тужи Банон поради давање лажни изјави. Тој неодамна беше ослободен од домашен притвор во Њујорк во друг наводен случај. Тој негира дека сексуално ја нападнал собарката на 14 мај.

Кратко време откако Строс-Кан беше уапсен во Њујорк, Бенон истапи со изјава дека тој се обидел да ја нападне и неа. Таа тогаш не отишла во полиција, меѓутоа, ги презентираше овие обвиненија во ТВ-шоу во 2007 година кога името на Строс-Кан беше спомнувано.

Адвокатот на Бенон, Давид Коуби, во понеделникот изјави дека таа му дала инструкции „да поднесе официјална кривична тужба за обид за силување“ против Строс-Кан. Тој додаде дека тужбата вчера беше поднесена до париското обвинителство. „Овие работи се крајно сериозни“, изјави Коуби додека ги обелоденуваше правните чекори во Франција. „Овие настани беа комбинирани со насилство што е апсолутно забележително за овој вид случај“. Тој додаде дека наводниот инцидент се случи во февруари 2003, а не во 2002 година, како што претходно било посочено.

Банон (32) тврдеше дека за време на интервјуто Строс-Кан изјавил дека ќе зборува со неа само ако таа го држи за рака. Според нејзината верзија на настаните, таа на крајот требало да го отфрли од себе додека се бореле по подот и тој и' ги откопчал прслукот и џинсот. „Кога сфатив дека тој навистина сака да ме силува, почнав да го клоцам. Јас бев престрашена“, вели таа во интервјуто објавено во понеделникот за францускиот неделник „Л’ експрес“.

Таа додаде дека не поднела жалба против него пред осум години бидејќи во тоа време „сите ми велеа дека нема да има никаков ефект“. Но, таа додаде дека по исказите во Њујорк „можеби постоеше шанса конечно да бидам слушната. Ако еден ден сакам да ставам крај на овој пекол што траеше осум години, тогаш овој случај мора да биде изведен пред судот“, додаде таа. „Свесна сум дека ваквите случаи, каде што збор на едно лице е против зборот на другиот, дури и да не се спомнува луѓе што се толку моќни, осомничените честопати се ослободуваат“.

Француските адвокати на Строс-Кан во понеделникот наведоа дека добиле инструкции да поднесат жалба против Банон поради давање лажни изјави за „имагинарни“ настани. Строс-Кан беше водечка личност да биде претседателски кандидат на Социјалистичката партија пред неговото апсење во мај.

Загриженостите околу веродостојноста на неговиот обвинувач во Њујорк наводно му донесоа проблеми на случајот и доведоа до шпекулации дека тој би можел да се врати во француската политика. Меѓутоа, во понеделникот портпаролот на Социјалистичката партија, Бено Хамон, изјави дека идејата Строс-Кан сега да се кандидира за претседател е „најслаба“ од сите можни сценарија.

Мајката на Банон, Ан Мансуре, и самата политичарка од централнолевичарската Социјалистичка партија на Строс-Кан, изјави дека ја наговарала ќерка си да не поднесе тужба во време на наводниот инцидент. Но, Мансуре изјави дека е „револтирана“ од веселата реакција од голем број мажи во Франција на информациите дека случајот во Њујорк би можел да падне пред судот. (Би-Би-Си)

Од затвор во претседателска фотелја?

Доминик Строс-Кан, поранешниот прв човек на ММФ, на 1 јули беше ослободен откако се појавија сомневања околу сведочењето на жената која го обвини за сексуален напад во Њујорк. Тој сега е во центарот на обновените политички шпекулации во Франција. Иако обвиненијата против Строс-Кан не се отфрлени, овој развој на настаните „е уште една грижа за прелиминарните партиски извори во Социјалистичката партија“, иако крајниот рок за номинација за избор на претседателски кандидат за 2012 година е 13 јули. Многу се зборува дека Строс-Кан ќе се кандидира ако биде прогласен за невин, но засега, вели „Либерасион“, „неговиот тим не сака дури ни да зборува за тоа. Тие велат дека судската процедура мора да биде запазена ’во целост’“.

Додека тие чекаат, француските коментатори го фокусираат нивното внимание на американскиот судски систем. „Ле монд“ го критикува „шокантниот“ систем во кој „се избира обвинителот, и се коцка со неговиот реизбор со постигнатите резултати“, критикувајќи го начинот на кој „американската медиумско-правосудна машинерија бега, во време кога најмногу и' е потребно да ја покаже својата бавност и внимателност“. Спротивно на тоа, „Либерасион“ ја фали брзината на американскиот систем: „Откако дел од обвинението ќе падне американските судови ги влечат нивните заклучоци со неверојатна и извонредна брзина. Оттука може да се научи лекција: дека иако судскиот систем по природа �� погрешлив тие се докажуваат со нивниот капацитет да се сомневаат и признаат кога погрешиле“.

Собарката очекувала пари

ЊУЈОРК - Според „Њујорк пост“ анонимната собарка која го обвини поранешниот шеф на ММФ Доминик Строс-Кан за сексуален напад, чијшто кредибилитет неодамна беше доведен во прашање, верувала дека ќе добие пари во замена за сексуалните услуги дадени на Строс-Кан.

„Таа сфатила дека тој е богат човек, и дека ќе добие пари“, објаснува изворот. Собарката наводно знаела како Строс-Кан изгледа од фотографијата обесена во приватниот оддел за собарки со која се посочува како важен гостин. Според „Пост“, „се очекуваше исплата на пари (откако таа имала орален секс со него), меѓутоа тој ја отфрлил таа идеја и тоа не толку нежно“. Строс-Кан наводно го отфрлил барањето на собарката за плаќање и и' го свртел грбот за да се облече.

„Понижувачката размена на зборови“ наводно го поттикнала гневот на собарката и адвокатот на жената поднесе обвинение против Строс-Кан дека тој бесно ја зграбил собарката за градите и вагината.

„Пост“, исто така, тврди дека собарката од „Софител“ работела како проститутка во хотел во Бруклин каде што беше сместена од обвинителите во случајот против Строс-Кан. (Њујорк пост)






#
Статијата е прочитана 614 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 06.07.2011 00:26:30
Jas ne sum expert za Makedonski Jazik ,ama ova nee, ni vo Red, ni vo Pat ,,Сега писателка ќе го суди Строс-Кан".Po ovoj naslov ispadna ;kako turskoto,,Kadija te tuzi Kadija ti Sudi! Kolku sto znam; Pisatelkata nee sudija,i e cerka, na edna uticajna Dama koja e bliska do Dominik Straus od Socialistickata partia vo Francia

Најди! во Утрински
Насловна
Во вените на Шакира тече македонска крв
Стамболиски
Како се живее во поранешните југословенски републики
И Холандија одговорна за Сребреница
Разделба на 4 Јули
Ја остваривме желбата на Мони
Отказите не се заради легален штрајк
Како поразените станаа главна вест
Осум баби живеат со клетвата на Бабино
И невработените бараат бесплатен градски превоз
Принцезата посакува да стане мајка
Старите министри на владина седница
Слалом низ Охрид
Британката заштитно лице на „Булгари“
И Гари Купер на „Полски плакат“
Најде замена за Скарлет Јохансон
Пандев, дефинитивно, останува во Интер
Коктелски кокетирања
Отворањето со „Трилогија Романа“
Не сакам да шетам наоколу преправен
Македонскиот државјанин загина во Србија
Собранието останува со тројца потпретседатели
Карикатура
Поскапува ноќното возење во ЈСП
Ешерихија коли во Европа пристигна од египетските семиња
Продолжен притворот на Љубе Бошкоски
Онлајн вести

"""