Умберто Боси: Берлускони ќе го купи мечот со Словачка
Коалицискиот партнер на премиерот на Италија Силвио Берлускони, Умберто Боси, и' предложи на Владата да го купи мечот на репрезентацијата на Мундијалот со Словачка.
Боси, кој е лидер на партијата Северна лига, смета дека Италија нема доволно квалитетен тим што би можел без проблеми да ја елиминира Словачка, па мора да се употребат други методи.
„Владата во секој случај ќе го купи натпреварот, а во идната сезона најмалку три словачки репрезентативци ќе играат во најсилните тимови на Италија“, изјави Боси, чија партија е една од клучните во парламентот кога е во прашање опстанокот на владата. |