Број 3315  четврток, 24 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Понесен од фудбалската треска, битолчанец падна од ѕид и почина

Фудбалскиот натпревар меѓу Грција и Аргентина беше кобен за 41-годишниот Златко Конзуловски

БИТОЛА - Фудбалскиот натпревар меѓу Грција и Аргентина се покажа кобен за 41-годишниот битолчанец Златко Конзуловски откако, најверојатно, понесен од фудбалската треска паднал од ѕид висок близу три метри. Падот бил фатален за битолчанецот, кој са��о неколку часа по несреќата, им подлегнал на повредите пред влезот од скопските клиники.

Настанот се случил завчеравечер околу 22 часот и 30 минути во битолската населба Стрчин, на влезот од студентскиот дом. Според извештајот од полицијата, несреќниот Златко заедно со уште седуммина свои пријатели седеле пред колонијалната продавница, која е лоцирана непосредно пред портите на Студентскиот дом. На своевидна платформа, на која биле поставени маси и столови, Златко и неговите пријатели на ТВ го следеле фудбалскиот натпреварот. Меѓутоа во еден момент, Златко свртен со грбот се обидел да се потпре на едно од дрвјата во дворот, но, најверојатно, од невнимание, го промашил, по што паднал од платформа висока два и пол до три метри. Паднал директно на бетонска подлога. Очевидци потврдиле дека тој по првиот пад се обидел да се исправи, меѓутоа, повторно се струполил и тоа на глава.

Несреќниот Златко веднаш по падот околу 22,30 часот со возило на Брза помош бил однесен на Хируршкото одделение во битолската Клиничка болница во свесна состојба. Кај него на прв поглед не се забележувале никакви поголеми повреди на главата и на телото, освен една мала гребнатинка во пределот на глуждот на левата нога.

Но, не било така. Само што дежурниот лекар разговарал со повредениот и му препорачал да изврши снимање на рендген, состојбата на пациентот драстично се влошила и тој паднал во кома. Снимките направени во пределот на главата покажале дека битолчанецот доживеал обилно внатрешно крварење.

„Се констатира дека имаше големо внатрешно крварење во десната мозочна хемисфера. Со оток на мозокот, со потискање на мозочните маси од десно кон лево, со проширена зеница, што се лоши знаци за такви повреди. Статистички гледано, во светски рамки 80% од ваквите случаи завршуваат со смрт“, вели д-р Никола Ангеловски, неврохирург во битолската болница.

Лекарите без да се двоумат решиле околу 1 часот по полноќ да го испратат со возило на клиниките во Скопје. Само неколку часа подоцна, пред да стаса помошта од лекарите на скопските клиники, пациентот починал. Истражен судија од Битола нареди обдукција, со цел да утврдат точно причините зошто настапила смртта кај Златко. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 2262 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Потрошувачките кредити мора да паднат
Универзитетско беззаконие
Три милиони долари за молчењето на бившата девојка
„Ираклис“ ги запали страстите со македонските знамиња
„Уф“ и „аu revoir“! Заврши агонијата за Франција“
Зона еден, зона два...
Климатските шокови фатални за здравјето
„Филип Втори“ ќе ги потроши милионите за спортот
Јужнокорејците, сепак, знаат нешто за фудбалот
Overdose
Оезис го инспирираат Меси
Нови критики од Марадона за Џабулани
Симон Трпчески ќе го отвори „Охридско лето“
Умберто Боси
Папандреу и Груевски, конечно, се согласија
Анри повторно играше со рака