Оезис го инспирираат Меси
Лионел Меси, аргентинскиот лидер на теренот, се' уште го чека својот прв гол на Мундијалот, но задоволството го наоѓа во лесниот пласман на својата репрезентација во осминафиналето во кое ќе игра против Мексико. Инспирација, меѓу другото, пронаоѓа и во музиката, и тоа во тактовите на британскиот поп-рок состав Оезис.
„Додека летавме за Јужна Африка, Карлитос (н.з. Карлос Тевез) ми ги дад�� нивните први два албума и тогаш првпат ги слушав.
Се воодушевив и оттогаш не се одвојувам од нив. Не очекував дека толку ќе ми се допаѓа нивната музика, ама тоа, веројатно, е најдоброто нешто што сум го слушнал досега. Апсолутно фантастично“, кажа Меси и додаде: „Веднаш го прашав Карлитос да ми каже кога ќе имаат концерт во Англија, да отидам кај него и да одиме заедно на концерт. За жал, ми кажа дека се распаднале“.
Тевез, како што е познато, е член на Манчестер Сити, клубот, чии најпознати навивачи се браќата Калагаер, основачи на Оезис.
„Ги отворав нивните изведби на „Јутјуб“ и неверојатно е како добро звучат. Навистина ми е жал што нема да можам да ги видам во живо“, вели Меси.
|