Број 3315  четврток, 24 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мартина Навратилова

Три милиони долари за молчењето на бившата девојка

Бившата тениска ѕвезда Мартина Навратилова, по двегодишно влечење по судовите, ќе и' исплати три милиони американски долари за молчење на бившата девојка, 57-годишната Тони Лејтон. Тони, која своевремено го напуштила сопругот Џефри Ламберт, сметководител на Навратилова, и' се заканувала дека ќе ја изнесе ��о јавноста сета валкана облека, а патем ја тужела за „емоционална, ментална и психичка траума која ја доживеала поради ненадејниот прекин“.

„Има многу костури во орманот на Мартина. Всушност, има и цел магацин и знам за сите нив“, изјавила уште во 2008 година Тони лута поради тоа што во јануари истата годин�� по осумгодишна врска , Навратилова ја оставила и ја исфрлила од нивниот дом на Флорида. Судската битка меѓу Навратилова и Лејтон се водила за четири куќи, неколку автомобили, колекција на уметнички дела, брод и прифатилиште за животни.

Мартина и Тони се венчале во 2000 година во Њу Хемпшир, зашто таму било дозволено склопување хомосексуални бракови, но поголемиот дел од заедничкиот живот го минале на Флорида, каде што геј-бракови не се признаваат. Бидејќи годинава Навратилова објави дека води битка со ракот на дојката, многумина сметаат дека тоа е причината што се одлучила за нагодба со Лејтон. Лекарката на Мартина вели дека закрепнувањето на тениската легенда се одвива добро.

Ова не првпат Навратилова да „плаќа сметки“ по раскинување на врската. Кога во 1991 година ја раскинала својата осумгодишна врска со Џуди Нелсон, и' исплатила 3,5 милиони американски долари. Подоцна Нелсон напишала и две книги за Навратилова.


#
Статијата е прочитана 2042 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Потрошувачките кредити мора да паднат
Универзитетско беззаконие
„Ираклис“ ги запали страстите со македонските знамиња
„Уф“ и „аu revoir“! Заврши агонијата за Франција“
Зона еден, зона два...
Климатските шокови фатални за здравјето
„Филип Втори“ ќе ги потроши милионите за спортот
Јужнокорејците, сепак, знаат нешто за фудбалот
Понесен од фудбалската треска, битолчанец падна од ѕид и почина
Overdose
Оезис го инспирираат Меси
Нови критики од Марадона за Џабулани
Симон Трпчески ќе го отвори „Охридско лето“
Умберто Боси
Папандреу и Груевски, конечно, се согласија
Анри повторно играше со рака