И двајцата премиери сакаат решение за спорот, ама не се согласуваат околу начините
Македонскиот и грчкиот премиер, Никола Груевски и Јоргос Папандреу, вчера пак се соочија во Истанбул, но и овој пат не излегоа со детали околу средбата, освен воопштените оценки за спорот околу името. Според соопштенијата, средбата повторно била во конструктивна атмосфера и веќе идната недела двајцата премиери ќе имаат нова прилика да разменат мислења. Траела петнаесетина минути и се случила за време на заедничкиот ручек.
Генерално, на Самитот на земјите од Југоисточна Европа во Истанбул Папандреу најави подготвеност за поскоро решавање на спорот, а Груевски предупреди дека билатералните спорови не треба да се наметнуваат како критериум. „Ако билатералните проблеми и недоразбирања се наметнуваат како критериум, верувајте, тоа ќе создаде ситуација во регионот која ќе предизвика огромни проблеми. Статус-кво ситуација кон евроатлантските интеграции не носи добро за никого“, порача Груевски пред лидерите од регионот.
„Јас и Никола презедовме иницијативи и нови напори за да го решиме ова многу важно прашање. Секако, под покровителство и со посредништво на Обединетите нации, подготвени сме поскоро да го најдеме потребното заеднички прифатливо решение. Наоѓањето решение не е потребно само заради билатералните односи, туку и за да се испрати силен сигнал за целиот регион“, рече Папандреу.
„Средбата беше конструктивна. Разменивме мислења за состојбата во двете земји и за актуелниот проблем наметнат од Грција за нашето име. Мислам дека, конечно, Грција сфати оти од наша страна има волја за решавање на спорот. Неговата изјава дека двајцата сакаме да го решиме спорот е добар сигнал оти кај грчкиот премиер нема дилеми дека и двајцата сакаме да го решиме проблемот“, изјави Груевски по средбата.
Дали се работи за политичка куртоазија на самит на кој треба да се говори за подобра регионална соработка или за вистинска волја да се мрднат работите, сепак, не е јасно. Папандреу, патем, посочи дека грчка цел и визија е сите земји од Балканот да се приклучат кон европското семејство и да се воспостави динамика за решавање на регионалните проблеми што, како што нагласи, ги има многу.
Македонскиот премиер, од своја страна, тврдеше дека во Македонија остануваме доследни на патот за европските и евроатлантските интеграции, водејќи одговорна надворешна и безбедносна политика. За Македонија, како што посочи, евроатлантското сојузништво не е декларативно, туку е реална потреба и за нас и за нашите партнери.
„На тој наш пат имаме сојузници со кои не' врзува искрено пријателство. Затоа, и натаму ќе работиме кон јакнењето и продлабочувањето на заемната доверба и пријателство. Преку сопствениот пример ја покажуваме посветеноста кон заедничките европски и регионални вредности. Но, сите треба да бидеме свесни дека мирот, безбедноста и стабилноста несомнено се засноваат и на споделената одговорност. Само така можеме да ја градиме заедничката иднина на Балканот, а со тоа и на поширокиот заеднички европски простор“, истакна Груевски.
Според него, лошата слика од минатото на Балканот може да се надмине само со подадена рака на помирување и со промовирање иницијативи кои ќе ја унапредат меѓусебната доверба и разбирање. „Денес, повеќе од кога било, на нашиот регион му е потребно да биде дел од отворениот простор во кој има слобода на движење на луѓе, идеи, капитал и производи, но не каков било, туку отворен простор во кој секој во себе ќе ги носи своите права и својот идентитет и каде што сите ќе бидат почитувани за тоа што се, без оглед каде живеат и каде работат“, додаде тој.
Инаку, Груевски и Папандреу за последен пат се сретнаа на 17 јуни во Брисел, а имаат шест средби кои беа оценети како корисни за зголемувањето на довербата и разбирањето меѓу двете страни, но не донесоа напредок во решавањето на билатералниот спор за името. (С.Ј.)
papandreu se seguva so grujo na grcite im godi da se odolgovlekuva i da mizeruvame ama grujo nego go vidi toa go vlece papandreu za nos ..prifati grujo vardarska drugo cere nema ti trpi narod.
Од: jug
Датум: 24.06.2010 00:18:06
Dvajcata premieri treba da se posvetat na realnite problemi na gragjanite na ovie dve drzavi. Kaj dvata sosedi postojat ogromni problemi i podobro e zaednicki ovoj region da se razviva planski i so pomos na pojakite evropski drzavi. Treba celta da bide edna sto pobrgu vo Nato i Evropa.
Од: Itar Pejo
Датум: 24.06.2010 00:43:32
Kakva e smislata na ovie sredbi koga VMRO objavi deka Branko pregovara pa duri i nesto podpisal. Ama ne kazuva so kogo i sto podpisal. Verojatno zatoa Gruevski pokusava od Papandreu da razberi sto e podpisano, ama ovoj lisec izgleda deka ne mu kazuva.
Од: ivo
Датум: 24.06.2010 01:18:32
Spor? Sto e toa spor? Nedorazbiranje? Sto e toa nedorazbiranje? Oficijalna postapka pred OON? Kakva e taa postapka? Pregovori za nadminuvanje na problemot?Kakvi se tie pregovori , oficijalni, neoficijalni, institucionalni, megjunarodni, bilateralni, ?Evropsko posreduvanje? Kakvo? Nie sakame da go resime sporot "oficijalen" ? Kade se vodi postapkata? ............Ako e ova politika , i ako e ova nekoja "oficijalna procedura" Jas sum doktor po deset nauki! Pardon, DR po 11 nauki! (Pravnata diploma si ja "skinav" neoficijalno so napustanje na advokaturata zaradi slicni diletantizmi vo pravniot sistem na R.M., no ako treba ke si ja povratam) Da ne navrediv nekogo ili jas treba da bidam navreden, pokraj toa sto mizeruvav so godini A la Gandi! ....More i beter!
Од: B
Датум: 24.06.2010 08:28:04
E ajde sega da glasate za komentarive, jas glasam za Ivo :)
Од: нерон
Датум: 24.06.2010 09:05:52
ништо ново изгледа, груевски се договорил со својот колега, како да си игра мајтап со бранко и народот за уште 5 месеци, но има нешто позитива за ова,, бранко изгледа дека во очите на вмро- не е веќе предавник...туку преговарач,,, а груевски е сега посредник меѓу тој и грците... учи учи,,, имаш уште да научиш....
Од: Petar
Датум: 24.06.2010 09:21:30
Грција има проблем со македонскиот идентитет, а Македонија со своите политичари
ВМРО-ДП најостро го осудува приклучувањето на државниот врв, претседателот на државата и премиерот, како и на ВМРО-ДПМНЕ, кон ставовите на парламентарната опозиција за “разумен компромис“, па сега заедно вршат притисок врз македонскиот народ да прифати промена на името, и со тоа предизвикуваат уште посилни притисоци однадвор.
ВМРО-ДП предупредува дека ваквата политика води кон братоубиствена војна, зашто македонскиот народ нема да прифати да се самоукине. Затоа на оние кои се нафатиле да бидат кумови, им порачуваме да се плашат од судот на народот, а не од притисоците однадвор.
Од: slartibartfast
Датум: 24.06.2010 09:34:19
Na fotografijata gore site stojat nekako prirodno samo nas Grujp glumi. Se gleda deka ne go biva.
Од: pameten
Датум: 24.06.2010 09:39:41
Grcija nema problem so Makedonskiot identitet, toku so shirenjeto na fantazijata deka deneshnite Makedonci imame kontinuitet so heleneziranite antichki Makeodnci. Ova fantazija shteti i na Grcija i na Makedonija. Kiro Gligorov pametno om kazha na Grcite deka ne poteknuvame od Aleksandar, a na Bugarite deka nashite iako da se narekuvale Bugari pred 100 godini, nishto vo svetot ne sedi na edno mesto... Ako ovo beshe nashata cvrsta crvena linija odamna kje gi reshivme site sporovi.
Од: nekoj
Датум: 24.06.2010 10:52:30
Petar, Grcija nema nikakov problem so vasiot identitet, zosto bi imala? Sto ke dobie so toa? Mislis deka Grcija nema popmaetni raboti pa ke se rasprava so nekojsi identitet na edna mala beznacajna zemja? Site znaat deka vie ste sloveni sto kradete tug identitet. Vie ste tie sto kradete identitet. Da ne se sucese toa ke ve priznaea kako Makedonija, no sega mora FYROM da se smeni vo nesto drugo. Tolku li e tesko da se razbere? Pozdrav od Thessaloniki!
Од: Maja
Датум: 24.06.2010 10:54:53
Iljada pati podobro Severna Makedonija odosto Vardarska Makedonija. Ova so "Vardarska" potsetuva istoriski na Srpskata provincija od vremeto posle Balkanskite vojni. A ovie od VMRO izgleda nataka turkaat, nakaj 'Vardarska' so nivnite recitacii za "Jugoviki" i taka natamu. Vardarska e mnogu poopasno za identitetot bidejci od toa ime lesno moze da staneme "Vardarci" (da ne recam "razvigorci"). Od Severna ne moze da bideme Severnjaci. Kako i da se vrti duri i da ne oslovuvaat vo nekoi sredbi so novoto ime kako narod, toa ne moze da se deli od Makedonci. A Severno-Makedonci e mnogu pobezbolno od Vardarci. Ajde sega, koe ime ni menuva identitet??? I zosto VMRO so negoviot Risteski turka nakaj Vardarska???