Нашите луѓе се на голема мака. Во која слободна зона да се вработат - е главна дилема што си ја поставуваат. Дали во скопските, кои добија карактер на сериско производство, „Бунарџик 1“ и „Бунарџик 2“, или во регионалните, што веќе никнуваат на секој чекор.
А како тргнал премиерот Никола Груевски да ве��ува вработувања во зоните, онака лежерно во негов стил, и тоа по неколку илјади во секоја, изгледа дека набргу не само што ќе се реши невработеноста, туку ќе бараме и работници од увоз!
Нема, нема, па ќе се отвори некоја слободна зона. Бидејќи во „Бунарџик 1“ снема место, Владата неодамна реши да гради и втора истоимена зона, само два, и тоа во непосредна близина на единицата. Ама и тие не беа доволни, па се појде во зонски поход низ регионите, а како оди работата, секој град ќе си добие своја зона.
Но, убедливо најинтересни се бројките за тоа колку работни места ќе се отвореле во нашите зони. За „Бунарџик 1“ во пребарувачите тешко може да се најдат податоци за ветените вработувања, бидејќи премногу текстови се напишаа за сите заинтересирани фирми, за сите меморандуми и за што уште не за оваа зона. Затоа, пак, свежи се сеќавањата за поновите зони. Најнова е тетовската, која ќе соберела дури 7.000 работници. Така барем рече премиерот откако го стави камен-темелникот. Не така одамна, се отвори и зона во Штип, каде што ќе имало 15.000 работни места. Истиот месец се промовираше и „Бунарџик 2“, со дури 5.000 вработувања во најава. Значи, најмалку 30-40 илјади среќници ќе најдат своја егзистенција. И до тука беше со илузиите. А фактите? Уф, кој мораше да ги спомнува тие здодевни факти. За жал, тие говорат дека досега се вработени само 160 луѓе во „Џонсон контролс“ и 128 работници во „Џонсон Мети“ засега се единствените станари во овие силни зони.
Koga go pustase vo "upotreba" Bunardzik 2, na sala napisav deka ,kako sto trgnal ke ima i 3 i 4.... ,no najverojatno na Bunardzik snemalo mesto za novi zoni, pa se preseli nakaj Tetovo. Pa neka skruzi sega nadole nakaj Kicevo,Ohrid, Prilep,Veles ,i neka go zatvori "zapadniot" krug vo Skopje, potoa neka pocne so "istocniot" krug. Taman ke ima dosta lopati da frla, a i rejtingot da go odrzi barem do Nova Godina.Za posle,ke smislime nekoja druga zafrkancija.
Од: cobe
Датум: 24.06.2010 07:18:57
Балканскиот ТИГАР се раѓа........ во болните умови на ВМРО-вците и Тања Бумбарката со верната дружина........
Од: Трајковски
Датум: 24.06.2010 07:33:39
Не, туку ќе се вработуваме во Зоната на самракот на Бранко Црвенковски!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 24.06.2010 07:43:27
Covekot ne znae sto da prae vo kancelarija, pa odi na rabota tocno napladne,pa so lopata lopatari niz Makedonija, frla beton i ispraca poraki.So trosocite za ovaa propaganda i unistuvanje na plodno zemjiste ke otvorea nekolku fabriki ili zemjodelski zadrugi.Ova EPP i lazgi za mali deca ja urnisuva Makedonija.Sramno i bedno.
Од: bezanec
Датум: 24.06.2010 14:11:00
Бидејки на лагата и се кратки нозето,така вели народната поговорка,вождот сакаше да ги продолжи,се спуште на југо-исток кон штип на запад кон тетово а бидејки се кратки се уште нозете,врз основа на поговорката,утре ќе смислат друга зона.