Број 3315  четврток, 24 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Потрошувачките кредити мора да паднат

Под притисок на Законот за облигациони односи, Банките од 1 јули ќе мора да ги сведат каматите на овие кредити до 13 отсто

Соња Маџовска

Речиси сите потрошувачки кредити од наредната недела ќе поевтинат, дури и за три отсто. Банките, под притисок на Законот за облигациони односи и со падот на референтната каматна стапка, од 1 јули ќе мора да ги сведат ка��атите на потрошувачките и на денарските кредити до 13 отсто. Бидејќи овие кредити најлесно се одобруваат, некои и без поголема процедура и обезбедувања, значи дека имаат и највисоки камати, кои достигнуваат до 16 отсто.

Ги анализиравме кредитите во трите поголеми банки. Во НЛБ Тутунска банка ќе поевтинат таканаречените „виолетов“ и „сребрен“ потрошувачки кредит за кои каматата се движи од над 13 отсто, па 15,7 се' до 16 проценти, кој е најскап кредит, а е наменет за пензионерите. За Стопанска банка граѓаните најмногу ги интересира тоа што ќе се намали каматата на често користениот О.К. кредит, кој има камата од 14,09 отсто за оние што примаат плата преку оваа банка, а до 15,6 проценти за корисниците на овој кредит, но кои не земаат плата преку Стопанска. Во оваа банка ќе паднат и каматите на други потрошувачки кредити, кои се движат од 13 до 16 отсто. Тоа се најчесто денарски потрошувачки и ненаменски кредити. Станбените и автомобилските кредити нема да поевтинат, бидејќи каматите за овие заеми во поголемиот број банки се под 10 отсто. Во Комерцијална банка најскапи кредити, исто така, се ненаменските и потрошувачките, чии камати достигнуваат до 15,5 отсто. Ќе се намалат и каматите на некои кредитни картички.

Иако, банките очигледно се упорни и отворено кажаа дека за да дојде до поголемо намалување на каматите на сите кредити ќе чекаат Народна банка на Македонија да ја намали и задолжителната резерва. Сега, според Законот за облигации, ќе искористат оние што барем имаат потрошувачки кредити.

„Ќе поевтинат денарските и потрошувачките кредити поради падот на референтната каматна стапка. Тоа се законски усогласувања со Законот за облигациони односи. За поголем пад на каматите не е репер само референтната каматна стапка. Ако веќе се релаксира монетарната политика треба да се размислува и за намалување на задолжителната резерва“, објаснува Срѓан Крстиќ, директор на Шпаркасе банка. Тој вели дека за многу мал процент ќе има корекција и на девизните кредити што се врзани со Еуриборот.

И од ТТК банка велат дека ќе се намалат каматните стапки кои се сега повисоки за ненаменските кредити, потрошувачки и кредитите со послабо обезбедување. „Најчесто овие типови кредити имаат повисоки каматни стапки од очекуваната законска казнена камата, која ќе стартува од 1 јули, па кај нив ќе се очекува и најголемо намалување. Банките сега нудат кредити со посигурно обезбедување за пониски каматни стапки. На пример, со хипотека за 13-14 отсто, а потрошувачки за 15-16 отсто. Во ваков случај со намалувањето на законската казнена каматна стапка потрошувачкиот кредит би се намалил од 16 отсто на 13 отсто и логично е да се намали за малку и кредитот со посигурно обезбедување. Значи, промената на референтната каматна стапка повлекува промени во севкупните производни портфолија на банките“, вели Елена Младеновска-Јеленковиќ од ТТК банка.

Според Законот за облигации, од 1 јули највисоката банкарска камата за граѓаните мора да биде до 13 проценти, а за фирмите до 15 отсто. Со овој Закон лимитирана е законската затезна камата или казнена камата на пет плус осум или 13 проценти. Од друга страна, договорната каматна стапка за продуктот не смее да биде повисока од казнената, што значи дека сите продукти што банките ги продавале над 13 отсто, каматни стапките ќе паднат. Од февруари казнената камата за денарските кредити се пресметува на тој начин што се зема основната камата на НБМ плус осум проценти за граѓани, а за фирмите се зема основната плус 10 отсто. Законот предвидува два пати годишно, во јануари и во јули, да се коригира основата, ако во меѓувреме имало промени на каматата на НБМ, а во овие месеци имаше неколку намалувања на основната камата. Според банкарите, падот на активните камати ќе предизвика и пад на каматните стапки и на депозитите. Инаку, банкарите воопшто не го поддржуваа овој Закон и неколку пати бараа негово одложување. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 2032 пати.

Испрати коментар

Од: MMF
Датум: 24.06.2010 08:19:40
А дали знаете колку достигнува каматата за потрошувачки кредит во Алфа Банка, ЦЕЛИ 17% и на крај памет не им оди да ги намалат. СРАМОТА,
Од: Mile Dimov
Датум: 24.06.2010 08:52:47
Zosto nisto ne pisuvate za Alfa banka kade ima najvisoki ,,lihvarski,, kamati za potrosuvacki krediti od 16% Ni gi odobrija so 10% za po nekolku meseci da ja zgolemat kamatata za celi 60%.Iako NBM ja namaluva nekolku pati kamatata tie uporno ja drzat lihvata na 16% Nikogas poveke kredit od taa banka
Од: nadidan
Датум: 24.06.2010 09:28:41
Не е само Алфа банка туку и во Стопанска за ОК кредит се плаќа 15,65% камата.Каде е тука законот да се почитува,каде се казните како што казнуваат секого кого ќе стигнат,туку само удри по сиромавиот, не џабе е онаа старат поговорка "сиромавиот дупло плаќа".И уште едно прашање до господата банкари-лихвари,ЗОШТО НЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ПРИВАТНОСТА НА СВОИТЕ КЛИЕНТИ И ДОЗВОЛУВААТ ДА ИМ ГИ БЛОКИРААТ ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ,на запад тоа не дозволиво и казниво,кој апсурд.............
Од: jas
Датум: 24.06.2010 09:36:20
Koga pisuvate podatoci redno e i da gi proverite pred da gi objavite. Ne se tocni podatocite za NLB Tutunska Banka. Kaj spomenatite "violetov" i "srebren" potrosuvacki kredit koj se nameneti za administracija i za penzioneri kamatata e 11.9%. Ne e tesko da se proveri, samo otvorete go sajtot na bankata i ke se uverite.
Од: nekoj
Датум: 24.06.2010 10:53:51
Wow, epa vo EU glupavi edni kamata e od 4-5%, ponekogas se simnuva i pod toa nivo. Da ne zboruvam kolku lesno se dobivaat.
Од: јас
Датум: 24.06.2010 11:21:10
Па добро бе , кога банките се лихвари , кој ве тера да земате пари од нив??? После , болело !!! Е ќе боли !! Оти не ве боли кога ќе го земите кредитот и го потрошите на глупости ?!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Универзитетско беззаконие
Три милиони долари за молчењето на бившата девојка
„Ираклис“ ги запали страстите со македонските знамиња
„Уф“ и „аu revoir“! Заврши агонијата за Франција“
Зона еден, зона два...
Климатските шокови фатални за здравјето
„Филип Втори“ ќе ги потроши милионите за спортот
Јужнокорејците, сепак, знаат нешто за фудбалот
Понесен од фудбалската треска, битолчанец падна од ѕид и почина
Overdose
Оезис го инспирираат Меси
Нови критики од Марадона за Џабулани
Симон Трпчески ќе го отвори „Охридско лето“
Умберто Боси
Папандреу и Груевски, конечно, се согласија
Анри повторно играше со рака