Број 3315  четврток, 24 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

„Уф“ и „аu revoir“! Заврши агонијата за Франција“

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Уф! Конечно е ставен крај на повеќедневната трагикомедија и агонија на француската фудбалска репрезентација, која им го загорчи животот на љубителите на фудбалот во Франција и ја изложи земјата на потсмев во цел свет.

Сјајот на „триколорите“ кога станаа светски шампиони во 1998 на СП во својата татков��на, почна токму со победата на првиот натпревар против Јужна Африка. Падот и срамот на францускиот фудбал, како еден вид иронија на спортот, се случи токму на средбата со Јужна Африка. Во 1998 година во француската селекција дебитираше Тиери Хенри, во Јужна Африка тој им стави крај без сомневање на неговата кариера како репрезентативец, со голема дамка направена на квалификациите против Ирска, кога неговата рака ја однесе Франција на СП.

Франција на последната средба не успеа да си ја спаси честа, ако воопшто и остана нешто од неа во последните неколку дена по поразот против Мексико. Французите сами си ја ископаа дупката, да не кажеме гробот во кој паднаа. Тие беа смешни и нивното однесување недолично за спортисти од тоа ниво, кои им служат како модел на младите во предградијата од каде што потекнуваат најголем број од нив. Ако некој на светот со задоволство ја проследи елиминацијата на Французите, освен самите Французи, кои повеќе не можеа да ја издржат агонијата, која им се служи во сите медиуми, тоа се Ирците, кои беа елиминирани во баражот од „раката“ на Анри.

Како и што се очекуваше, што беше и практика во последно време францускиот печат, кој не штедеше на критиките и негативните суперлативи за начинот на кој играа и се однесуваа нивните „разгалени“ фудбалери и милионери, ја искористи и последната можност да го излие својот гнев и незадоволство од срамната и понижувачка елиминација.

„Уште еднаш браво!“ е насловот во „Либерасион“, кој не пропушта да забележи дека оваа екипа на Франција заврши срамно, како и што „нечесно“ се квалификува во Јужна Африка.

„Индепендент“ со многу потсмев ги поздравува „Здраво микиевци“, „Прогрес“ им порачува „Чао кукли“, за „Дофине либере“ дојдено е време за враќање на „нулите“ за метла во Федерацијата. Ете готово е, тие изгубија, пишува „Вож Матан“, триколорите си останаа верни на нивниот имиџ стекнат на Еврото во 2008 година. Без шеф, без душа, без револт. Уште полошо смета „Прогрес“, тоа што го видовме од француските фудбалери е само фудбал, ама многу лош фудбал игран од лоши момчиња, водени од една комбинација на имбецили, неспособни и неодговорни. Во сето тоа има и олеснување, бидејќи како никогаш досега еден пораз на француската репрезентација не беше пречекан со толку големо олеснување.

Не е лошото во тоа што Франција беше поразена во два натпревари, туку во тоа што таа лошо загуби. Бидејќи поразот на фудбалскиот терен беше и пораз и на теренот на моралот. Во оваа оцена се впуштија и француските филозофи, како Алан Финкиелкрот кој не штеди многу на зборовите критикувајќи ги фудбалерите кои се далеку од идејата што ја имаше за фудбалот Алберт Ками. Ками, кој покрај писател, беше и фудбалски голман, секогаш сакаше да потсети дека за моралот научил многу од фудбалот... Но очигледно дека Ками играше фудбал во други времиња....

„Наместо убава игра на теренот, француските играчи успеаја да реализираат вистински подвиг: да станат предмет на потсмевање во целиот свет“ – признава „Ле Журнал де ла Хот Марн“. Во една изјава која остана незабележана пред почетокот на светското првенство, селекторот Доменек се надеваше дека никој нема да се „смее“ на играта која ќе ја прикажат Французите. Ама очигледно дека не успеаа во тоа. Инаку, Доменек верува многу во астрологијата.

За спортскиот весник „Л’екип“, кој прв го извади скандалот за навредите кои Анелка ги испрати на сметка на Доменек, елиминацијата е „Крај на светот“, бидејќи не смее да се сметаат луѓето за глупави. Провокацијата е суптилна уметност и без сомневање форма на интелегенција, освен кога тоа е извалкано со напрченост и ароганција“. Весникот бара да прекине инерцијата на Федерацијата, која очигледно е надмината од настаните. Спортскиот весник бара во „аферите“ на Федерацијата да се вмеша и владата, за да францускиот фудбал не остане и натаму во рацете на кукли-панукли.

Некои веќе ја бараат одговорноста за поразот, играчите како капитенот Патрис Евра најавува дека ќе го одврзе наскоро јазикот и ќе каже што се случувало во нивниот раскошен „затвор“ на брегот на Индискиот океан.

„Дерниер нувел д’Алзас“ констатира дека „овој неуспех е, пред се', приказна за 24-25-годишните ѕвезди милионери, за млади со огромен егоизам. Весникот „Ла монтањ“ неуспехот го става на сметка на индивидуализмот на ведетите кои беа само наредени во екипата и на кои им се даваат само пари.

За „Л’ест републикан“ француските играчи се „средни и катастрофални играчи на теренот скапани од парите и одгледани според законот на француските предградија, без вредност, без почит, без воспитување.“

Селекторот е најодговорен за неуспехот, но и претседателот на ФФФ, Ескалет, е соучесник во кукавичлакот и самозадоволството, оценува „Шарант либр“.

Според „Републик ди Сентр“ денес се наметнува само едно нешто за францускиот фудбал: радикално обновување на неговите раководни структури. Сепак, има и такви кои веруваат во иднината и способноста на новиот селектор Лорен Блан, кој францускиот печат и љубителите на фудбалот го чекаат како пророк. „Обновувањето и иднината се во рацете на Лоран Блан, кој ќе има слобода за маневри и за создавање нова екипа“, заклучува „ Ле мен либр и Курие де л’уест“.

Но, сигурно од сите коментари ситуацијата најдобро ја отсликува еден цртеж на насловната страница на весникот „Суд уест“ објавена деновиве. На него еден возрасен човек бара од неговите деца да не ја допираат топката. Внимавајте! – им вели тој на децата, покажувајќи со прст кон француските фудбалери – тие ја имаат извалкано! Да, навистина е крај на светот, барем за оваа генерација француски фудбалери.


#
Статијата е прочитана 979 пати.

Испрати коментар

Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 24.06.2010 00:23:17
Да им го пратиме Харалампие, да ги подсреди малку...
Од: Jovan
Датум: 24.06.2010 10:41:07
Tolku mnogu se arogantni sto mislam deka ke eksplodiraat od arogancija.I ne se samo fudbalerite site francuzi se takvi,arogantni do bezkraj.Sramota
Од: sk
Датум: 24.06.2010 14:05:03
Ne znaat kolku pari imaat i samo eden ili dvajca se rodeni fo Francija - kakov patriotizam ocekuvas.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Потрошувачките кредити мора да паднат
Универзитетско беззаконие
Три милиони долари за молчењето на бившата девојка
„Ираклис“ ги запали страстите со македонските знамиња
Зона еден, зона два...
Климатските шокови фатални за здравјето
„Филип Втори“ ќе ги потроши милионите за спортот
Јужнокорејците, сепак, знаат нешто за фудбалот
Понесен од фудбалската треска, битолчанец падна од ѕид и почина
Overdose
Оезис го инспирираат Меси
Нови критики од Марадона за Џабулани
Симон Трпчески ќе го отвори „Охридско лето“
Умберто Боси
Папандреу и Груевски, конечно, се согласија
Анри повторно играше со рака