Нови критики од Марадона за Џабулани
Нови критики од Диего Марадона за официјалната топка на Светското првенство, Џабулани, иако неговата Аргентина со максимален ефект ја мина групата Б и се пласира во осминафиналето.
„Вистина е дека теренот и топката се исти за сите екипи, но сите екипи немаат подеднакво добри техничари. Мислам дека технички подобро поткованите играчите губат бидејќи топката отскокнува неправилно. Знам што говорам, на тренинг тоа го доживеав повеќе пати“, рече Марадона.
Тој дополнува дека со оваа топка тешко може да се изведат прецизни додавања во далечина или да се постигне гол од голема дистанца.
„Затоа на ова Светско првенство не видовме убави потези“, вели Марадона.
И напаѓачот на шпанската репрезентација, Фернандо Торес, порача дека се' уште не е прилагоден на новата топка и дека со неа тешко може да се игра и да се постигнуваат голови. |