Број 3315  четврток, 24 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Симон Трпчески ќе го отвори „Охридско лето“

Невена Поповска

Со настапот на светски познатиот македонски пијанист, маестро Симон Трпчески, во придружба на Рускиот национален оркестар под раководство на диригентот Михаил Плетњов на сцената на Античкиот театар, ќе биде отворено годинашното 50. фестивалско издание на најпознатата музичко-сценска манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“.

Јубилејното ретроспективно фестивалско издание ќе понуди бројни настапи на домашни и на странски уметници, ансамбли, солисти, камерни состави, со театарски претстави и балетски изведби. Во четириесетте фестивалски вечери од 12 до 20 август љубителите на уметноста ќе можат да проследат 25 концерти, 13 театар��ки претстави, една балетска претстава и еден оперски гала-концерт, изведувани на сцените на Античкиот театар, црквата „Св. Софија“, Долни сарај, „Св. Јован Канео“ и Центарот за култура „Глигор Прличев“.

Музичкиот дел од годинешното фестивалско издание го сочинуваат настапи на солисти и на дуо-состави и десет концерти на оркестри и камерни состави. Меѓу нив се и гостувањата на светски познати музички имиња како виолинистот Џулијан Рахлин, пијанистите од светската елита како Петер Лаул, Николај Лугански, Рамзи Јаса и Денис Мацуев и бројни уметници од Швајцарија, Србија, Русија, Австрија, Албанија, Словенија, Германија, Египет, Унгарија и од Чешка.

Јубилејното фестивалско издание издание ќе го одбележат и осум концерти на домашни музичари, како настапот на Македонската филхармони��а со гости од Русија, Младинскиот камерен оркестар, Македонската опера и балет со солисти од светски познатиот Бољшој театар од Русија.

Драмскиот дел на фестивалот годинава го сочинуваат осум домашни театарски претстави и пет гостувања, од кои само една премиерна изведба и тоа настапот на актерите на Драмскиот театар од Скопје со претставата „Хамлет“ во режија на Дејан Пројковски.

Инаку, на годинешното јубилејно издание на најреномираната музичко-сценска манифестација во земјата му претходеа бројни кадровски промени. Минатата недела од должноста беше разрешен директорот Тони Симоновски поради, како што беше посочено од Министерството за култура, незаконско и несовесно работење и големи пропусти во програмата и во организацијата на минатогодишното издание на „Охридско лето“. До назначувањето нов директор со манифестацијата ќе раководи Васко Зоровски како в.д. директор, кој веќе беше прв човек на фестивалот „Охридско лето“.

Во почетокот на мај оставка поднесе и Зоран Џорлев, кој беше претседател на Управниот одбор на фестивалот. Со одлука на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на функцијата беше назначен Зоран Велјаноски-Летра.


#
Статијата е прочитана 528 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Потрошувачките кредити мора да паднат
Универзитетско беззаконие
Три милиони долари за молчењето на бившата девојка
„Ираклис“ ги запали страстите со македонските знамиња
„Уф“ и „аu revoir“! Заврши агонијата за Франција“
Зона еден, зона два...
Климатските шокови фатални за здравјето
„Филип Втори“ ќе ги потроши милионите за спортот
Јужнокорејците, сепак, знаат нешто за фудбалот
Понесен од фудбалската треска, битолчанец падна од ѕид и почина
Overdose
Оезис го инспирираат Меси
Нови критики од Марадона за Џабулани
Умберто Боси
Папандреу и Груевски, конечно, се согласија
Анри повторно играше со рака