„Ираклис“ ги запали страстите со македонските знамиња
Не е реткост на грчките првенства да се користат туѓи знамиња за да се изнервира спротивната екипа
Миркица Поповиќ
Фудбалот е најважната работа на светот. Тоа уште еднаш го покажаа и фановите на солунскиот фудбалски клуб „Ираклис“, кои по Солун, се подготвени денес да ја вандализираат Атина, и што е најинтересно за нас, провоцирајќи со македонски знамиња.
Изнервирани од одлуката на Грчката фудбалска федерација да им ја одземе лиценцата за настап во Суперлигата, фановите на најстариот грчки фудбалски клуб се фрлија по барање на правдата преку масовен протест придружен со стандарден навивачки вандализам.
Покрај скандалозното бојадисување со црна боја на Белата кула, едно од главните културно-историски обележја на Солун, навивачите предизвикаа големо бранување во јавноста откога неколкумина од нив извадија македонски знамиња на протестот.
„Ова не е држава! Ако Грција не знае да го почитува најстариот клуб, ќе одиме да играме во Скопје“, беа дел од коментарите на фановите на „Ираклис“ околу овој гест. Некои од поддржувачите ги сменија своите лични слики на „Фејсбук“ со слика од македонското знаме врз кое има принт на логото на „Ираклис“.
„Преместувањето на најстариот грчки клуб во втора лига е одраз е најголема навреда и непочитување и доколку Грција смета дека може така да се однесува, тогаш подобро е да се игра во друга држава“, гласеа коментарите на текстовите на блоговите и на форуми во врска со случувањата на протестите.
Македонското знаме во овој случај не беше поврзано со поддршка на нашата држава. Како што велат фудбалски фанови во Грција, честопати на натпреварите на солунските клубови со атинските може да се забележат турски и бугарски знамиња. Причините се чисто навивачки, да се испровоцира, или поточно, да се изнервира другата страна.
„Овој пат се фативте за знамето, како да не знаете што симболизира. На натпреварите на солунските клубови „Арис“ и ПАОК се забележуваат турски и бугарски знамиња, ама не, ние сега сме предавници. Како да не ви е јасно каде лежи проблемот. Да се отворат досиејата на сите клубови, па да видиме кој прв ќе затворат, дали Ираклис или останатите“, реагираа фановите на коментарите во кои ги напаѓаат дека се предавници и создаваат дополнителни проблеми и негативна слика за Грција, кои одат во прилог на Македонија.
Иако во телевизиските вести и весниците не се крена прашина околу овој настан, блоговите и форумите горат од жестоките дискусии околу последиците од овој потег. Спортските новинари и голем дел од Грците преку блоговите го осудија овој гест како атак врз сопствената држава во критично време за решавање на проблемот за името. Не беа ретки ни оние што навивачите од Ираклис ги карактеризираа како предавн��ци и им посакаа едно балканско „е, ако, нека ви ја одземат лиценцата кога вака се однесувате“, подвлекувајќи дека на ваков начин само ја губат поддршката и симпатиите од останатите фудбалски фанови во државата. Некои од блогерите на саркастичен начин побараа од грчката влада да му дозволи на клубот да премине во македонски редови поставувајќи во постовите и линк до веб-страницата на Македонската фудбалска федерација.
Како дојде до сево ова? Пред дваесетина дена фудбалската федерација одлучи дека поради финансиски проблеми, „Ираклис“ за 2010/2011 година не ги исполнува условите да добие лиценца за Прва лига. Најстариот грчки фудбалски клуб во последните две години е во сериозни финансиски проблеми. Неможноста до оваа година да го зголеми профитот и неисплаќањето на четворица странски играчи се само дел од причините за одлуката на фудбалската федерација клубот да премине во второлигашите на Грција. По нивната одлука, клубот поднесе жалба, која е предвидено денес да се разгледува во Федерацијата.
Огромен број навивачи што ноќеска заминаа за Атина без здив ќе ја чекаат конечната одлука. Нејзиното одбивањето ќе ескалира во нов бран протести и безредија од солунските фудбалски фанови, нешто што во последните месеци е секојдневје на граѓаните во Солун и во Атина.
ke dojde den koga navistina ke sozree vo Solun Makedonski identitet i kaj grcite, ne od nekoj etnoloski pricini tuku cisto ekonomski; imeno so decenii Atina gi ima privilegiite na drzavnata birokratija, a od stopanstvo samo trgovija i turizam a Solun e regionot kade se proizveduva i hrana i industriski artikli . Koga togash ke dojde do podelba, slicna na Ceshkoslovackata ili sega Belgiskata.. No po se izgleda na Grcija i TREBA sporot so IMETO, za da poradi nadnacionalni interesi go prigushuva antagonizmot pomegu Atina i Solun !!
Од: Nikola
Датум: 24.06.2010 01:34:16
Povelete vo Makedonskata prva liga,dobrodojdeni ste !
Од: pusta zelba
Датум: 24.06.2010 02:29:20
Ovie se zabegani Makedonci. Ne znaat sto sakaat, go smenivme znameto pa sega posegaat po ova sto go imame. Gospod da cuva, ke pocnat da ni go ucat i jazikot pa ke pobaraat obedinuvanje so nas. Sto ke sledi potoa?
Од: perica
Датум: 24.06.2010 03:10:49
podrska, za Iraklis.
Uaaaa PAOK/:Partizan
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 24.06.2010 05:57:38
I, Cestitam, na Novinar so vakov napis.Znaminat ,nekoj Si Skopski Vecer,vcera gi identifirase kako ,da e Solun makedonski Nacion. Imam videno vo Skopje nekolku pati,na sportski natprevari ,se mozjni ;znamina=zastavi. Zamislete ,Ako Belgrad dojde da igra protiv Niski Radnicki so svojata zastava sto ja ima so insignija Kalemegdan ,i Nisliite imaat svoja zastava so insignija na Konstantinovata Tvgjava.Dali nekoj ce posomneva ,deka se raboti ,za dvre nacii! Uste ednas bravo za Novinarot!
Од: Mила Македонијо
Датум: 24.06.2010 07:53:19
Има тука многу работи. Арис и Ираклис се клубови за кои навиваат староседелците т.е.Македонците а за другите дојденците . Асимилирани така вака ама тоа е .Тоа ми го рекоа Македонци од Грција кои доагаат на утакмици во Скопје. Знамињата ги носат луге кои зборуваат македонски и тоа е херојство. Луге кои незнаат за состојбите во Грција нека не тресат од ракав. Грција си има проблем и затоа не јаде за името. Излезе весник. Од Грција ке има уште вести. Добри за нас Македонците. А потоа на ред е Бугарија со три милиони луге со македонско потекло.
Од: flying-monaco-pusta zelba
Датум: 24.06.2010 08:03:47
Ovie demonstranti kako da im velat na predavnicite od Makedonija: (komunjarite) Dojdete da se uverite deka postoime, i sme Makedonci i se borime za ime i identitet. Ako dojdite na vlast ke ne prodadete...chuvaj boze skrae bilo...
Од: Игор
Датум: 24.06.2010 09:27:51
Какви македонци од Солун бре неписмени?
Читате ли вие што пишува и која им е целта со мафтањето на македонското знаме?
Неверојатно е колку прост и лесен за манипулирање народ живее во државава
Од: ilija
Датум: 24.06.2010 09:28:20
Vie so komentarite ste site psihopati!!!
Navijacite na Iraklis a pogotovo na Aris se dokazani grchki nacionalisti...
Од: SPIRIDON
Датум: 24.06.2010 10:19:32
Na tugjata nesreka ne se raduvaj,mečkata može da zaigra i pred tvoja vrata,...A be sekoj so svojo k*smet.Ama podaleko od tugjoto,neli.Voa ne ne prae pogulemi makedonci,ta ne antički,ta ne slovenski.
Од: Dejan
Датум: 24.06.2010 10:32:30
Neka povelat-dobredojdeni se Iraklis!!
Од: Борче
Датум: 24.06.2010 12:09:44
Луѓето ем читаат, ем не разбираат :)) Таков ни е IQ-то во Македонија со вакво образование и со ваква политичка пропаганда каква што прави ДПМНЕ секојдневно. Ниту Македонци протестирале, ниту пак навистина сакаат да играат во Македонија. Сетоа тоа е пародија и провокација кон останатите грчки клубови за да привлечат внимание. Во разни протести грчките протестанти често употребуваат странски знамиња за провокација. А вие продолжете да се радувате дека Солун ќе играл во Македонија. Е боже!