Арената во Скопје треба да биде завршена до 2013 година. Како потоа ќе се одржува никој не знае
Сања Наумовска
Стадионот во Скопје, „Филип Втори“, наместо напролет, ќе биде готов во 2013 година. До крајот на годинава ќе заврши реконструкцијата на јужната трибина и ќе се довршат источната и западната трибина. Со тоа градскиот стадион ќе биде употреблив за натпревари, но ни оддалеку нема да биде готов.
Според проектот, целосната реконструкција и изградба ќе чинат дури 72 милиона евра, во кои не се вкалкулирани парите за проектирањето за кое дополнително се исплатени 10 милиони денари.
Во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) велат дека се обезбедени парите за довршување на градежните работи предвидени за годинава. Тие тврдат дека на компанијата „Бетон“ и' се исплатувале сите изработени позиции, а кризата не влијаела врз утврдената динамика.
„Досега за сработеното на северната трибина на ’Бетон’ му се исплатени 760 милиони денари, а за источна и за западна околу 200 милиони денари. До крајот на годината треба да се потрошат уште 500 милиони за планираното довршување на трибините“, велат во ЈПССДП.
Сепак, во Јавното претпријатие не прецизираат дали ќе има пари и за наредните три години кога треба да се заврши стадионот, кој, според замислите на Владата, треба да биде фудбалска арена слична на европските модерни стадиони.
Дефинитивно, напуштена е замислата во новиот изглед да се ��метнат и скулптури на лавови и на војници со штитови. Идејата се родила за време на проектирањето кога и биле исцртани споменици на сите четири агли на теренот, со висина и до дваесетина метри, како и кордон од војници со штитови на влезот на арената. Сепак, од практични, можеби и од финансиски причини, а можеби и од естетско-политички причини, идејата нема да се реализира.
Иако според првичната замисла требаше да се урне и одново да се изгради само северната трибина, која има капацитет од 10.030 гледачи и за тоа да се потрошат околу 10 милиони евра, сепак, проектот е проширен за уште шеесетина милиони евра.
Така, покрај источната и западната трибина, кои, исто така, се обновуваат од корен, се реконструира и јужната трибина. Исток и запад ќе бидат на три нивоа со капацитет за 5.996 гледачи. На јужната трибина, пак, ќе се заменуваат столчињата и ќе се обновува ентериерот.
Дали во овие пари е пресметана и донацијата од најмалку еден милион евра од УЕФА за јужната трибина, не успеавме да дознаеме.
Во проектот влегува и затворање на фасадата со илуминација, целосна реконструкција на теренот со нов дренажен систем и атлетска патека. Во поттрибинскиот простор ќе има шопинг-центри, хотел за спортисти, медицински центар, теретани, музеј, ресторани, сала на трофеи и друго.
Огромниот проект ќе биде финиширан во 2013 година со изградба на уште еден меѓу двата постојни пешачки мостови на Вардар, кои ќе треба да водат кон катна гаража. По завршувањето на реконструкцијата, арената „Филип Втори“ ќе има капацитет од 33.000 гледачи. На јужната трибина ќе може да се сместат 11.477 навивачи, а 474 ВИП-места се распоредени на 5 нивоа на север. Поттрибинскиот простор е со големина од 22.148 квадратни метри.
Сиот проект е многу амбициозен и чини огромни пари не само за македонски услови. Огромно прашање е колку оваа инвестиција ќе биде исплатлива затоа што дали еднаш или два пати годишно ќе се наполни стадионот. Во меѓувреме, на првенствените фудбалски натпревари ќе доаѓаат илјада до две илјади гледачи, а некогаш и помалку.
Дали ќе беше подобро сите овие пари да се вложеа во спортистите на сите полиња за да можат достојно да не' претставуваат на меѓународните натпревари за да бидеме конкурентни, е исто прашање на кое никој не сака да даде одговор.
Досега јавно не се соопштува колку ќе чини одржувањето на еден ваков објект кога тој нема приходи. За грандиозните замисли секоја година ќе бидат потребни и грандиозни пари. Македонската економија е на колена и клучното прашање е дали моментално на државава и' требаше ваква инвестиција на која после не ќе знаеме што да и' правиме.
promesena imvesticija a ne ednas godisno tuku nikogas nema da ima 33iljadi gledaci a na domasno prvenstvo ima po 100gedaca,70mil evra a nema 1mil za drzavna kardiohirurgija?ili pak za lekovi a ludje umirat od leukemija...pa tolkav kapacitet nemat pogolemi gradovi vo ev ili e ova perenje pari ppocnale so 10 pa zavrsuvat so 70mil evra ioli koj znae kolku?kako prugata kon bug pocnaa som 80mil dolari a potrosija 300 i ne ja zarvsija....
Од: armakedon
Датум: 24.06.2010 00:59:24
fala bogu se najde nekoj pameten vo makedonija da izgradit eden ubav fudbalski hram edinstveni bevme vo svetov dosega duri uganda ima poubaj stadioni od nas
bravo za arena FILIP VTORI bravoooooooooooooo
Од: македонец
Датум: 24.06.2010 01:33:36
Нормално дека треба да се направи стадионот... или вие сакате на некоја ледина, со овци што пасат покрај теренот да се играат натпреварите а??? и вие немате две чисти се глеа... боже што се нема да чујам...
Од: ace
Датум: 24.06.2010 02:47:55
ajde sega i stadion ne vi se sviga
pa dobro so ke e dobro spored vas da se napravi
da igra nasata reprezentacija kfalifikacii vo srbija ili bugarija kako domakin
vie ne ste normalni
Од: Grozdober
Датум: 24.06.2010 08:32:15
E poradi vakvi textovi ke se vratite na vlast na 15ti septemvri 2045 a moze ni togas!!!
Од: Fudbaler
Датум: 24.06.2010 09:06:34
Sanja devojko ne znam sto sakate so da dokazete so ova? Pa lugje Vladata ne napravi 15 vakvi sportski objekti! Ova e prv i edinstven sportski objekt koj bi gi zadovoluval standardite na FIFA i UEFA! Dali kako graganin na ovaa drzava si svesna deka vo 20 godisna istorija na sportot kako samostojna drzava sme nemale stadion so koi bi se gordela? Ili mozebi samo pisuvas bez pritoa malce da razmislis kako bi se custvuvale Mak reprezentativci koga bi ja prestavuvale svojata drzava igrajki na prethodniot stadion? Ili jas sum zalutan vo sportot ili vie ste pregolemi eksperti za sport, pa kazuvate kolku tesko kje se odrzuval Stadionot!
Од: SPIRIDON
Датум: 24.06.2010 09:45:40
Alooooo,komentatoreeeee,so red,u aut ste na novio stadion.Nema vika do 15 sept. 2045 vrakanje.Kako šo e trgnato nema nida ja dočekame 2045.Raspagjame se batka.Miriše na trulež.Stadioni kako Uganda,bolnici kako Burundi,patišča kako Somalija.Od maalskite konferencii,da VMR-ovcite ili SDSM-ovcite,ne gleate od noso podaleko,a Evropa ojde.Ubavo ni e vaka,vojvodite so bugarski pasoši,drugi "dušebrižnici"gulemi makedonci so grčki,srpski,švedski,češki i ne znam kakvi se veke pasoši ne zemaa,za da pobegnat od krivičnio progon za lapanoto.A nija ušče Grujo vaka,Branko onaka,koj e poličen i pogulem bokser.Ej Makedonijo,šo beme šo staname.
Од: sase
Датум: 24.06.2010 10:06:25
sanja sramota od vasa strana so napisanovo
Од: mkd
Датум: 24.06.2010 10:17:51
Konecno ke IMAME STADION kako sto dolikuva.
Pa vakov stadion cini 150-200 milioni evra i sumata za koja se zboruva ne e previsoka.
Sportot kaj nas e problematicen poradi strukturnata postavenost.Treba da se PRIVATIZIRAAT klubovite i sekoj da saka da raboti,prodava igraci PRAVI PROFIT,prodava dresovi itn. Sega kako sto e nema sansi kako sponzori.
Zatoa pamet vo glava i dosta kritikuvate
Од: pero za fudbaler
Датум: 24.06.2010 11:59:55
Dobro bre site raboti vo drzavava gi sredivme, ete sega i stadion kje imame po evropski terk. ZA KOGO SAMO? Za da igrame nereseno so lihtenstajn?
Lugje, fatete resavajte gi zivotnite problemi na naselenieto, ne frlajte pari na gluposti.
Од: gradba
Датум: 24.06.2010 12:50:43
ako ne se gradi zosto ne se gradi ako se gradi zosto se gradi najdimu um na ovoj narod