Не е вистина дека немаме решение, туку дека не го сакаме, односно повеќе сакаме да останеме опиени
Еминем призна дека откако двапати речиси умрел од предозирање, прекинал да се дрогира. Се прашувам дали нација може да смогне капацитет, па да признае дека се предозирала на национал-патриотизам, со што би можела да почне некаква рехабилитација. Вака, бидејќи сме заглавени во психолошка фаза - порекнување, не можеме ни да признаеме дека имаме проблем, а камоли да почнеме да го решаваме.
Факт е дека во последниве неколку години дрогата на ксенофобичниот патриотизам метастазира и не' фрла во опијатски транс. Комбинацијата на загрозеноста на нашето поимање за македонскиот идентитет, поврзана со нужното решение на проблемот со името, заедно со засилената реторика на власта и подобните гласноговорници - новинари, создаде атмосфера во која сите се однесуваме како да сме дрогирани со лесни опијати. Разумот е победен, страстите и ниските нагони владеат, секој што не е „на доза“, ни е непријател.
Како нација, се навлековме на емотивните и лепливи фрази во стилот туѓо не сакаме, своето не го даваме, и многу лесно се предадовме на новооткриениот „rush“. За жал, како и секоја дрога, и овие ритмични и лесноизгоровливи фрази и чувства со текот на времето ќе остават горчлив вкус, како што светот околу нас ќе продолжи да живее, а ние ќе останеме заглавени во нашите халуциногени чувства. Паралелите се повеќеслојни: постојат неколку паралели меѓу оригиналната форма на зависност и нашиов етнопатриотизам.
Прво правило кај зависниците е дека дозата со тек на време мора да се зголемува. Така и кај нас, од рационални, конкретни проблеми, реториката на „партиотите“ брзо преминува на високо емотивни и лесно запаливи реченици, кои имаат цел да ја измолзат и последната молекула енергија од и онака заморениот електорат.
Второ правило е дека секој наркоман бара друштво. По истата логика и партиотите бараат партиоти и агресивно регрутираат и делат предавници ако некој не се согласи со нивната кауза.
Губитник од ова е, во крајна линија, идентитетот. Под притисок од сите страни, тој веќе зазема една аморфна форма, недефинирана суштина, па така може истовремено да биде и антички и словенски, и Гоцев и Александров, и нов и стар. Оваа несигурност е директен резултат на опијатот што дневно го добиваме како доза, кој не' тера да се држиме за замислениот идентитет како за сламка, наместо него, да го живееме низ секојдневна редефиниција.
Оваа реторика истовремено влијае и на политичкиот дискурс. Двете најголеми партии, кои се соочуваат со проблеми во сопствениот рејтинг, по навика повторно влегоа во своите конформни зони, и со тоа уште го намалија демократскиот дијалог. ВМРО-ДПМНЕ под притисок на проблемот со името и паѓачкиот рејтинг, наместо како во почетокот да се занимава со реални проблеми, сега повторно влегува во старата рутина и дели партиотизам и етнонационални лекции. СДСМ, од друга страна, притиснат од инерцијата на својот рејтинг, се врати на напаѓање, наместо на нудење решенија. Ова е поразителна политика за двете најголеми партии. Губитник е гласачот, кој сега мора повторно да евалуира меѓу понудените опции, и на крајот ќе мора да избере наместо по аргументи, по чувство.
Ова дополнително предизвикува и реално поделено општество. Словенски или антички, партиоти или предавници, сдсмаши или вмровчиња, во секој случај, биполарно поделени и спротиставени социјални групи, кои немаат суштински општествен дијалог. Под влијание на дрогата на реторика што дневно ја примаат, тие не можат рационално да пресудат и да сплотат околу една заедничка идеја, туку мораат да наоѓаат класно идеолошки принудени социјални групи, во кои ќе лажираат припадност: уште една навика на наркоманите.
На крајот, проблемот не е во политичарите, туку во нас. Не е вистина дека немаме решение, туку дека не го сакаме, односно повеќе сакаме да останеме опиени. Како што вели Amy Winhouse: „They try to make me go to rehab… I say no, no, NO!“
Onie kako Petar veke poveke od dve godini pisuvaat i kazuvaat deka rejtingot paga,ama nikako da padne,koga i natamu rejtingot na vladeackata partija e 30% spored realni instituti sto pravat anketi.Spored Petar,zelbata na narodot za neprifakanje nikakva dodavka na imeto na drzavata,svoeto ne go dava,tugjo ne saka e kako zavisnost od droga i zatoa narodot e kako narkoman.Togas sto ke kaze Petar za nekoi pripadnici od narodite sto sakaat i tugjo kako Gegite,Srbite,takanarecenite Bugari,takanarecenite Grci,...Dali tie se nesto postrasno od narkomani,na primer dali tie se kako seriski ubijci?Ili za Petar tie imaat pravo da baraat tugjo?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.06.2010 06:24:27
Добро е да имаме напредок во квалификациите на сопствениот народ,од аутистичен сме прешле на популистички опиени зависници.За првите тешко се наоѓа лек додека за вториве има шанса.А и се прави погрешна опсервација на рејтингот на партиите,по се изгледа некому не му оди математиката,12% напрема 29%би требало нешто да говори, оти ова и само ова допринесува во добивањето на избори,се друго е варијабилно.Интересантно е од што е опиена опозицијата да е ваква,очајна и никаква.
Од: Срамота!
Датум: 24.06.2010 07:47:07
Срамота е да напишеш за својот народ дека е дрогиран затоа што не сака да си го смени името!!!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 24.06.2010 08:28:06
Koga toa bi go priznal ,Pastirot i bukvalno bi trebelo da cuva ovci, zatoa sto bez nacional-patriotizmot na kvadrat toj ne moze da si go pribere stadoto.A za drzavata koj ima vreme da misli pri tolku g(k)radbi, tenderi,lopati,proslavi,poraki...Koj da najde vreme da raboti?
Од: od nadvor
Датум: 24.06.2010 09:27:01
Aplauz za avtorot! Absolutno perfektno, sovršeno, jasno kažano. Tokmu taka i jas gi sfakam rabotite, no teško vaka so ovaa odlična paralela ke možam da gi objasnam - avtorot go napravi umesto mene. Samo edna zabeleška, koja što važi za site, što pišuvaat i so toa sakat nešto da kažat: pokratki rečenici (edna dolga čestopati može da se razdeli na 2 - 3 i smisolot ke bide poizražaen), i što pomalku stranski zborovi - ako e samata tema komplicirana, poubavo ke se sfati ako e pišana na svoj jazik. Rekov, ke prestanam da go čitam UV, no izgleda ušte ke se premislam, vredi. Pozdrav - i jaki ramenici!
Од: Grozdober
Датум: 24.06.2010 09:49:37
Petar, Fabrikata tvoja otide pod stechaj uste vo 2006 godina. Togas narodot te procita tebe i tvojot vozd.
So koe lice samo pisuvas i kako mislis da ti veruvame posle propasta na tvojata novinarska fabrika za boja, boja za farbanje na narodot.
Dali mislis deka pieme nafta i jademe cigli za dorucek???
Од: nekoj
Датум: 24.06.2010 10:44:38
Avtorot e vo pravo, exemplar 1, 2 i 3 se nacional-patriot, feliks i sramota, a gi ima i mnogu poveke. Dosega ne vidov nitu eden argument od ovie luge i kako mislat da go ubedat svetot deka crnoto e belo. Vo megunarodnoto pravo dragi makedonci postoi pomalku ili poveke logika i fakti. Svetot vi se smee, a najzalno e sto ke ja izgubite na kraj drzavata sto vi ja dadoa, mislejki deka zasluzuvate. Ne, ne zasluzuvate drzava, glup....luge.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 24.06.2010 13:21:33
Одличен текст!Ми ѕвони во ушите песната за Луси со Калеидоскопските Очи (Битлси:)!Како генетска карактеристика за Балканот,наместо дрога (не дека ја немаме во изобилие),имаме Кркљуш (националсоцијализам)обвиткан во секојдневни пароли-превези,за поубавото утре!Карактеристика на еден погубен менталитет во кој Вината за Злото,и самото Зло,е секогаш кај Другите,инаквите!Дури и кога има невреме,секогаш е со полоши црти кај соседот,за да се назначи „величината“на делувањето на „нашите“ Лидери!Како оправдување за Невремето (читај: Малоумна и Инфантилна Неспособна Власт) секогаш ја наоѓаме причината кај другите,во: „Тие немаат...“-додавајќи ги во трите точки (како опција) сите останати припадници на малцинствата кои живеат кај нас,како главна причина за неслогата и Кобните Состојби на Морбидната реалност!Погубен Менталитет каде сите Знаат Сè,а најмногу - Аналфабетите!
Од: valerija
Датум: 24.06.2010 14:04:40
za sramota sme nie narodot da im dozvolime na politicarite 20 godini da ne matkaat zamislete 2 milioni narod da nemoze pristojno da zivee da go narekuvaat kakov takov, zavisnici i sto li uste ne
priznavam narodot si e vinoven mu se molam na boga da se svesti da ne gi prokocka i slednite 20 godini