ВЕСТИ ОД СП
Анри повторно играше со рака
На самитот на најдобрите светски фудбалски репрезентации во Јужна Африка, француската дојде благодарение на играњето со рака на Тиери Анри по што „триколорите“ постигнаа гол против Република Ирска во мундијалскиот реванш бараж.
Напаѓачот на Барселона тогаш не се покаја, а очигледно му „ракомет“, па истата финта ја направи и пр��тив Јужноафриканската Република во мечот од последното трето коло во групата А. Ја забави топката со прсти, со рака ја смири и шутираше кон голот, исто како и во мечот со Ирците, само што овојпат неговиот обид мина без „последици“.
На југот на Африка „триколорите“ доживеаја вистинска бламажа. Меѓусебно се раскараа, не забележаа ниту една победа и по групната фаза, посрамотени, се вратија дома.
Малуда ја спаси Франција од нов неславен рекорд
Играчот за врска на Челзи, Флоран Малуда, ја спаси француската репрезентација од соборување на сопствениот неславен рекорд по бројот на минути без постигнат гол на Светските првенства. Со реализацијата во мечот против Јужна Африка тој го прекина постот на „триколорите“ што траеше 363 минути. Последниот гол за Французите беше дело на Зинедин Зидан во деветтата минута во финалето на СП 2006 во Германија.
Рекордната серија на Французите без погодок на Светските првенства изнесува 369 минути и траеше од последната минута во финалето на СП 1998 и голот на Емануел Пети до мечот со Јужна Кореја на Мундијалот пред четири години.
Ј. Африка прв дома��ин на СП што не ја мина групата
Репрезентацијата на Јужна Африка е првиот домаќин на Светските првенства што не успеа да ја мина првата натпреварувачка фаза. Во досегашните 18 мундијали сите домашни селекции се пласираа во осминафиналето. Дури осум од нив стигнаа и до финалето, при што Уругвај во 1930 година, Италија (1934), Англија (1966), Западна Германија (1974), Аргентина (1978) и Франција (1998) го подигнуваа шампионскиот пехар пред своите навивачи. |