Број 3315  четврток, 24 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Климатските шокови фатални за здравјето

Зголемен е бројот на пациенти со мозочни изливи
и со срцеви удари

Јасмина Јовановска


Климатските шокови и варирањето на надворешните температури од 20 до 25 Целзиусови степени може да имаат фатални последици како за хронично болните, така и за здравите луѓе. Иако поголемиот дел од населението едвај дочека освежување, на некои лица големата про��ена им предизвика големи здравствени тешкотии. Температурниот шок ги испровоцира и мозочните изливи и срцевите удари, а не помалку ги погоди и метеоропатите - личностите што имаат здравствени проблеми предизвикани од климатските промени. Со еден збор, како што велат лекарите, најмногу на удар се оние што страдаат од крвен притисок. Ваквиот пад на температурата и на надворешниот притисок влијае врз крвните садови со што доаѓа до покачување или до варирање на притисокот.

Заладувањето го олади и телефонот во Службата за итна медицинска помош во Скопје. Но, затоа го зголеми бројот на пациентите што се упатуваат кон клиниките, посебно кон Кардиологија, Токсикологија, Неврологија. Оттаму велат дека дневната фреквенција на пациентите е зголемена од 10 до 20 отсто, а за помош најчесто се јавуваат лица што се жалат на покачен крвен притисок, вртоглавици, колабирање.

Во тек на 24 часа, како што ни рече д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија што е ургентен интернистички центар, се прегледуваат најмалку по еден пациент со мозочен и по еден со срцев инфаркт. „Ако кај нас се само по еден, на Неврологија и на Кардиологија сигурно ги има повеќе, кои директно се испраќаат на клиниките“, смета д-р Чибишев, кој објаснува дека наглото заладување ги погодува подеднакво и хронично болните и метеоропатите.

Во центарот се јавуваат лица со вртоглавици, со колапси, но и со срцеви проблеми, со мозочен удар. „Населението е научено на топло и многу тешко ги поднесува овие разлики во температура што се проследени и со пад на надворешниот притисок“, додава д-р Чибишев. Меѓу болните најчесто се пациенти со некое хронично заболување, а најчесто не се придржувале до терапијата. „Кај нив нагло се влошува состојбата и се покачува крвниот притисок. Посебно ако сето тоа е искомбинирано со други ризик-фактори“, потенцира д-р Чибишев.

И на Кардиологија како жртви на промена на времето најчесто доаѓаат пациенти што претходно имале некое срцево или друго хронично заболување. „Со наглата промена се влошува состојбата, а најчесто варира притисокот, кој може да доведе до попуштање на срцевиот мускул и да се развие срцев удар“, објаснува д-р Лидија Поповска.

На Неврологија, пак, се забележува зголемен број на пациенти со мозочни изливи. „И додека пред една недела кога беше изгор предничеа класичните мозочни удари, сега благ пораст покажуваат мозочните изливи, односно крварењата во мозокот“, вели д-р Габриела Кузмановска од Клиниката за неврологија. Таа смета дека се' уште не може да се каже дека овие состојби се под влијание на промена на времето оти нема научен доказ за ваквата врска.

При драстичен пад на температурата кога нагло се менува и надворешниот притисок и влажноста, објаснува д-р Кузмановска, може нагло да се покачи притисокот, кој, пак, во зависност од состојбата на крвните садови и организмот може да предизвика мозочен удар или мозочен излив. Секако, дополнително влијание имаат и другите ризик-фактори, како што се масти во крвта, дебелината, шеќерот, пушењето.

На клиниката моментално има петмина пациенти со крварење во мозокот, или заедно со нив, вкупно 26 болни со мозочен удар. Меѓу пациентите со мозочни изливи, пред се', се хронично болни кои пред изливот имале некакво заболување на срцето или на крвните садови. Но, посебно загрижува што мозочните изливи ги напаѓаат и младите, и тоа над 40. година.

„Моментално на клиниката има 42-годишно момче со мозочен излив. Која е причината, се' уште се утврдува. Но, може да биде вродено проширување на мозочните крвни садови, потоа покачен крвен притисок, зголемени вредности на масти и шеќер во крвта, цигарите, алкохолот. Сево ова кога ќе се искомбинира со физички напор и стрес, може да го нападне мозокот“, објаснува д-р Кузмановска, која додава дека обично ретко некој од младите знаат дека имаат некаков здравствен проблем. Затоа, таа препорачува еднаш годишно да се прегледуваат масти и шеќер во крвта. Ова посебно им се препорачува на личности, кои во семејството веќе имале членови што доживеале мозочен удар или, пак, имаат некое заболување.

„Ако порано се открие, може и да се лекува. Кога ќе дојдат кај нас, ние само ја третираме последицата и не може да ги вратиме во состојбата пред да добијат удар или излив“, објаснува д-р Кузмановска.


#
Статијата е прочитана 2006 пати.

Испрати коментар

Од: Збунет....
Датум: 24.06.2010 09:16:33
42-годишно МОМЧЕ????
Од: ...
Датум: 24.06.2010 13:03:07
Климатските шокови + политичките шокови... чудо е колку сме издржливи.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Потрошувачките кредити мора да паднат
Универзитетско беззаконие
Три милиони долари за молчењето на бившата девојка
„Ираклис“ ги запали страстите со македонските знамиња
„Уф“ и „аu revoir“! Заврши агонијата за Франција“
Зона еден, зона два...
„Филип Втори“ ќе ги потр��ши милионите за спортот
Јужнокорејците, сепак, знаат нешто за фудбалот
Понесен од фудбалската треска, битолчанец падна од ѕид и почина
Overdose
Оезис го инспирираат Меси
Нови критики од Марадона за Џабулани
Симон Трпчески ќе го отвори „Охридско лето“
Умберто Боси
Папандреу и Груевски, конечно, се согласија
Анри повторно играше со рака