Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (4)

Бугарите туѓи за македонската душа

До 1941 година Македонците копнееја за ослободување од Србите, а сега истото тоа го посакуваат и од Бугарите, пишуваа во своите депеши Германците

Виктор Цветаноски


За време на Втората светска војна, Бугарија ќе застане на страната на фашистичка Германија. По окупацијата на Кралска Југославија и на другите балкански простори, при крајот на април 1941 година министрите за надворешни работи на Германија и на Италија потпишале спогодба за поделба на Балканот. Бугарија од вардарскиот дел на Македонија добила околу 23.800 квадратни километри, од егејскиот близу 13.000 и заедно со пиринскиот дел таа имале 42.000 квадратни километри, или малку повеќе од 2/3 од територијата на географска Македонија.

Влегувањето на бугарската војска во Македонија од пробугарски ориентираните граѓани било дочекано со голема еуфорија. Во Скопје, Велес, Штип, Охрид, Прилеп, Битола и во други градови бугарската војска била пречекана со цвеќе, а окупацијата била доживувана како ослободување. За да ја спроведе замислената бугаризација на македонскиот народ бил доведен броен бирократски апарат – големи полициски сили, просветни работници, свештеници и новинари.

Според истражувањето на д-р Раско Терзиовски, за потребите на 1.072 основни училишта и над 250 гимназии и средни училишта во учебната 1941/42 година од Бугарија пристигнале 1.508 просветни работници, а на Софискиот универзитет се запишале 211 студенти. Од Софија стасале и 280 свештеници кои имале задача „со крстот да се постигнат целите и разрешувањето на народното прашање во полза на бугарската држава: да се избистри народносниот амалгам во Македонија“.

Меѓутоа, Бугарите во Македонија не наишле на погодна почва каква што очекувале. Мошне интересни се оцените на Германците, нивните сојузници, кои во извештајот од септември 1943 година ќе констатираат дека македонскиот народ гледал кон Бугарите со одбивност од повеќе причини. „Бугарските службеници на македонската територија во свои раце ги држат значајните, меродавните и најпрофитните места во управата, додека Македонците се ставаат на одредени места, што тие го сметаат за понижување и не може да го усогласат со ослободувањето“, пишуваат во своите депеши Германците.

Во извештајот, исто така, пишува дека бугарските учители во училиштата ги воспитувале децата да станат шовинистички Бугари и ги подучувале да ги мразат Србите, што често ги доведувало до спротивставеност спрема родителите. Германците посочуваат дека Бугарите се стремеле кон тоа да ги одбележат Македонците како наполно заведени луѓе, со тенденција кај нив да потхрануваат чувство на пониска вредност и на тој начин без отпор да ги потчинат на своето раководство.

„Бугарите се служат речиси со истите владејачки методи како и Србите. Следствено на тоа, резултатите се исти. Се' до 1941 година Македонците копнееја за ослободување од Србите, а сега истото тоа го посакуваат и од Бугарите“, стои во извештајот.

Истовремено, Германците наведуваат дека со извесни исклучоци, мнозинството од Бугарите биле туѓи за душата на македонскиот народ. Тие кај него предизвикувале незадоволство кое се изразувало преку нивното движење: „стремеж за национална независност и зараза со комунизмот“. „Стремежот за независност има цел целосна автономија на македонскиот народ во состав на една јужнословенска држава. Постои желба од сегашното население на оваа територија да се создава еден македонско словенски народ, независен од влијанието на Србите и Бугарите, кој сам ќе решава за својата судбина. Ова движење, чие седиште е во Скопје, располага со многу приврзаници во интелектуалните кругови и зад себе има сигурно 80 отсто од селанството“, стои во извештајот.

Од тогашната бугарска власт не биле задоволни ниту тие што ги поддржувале. Д-р Ѓорѓи Чакарјаневски вели дека бројот на лицата кои се поврзале со тогашната бугарската власт, кои се сметале за Бугари, а Македонија ја гледале како дел од Бугарија бил мал. На Бугарите им се приклучиле, главно, побогатите и повлијателни лица.

„Бугарите нив ги држеле понастрана, не им давале раководни места и не ги вклучиле во политичкиот живот. Незадоволни од тоа држеле тајни средби и барале и тие да влезат во државната управа и да имаат свои претставници во бугарскиот парламент. По војната, тие што останаа доследни на сопственото убедување за бугарскиот карактер на Македонија, кои и не претставуваа некоја политичка сила, беа прогонувани и осудени од македонска држава, а еден број ликвидирани без судење“, вели д-р Чакарјаневски.

Се' уште е тајна колкав е вкупниот број на тие што биле ликвидирани од новата комунистичка власт, но со сигурност се знае дека без судење се стрелани 54 велешани. Во Ресен се убиени 17 лица, исто така, без судење, како и една поголема група во Куманово. На Димитар Чкатров, Димитар Ѓузелов и на некои нивни приврзаници им било судено во Скопје. Двајцата биле осудени и потоа тајно ликвидирани. Каде се погребани не се знае. И во Битола бил одржан судски процес на пробугарски квислинзи и поддржувачи на Михајлов на чело со Стефан Светиев, кој бил осуден на смрт.

Според германскиот историчар Штефан Требс, поголемиот дел од приврзаниците на Ванчо Михајлов го одобрувале де факто тоа присоединување на Македонија како „повторно обединување“ со „мајка Бугарија“. Михајлов во мај 1941 година се преселил во Загреб кај својот долгогодишен сојузник и пријател Анте Павелиќ од каде што продолжувал да поддржува тесни контакти со Рим и Берлин. „Пролетта 1943 година, тој се договара со началниците на италијанската армија за формирање вмровски одреди кои би ги помогнале италијанските окупаторски сили во северна Грција. Во октомври 1943 година, непосредно по повлекувањето на Италијанците од Балканот, по преговорите со рајхсфирерот на СС Хајнрих Химлер, Михајлов договара формирање силна вмровска заштитна група („Обезбедување“) составена од 12.000 мажи, која би била распоредена во грчките делови на Македонија окупирани од Германците. Меѓутоа, регрутирањето на нејзиниот состав се одолжува и не ја достигнува договорената моќ. Исто така, останува нереализиран и предлогот на Михајлов даден на Павелиќ за формирање силна платена армија на ВМРО, која би се борела против различните партизански одреди во босанскиот дел на НДХ“, истакнува Требс.

Веднаш по окупацијата на Македонија, царот Борис III, како и военото раководство на државата, гледале со неспокојство на активностите на Михајлов во Загреб, бидејќи се плашеле дека неговиот план да формира „слободна и независна Македонија“ можел да успее. „И, за да може да биде контролиран, се поништува неговата смртна пресуда и му се предлага да се врати во Бугарија и да заземе раководно место во Вардарска Македонија. На изненадување на Софија и на неговите најблиски соработници, Михајлов категорично го отфрла предлогот. Поповолна е неговата реакција кон предлогот на германскиот министер за надворешни работи, Јоаким фон Рибентроп, да биде претседател на една македонска држава под покровителство на Третиот рајх“, додава германскиот историчар.

Така, на 1 септември 1944 година, Хитлер издал „фирерска заповед“ за брзо прогласување и формирање слична таква држава. На 3 септември 1944 година Михајлов пристигнал со германски воен авион од Загреб во Софија каде што ја разгледува ситуацијата со останатите свои соработници. Меѓутоа, состојбата изгледа безнадежна. На 5 септември дошол во Скопје, а наредниот ден имал повеќе средби со активисти на ВМРО и со месни првенци. Требс пишува дека имал средби и со претставници на партизаните. По разговорите тој се откажува категорично да прогласи независност на Македонија. Па, така, со неговата сопруга Менча Карничу бил евакуирани од СС-припадниците од Скопје во австриските Алпи.

„Германскиот претставник, д-р Гарбен, во извештајот до министерот за надворешни работи на Рајхот пишува дека по опстојно испитување на околностите Иван Михајлов категорично одбил да ја прогласи независноста на Македонија, правдајќи се со тоа дека нема доволен број приврзаници готови до последен да ја застапуваат независноста и поради ’незадржливата прогресивна демократизација на целото население‘’“, вели д-р Марјан Димитриевски. „Никој не е подготвен да ја преземе одговорноста, бидејќи во барањето спас за сопствениот живот се' друго се одбива. Поголемиот дел од составот на Комитетот, како и соработниците на Михајлов, безобѕирно и набрзина ја напуштаат земјата“, ќе напише д-р Гарбен.

(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 3159 пати.

Испрати коментар

Од: Свилени Ракавици
Датум: 13.10.2010 12:19:21
Доста објективно напишано и ослободено од идеологија на национализам и политизација. Нешто што е незамислов да се прочита од историчари од Бугарија или Бугаристи.
Од: BulgarMak
Датум: 13.10.2010 12:20:14
"за потребите на 1.072 основни училишта и над 250 гимназии и средни училишта во учебната 1941/42 година од Бугарија пристигнале 1.508 просветни работници">>>демек по еден Бугарин на училиште, најверојатно македонски емигрант. Со еден учител школа не се прави, камоли гимназија. Значи мај самите Македонци се учеле во сопствени бугарски школи
Од: марија
Датум: 13.10.2010 12:27:04
Со овој Фељтон се потврдува една важна теза. Сите луѓе што се залагале за независна Македонија, пред 1990 година нашата наука ги третира како предавници и контраверзни, а нашата држава ги стрела без судење. Доколку сакаме да имаме цврста независна држава ќе мора машки на фактите да им погледнеме во очи.
Од: pameten
Датум: 13.10.2010 13:20:54
бил доведен броен бирократски апарат – големи полициски сили, просветни работници, свештеници и новинари. Ovo e golemata razlika megju 1915-1918 i 1941-1944. Vo 1915 Bugarite naishle vo Makedonija povekje od iljada domorodni Bugarski uchilishta i crkvi . Tie bile unishteni od Srbite. Inteligencijata protrana vo Bugarija, vo 1941 ne se vratila. Bugarite donesle avanturisti i karieristi. 1914-1944 bilo okupacija, no taa mora objektivno da se sporedi so kralskiot rezhim, so balisktichkata okupacija na Zapadnite delovi, so nacistichkata okupacija vo sep- okt. 44 i so pochetokot na komunsitichkiot rezhim po 44, krvaviot Bozhikj, Goli Otok...
Од: СРБОМАНИ ЧИТАЈТЕ а и повеке сте
Датум: 13.10.2010 13:49:24
Србомани читајте го текстот и уводот. Тоа е вистината. Доста пишувавте од српско школо. Македонија и македонскиот народ беа окупирани и извршена анексија од сите три соседи т.н. православни браќа. Извршија поголемо злосторство од турската империја. Србомани бугаромани гркомани сите ве мразам. Србомани најбројни сте.
Од: jovan
Датум: 13.10.2010 13:57:04
Moze li nekoj istoricar da mi dade nekoj fakt, dokaz ili informacija, dali imalo VMROvski odredi koj se borele za vreme na vtorata svetska vojna za nezavisna Makedonija i protiv fasizmot? Odgovorot moze da mi go dadete utre vo istava rubrika. Blagodaram.
Од: slartibartfast
Датум: 13.10.2010 14:08:52
E taka ama eve denesnive DPMNEvci go slavat Mihajlov kako golem makedonec, iako site znaeme sto bila negovata najgolema zelba. A zosto e toa taka tie si znaat.
Од: Валтер
Датум: 13.10.2010 14:47:43
Повеќето денешни модерни држави и нации во одреден период од својата историја имале внатрешни конфликти по разни основи, но фактот дека денес сеуште постојат говори дека некако ги надминале, остнатите исчезнале. Природен процес, историски околности, случајност, интереси, политики или нешто друго ?! Кај нас поделбата на балгарофили србомани и македонисти трае некако предолго, и не гледам зближување или помирување, ако за скоро време не се помириме, може и да ја снема Македонската држава. Потквасот фати а ние ште лутаме по прашањето на есенцијата или мајата. Дали мајата била расипана или потквасот не бил добро загреан !? Како и да било, киселото млеко не смееме да го истуриме. Македонија е се што имаме .... па макар била и од 45, со балгарски произход, грчко име, шиптарски 25% и српски дух.
Од: martin
Датум: 13.10.2010 14:54:22
i segasnava vlast na dpmne vo sorabotka so bugarofilite raboti na zabrzano prikrieno priklucuvanje na makedonija kon bugarija i toa e edinstveniot pat na makedonija kon eu i nato i zatoa se odogovlekuvaat pregovorite za imeto i za vlez vo eu i nato zatoa sto na krajot od procesot imeto nema da bide ni vazno a vazna ke bide celta
Од: cile
Датум: 13.10.2010 15:29:18
gledam tuka vo 2.svetska vojna vmro odredi se borele na str na bugari pa kako moze togas denes vmro da e za makedonija???
Од: nacional-patriot
Датум: 13.10.2010 19:37:04
Do Martin.Buckovski od SDSM sakase zaednicko slavenje na praznici so Sofija,a ne ovaa vlast.Ovaa vlast go odbi antimakedonskiot predlog ponuden od Sofija,a ako bese sega SDSM na vlast,verojatno ke go prifatese toj predlog.
Од: ohrid
Датум: 13.10.2010 19:42:59
ako se postovetuvaat so nas Makedoncite(bugarive) neka vratat se sto e ukradeno od Ohridskite crkvi,ma nastiri i od cela Makedonija vredni,istoriski neprocen livi bogatstva od raznorazen karakter,a ne gi krijat vo sofija i mnogu drugi nivni crkovni i vladini pbjekti i den denes.ps:ne bile Tatari pa so se ako ne poteknuvaat od niv pr:nemale car imale han citaj asparuh omurtag i dr.se e jasno

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Канал 5 и А1 во битка до истребување
Празници за поделби
Три години без Тоше
Семејството на фармерот Душко живее во страв
Данок на асфалт
Парите од ММФ паметно да се трошат
Сите рудари на безбедно
Да се биде геј на просторот на поранешна Југославија
МВР ќе ги расчисти пасошите до февруари
Музика за увото на премиерот
Aмерика не е задоволна што сработи ЕУ на Балканот
Еден од рударите бил фудбалер
Сообраќајна трагедија во Украина
Сметките за струја заглавени кај поштарите
Лелек
Љубовница го пречека својот рудар
Со маркетинг за спречување самоубиства
Откриени истребувачите на пчели
Српското знаме запалено во Тирана
Карикатура
Стил






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia