Љубовница го пречека својот рудар
(14.10.2010г.-09:57ч.) Рударот Џони Бариос (50) беше изненаден, но бргу се снајде и почна да се гушка со својата љубовница, која го пречека штом излезе на површина. Неговата сопруга, со која е 28 години во брак, одби да го чека, откако дозна дека нејзиниот сопруг со години ја изневерувал. „Драго ми е што е добро. Јас имам деца и внуци, тие се најважни“, изјави неговата сопруга, најавувајќи развод. Тоа, пак, го искористи љубовницата на Бариос, која со воодушевување го пречека.
|