Еден од рударите бил фудбалер
(14.10.2010г.-09:40ч.) Педесет и тригодишниот рудар Франклин Лобос, кој беше дел од спасените рудари во Чиле, бил дел од фудбалската репрезентација на таа земја што учествувала на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година. По излегувањето од спасувачката капсула, Лобос на кратко ги покажа своите фудбалски вештини, по што се прегрна со најблиските и претседателот на Чиле, Себастијан Пинера. Лобос работел како возач на камион, со кој ги превезувал рударите.
|