Откриени истребувачите на пчели
Партнерството меѓу армиски научници и ентомолози го лоцираше проблемот во габа заболена од вирус
Разрешена е една од најголемите мистерии: што ги истребува пчелите? Од 2006 година 20-40 проценти од колонии на пчели во САД доживеаја т.н. колапс на колонијата. Осомничените виновници се движат од пестициди до генетички модифицирана храна.
Уникатното партнерство меѓу армиски научници и ентомолози постигна голем успех: идентификувајќи нов осомничен или двајца. Габа заболена од вирус најверојатно е причина за проблемот, според извештајот на армиските научници во Мериленд и експертите за пчели во Монтана. Како таа комбинација ги убива пчелите, не е познато, откриваат научниците, но тоа ќе биде предмет на следната рунда истражувања. Меѓутоа, има цврсти индиции: и вирусот и габата се размножуваат во студено, влажно време и двата ја извршуваат својата валкана работа во цревата на пчелата, имплицирајќи дека исхраната на инсектот на некој начин е компромитирана.
Соработката меѓу армијата и академскиот свет не е новина. Втората светска војна можеби е најкомплетниот пример, беше завршена со атомските напади врз Јапонија во 1945 година што го овозможија научници - војници во проектот „Менхетен“. Група научници предводена од Џери Броменшенк од Универзитетот „Монтана“ во Мисула и во минатото ја истражуваше примената на пчели во армијата - на пример, развивајќи начин за употреба на пчелите во детектирање нагазни мини.
Но, истражувачите и од двете страни наведоа дека колапсот на колонијата е прв пат кога одбранбената машинерија на Одделот за внатрешна безбедност по 11-септемвриските напади и академскиот свет да ги здружат силите во решавање на проблем за кои и двете страни велат дека, најверојатно, никогаш не би го решиле самите. „Заедно можевме да гледаме во насоки во кои никој не би гледал“, изјави Колин Хендерсон, вонреден професор на Технолошкиот колеџ при Универзитетот „Монтана“ и член на тимот „Пчела аларм“ на д-р Броменшенк.
Како што се спојуваа делчињата од мозаикот така се покажа дека природата на човекот и на пчелата се меѓусебно поврзани. Двајца браќа помогнаа да се унапреди комуникацијата меѓу научните гранки. Случајна средба и зачувана визит-картичка се покажаа како значајни за овој случај. Дури и учењето како да се згмечат мртви пчели за анализа, вештина што не се учи во Вест Поинт, стана фактор. Еден неразумен колапс на колонија, зголемен со проблемот што пчелите не само што умреле туку одлетале во сите правци од кошницата и потоа умреле сами и се распрснале, направи да биде тешко да се реши случајот. Тоа беше причината голем број аутопсии врз пчелите, што, секако, ги направија ентомолозите, да бидат проблематични.
Тимот на д-р Броменшенк од Универзитетот „Монтана“ и Државниот универзитет „Монтана“ во Бозман, во соработка со армискиот Биолошко-хемиски центар „Еџвуд“, северозападно од Балтимор да соопштат дека вирус-габа, двоен удар врз инсектот, е пронајден до секоја уништена колонија што ја проучувала групата. Ниту еден од нив одделно не е способен да уништи цела колонија, но заедно тие се 100-процентно смртоносни. „Ова е една од оние работи - кој е прв кокошката или јајцето, не знаеме што дошло прво“, изјави д-р Броменшенк за комбинацијата вирус-габа, ниту, пак, е јасно дали една болест доволно ги ослабнува пчелите за да бидат докрајчени од другата или дали тие некако ги соединиле меѓусебните деструктивни сили. „Тие се кофактори, тоа е се' што можеме да кажеме моментално“, изјави тој. „Тие се присутни во сите уништени колонии“.
Истражувањето во Универзитетот „Калифорнија“ во Сан Франциско веќе ја идентификува габата како дел од проблемот. И неколку РНК-базирани вируси, исто така, се детектирани. Но, војската и тимот на „Монтана“ користејќи нов софтверски систем унапреден од армијата за анализирање на протеини, откри нов ДНК-базиран вирус и утврди врска со габата. „Наша задача е да имаме можност да ги заштитиме луѓето на терен од нешто биолошко“, вели Чарлс Вик, микробиолог во „Еџвуд“. Пчелите, вели д-р Вик, се покажаа како перфектна можност да се види што може да направи армискиот аналитички софтвер. „Го донесовме да се справи со овој проблем околу пчелите, и на некој начин направивме тестирање на терен“, изјави тој.
Армискиот софтверски систем - унапреден во се' поголемото поле на истражување на протеините - е дизајниран да тестира и идентификува биолошки агенси во услови каде што командантите можеби не ќе имаат идеја со каква опасност се соочуваат. Системот ги пронаоѓа уникатните протеини во примерокот, потоа го идентификува вирусот или друга микроскопска форма на живот врз основа на протеините за кои се знае дека ги содржи. Моќта на таа идеја во воената или заштитата од пчели е огромна, велат истражувачите, бидејќи им овозможува да го користат она што веќе го знаат за да пронајдат нешто за кое не ни знаат дека го бараат.
Но, беше потребна семејна врска преку Дејвид Вик, братот на Чарлс, за да се состави мозаикот. Кога пред неколку години коласот на пчелини колонии стана вест, Вик го видел ТВ-интервјуто на д-р Броменшенк за пчелите. Вик знаел за работата на неговиот брат во Мериленд и се сетил дека се видел со д-р Броменшенк на бизнис-конференција. Задржаната визит-картичка и телефонскиот повик направиле армијата и тимот „Пчела аларм“ да зујат околу исто цвеќе. Првите чекори биле несмасни, делумно поради тоа што армиската лабораторија немала искуство во тестирање на пчели, или поточно, да извлекува протеини од пчелите. „Ако не се лажам тоа беше во јануари 2007 година, средба во Бетесда, добивме кеса со пчели и тукушто почнавме да ги згмечуваме на работната маса“, вели Чарлс Вик. „Тоа беше многу комплицирано“. Процесот со тек на времето беше усовршен. Толчник и сад беа подобри од работната маса, а машинката за мелење кафе беше совршена за правење на добра каша од пчели.
Научниците во проектот нагласија дека нивните заклучоци не се конечни. Моделот, изгледа јасен, но потребно е дополнително истражување за да се утврди, на пример, како може да се спречат вакви појави во иднина и колку факторите на опкружувањето како топлината, студот или сушата може да влијаат. Тие наведуваат дека комбинирани напади во природата, како вирусот и габата инволвирани во смртта на пчелите, се доста вообичаена појава, и дека еден одговор во заштита на пчелините колонии би можел да биде да се стави фокус на габите, контролирано со антигабични агенси, особено кога ќе се детектира вирус.
Се' уште не е решена мистеријата околу тоа што ги натерало пчелите да се оддалечат од кошницата во времето на смртта. „Една теорија“, вели д-р Броменшенк, „е дека вирусно-габичната комбинација ја нарушува меморијата или навигациските способности и пчелите едноставно се губат. Друга теорија е некаков вид лудило кај инсектите. (Њујорк тајмс)
ТЕОРИИ
Се' уште не е решена мистеријата околу тоа што ги натерало пчелите да се оддалечат од кошницата во времето на смртта. Една теорија, вели д-р Броменшенк, е дека вирусно-габичната комбинација ја нарушува меморијата или навигациските способности и пчелите едноставно се губат. Друга теорија е, вели тој, некаков вид лудило кај инсектите
КОМБИНАЦИЈА
Вирус-габа, двоен удар врз инсектот, е пронајден до секоја уништена колонија што ја проучувала групата. Ниту еден од нив одделно не е способен да уништи цела колонија, но заедно тие се 100 процентно смртоносни |