Српското знаме запалено во Тирана
(14.10.2010г.-09:45ч.) Стотици млади Албанци синоќа протестираа пред Амбасадата на Србија во Тирана поради инцидентот во Џенова, кога српските навивачи го запалија знамето на Албанија на фудбалскиот натпревар против Италија. Протестот под силно полициско обезбедување траеше неколку минути, а притоа беше запалено српското знаме.
|