Сите рудари на безбедно
(14.10.2010г.-09Ч54ч.) Сите 33 рудари, кои минаа 69 дена под земја во рудник во Чиле, се извлечени на површина. Последен беше извлечен 54-годишниот Луис Урсуа, главен бригадир на групата рудари.
„Ве ослободувам од смената и Ве поздравувам. Како добар капетан на екипата, Вие излеговте последен“, му рече претседателот на Чиле, Себастијан Пинера.
Претседателот им се заблагодари на спасувачите, инженерите, лекарите и на Господ поради успешната спасувачка операција.
Спасувачката мисија на рударите, што беа заглавени 622 метри под земјата, траеше 22 часа и 38 минути и траеше меѓу 10 и 20 милиони долари.
„Државата обезбеди две третини од сумата, а останатиот дел беше финансиран од приватни донации“, рече Пинера.
|