Сообраќајна трагедија во Украина
Преполн патнички автобус вчера се судри со воз во источниот дел на Украина при што загинаа 40 лица, а десетина беа повредени, соопшти полицијата. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Јевени Краветс, изјави дека судирот се случил вчера изутрина надвор од градот Маранетс во регионот Дњетпропетровск откако автобусот се обидел да ја мине пругата, игнорирајќи ја сигнализацијата, која предупредувала дека се приближува воз. Спасувачи, лекари и иследници работат на местото на несреќата. Повредените патници се во критична состојба, открива Краветс. Сообраќајни и железнички несреќи се честа појава во Украина, каде што патиштата се во ужасна состојба, возилата се слабо одржувани, а возачите и патниците рутински не ги почитуваат безбедносните и сообраќајни правила. (Јаху њус)
|