Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Семејството на фармерот Душко живее во страв

Дали самоникнатата марихуана во нивата со компири ќе ја запечати судбината на Илиевски?

БИТОЛА - Страв, немир и неизвесност царуваат во куќата на битолскиот фармер Душко. Дали самоникнатата марихуана во нивата со компири ќе ја запечати судбината на семејството Илиевски? Браќата Душко (34) и Цане (37) и таткото Томе (57) се осомничени за недозволено производство и пуштање во промет на наркотички дроги и прекурзори. Но, се' уште чекаат одговор од битолското обвинителство дали ќе бидат ослободени од гонење или ќе бидат осудени на затвор за кривичното дело за кое се товарат.

„Имам страв дека нешто ќе ни наместат. Не верувам веќе ни во суд ни во полиција“, вели револтирано Душко Илиевски, поранешен водач на протестите на пропаднатата млекарница „Сведмилк“.

Судбина или поигрување на власта со обично македонско семејство? Ни самите Илиевци не знаат како да го протолкуваат ова што им се случи летово. Тие живеат со траумите од приведувањата и она што го доживеаја тие 12 дена во јули годинава поминати во притвор во битолскиот затвор. Згора на сета мака, на грбот ги притиска сиромаштија. Илиевски ги продадоа сите 40 крави и оставија само една, колку да има млеко за нивните четири деца. Сега десетте члена на семејството живеат крпен живот. Продаваат компири на битолскиот пазар.

Сепак, Душко Илиевски вели дека празните стомаци не им се најголема грижа, туку одлуката на обвинителството.

„Од 15 јули, кога не' апсеше полиција, истрагата не завршила. Немаше ниту место за притвор, ама ете и тој го преживеавме. Мислам дека овде е тешко да се најде независен судија, се' е под притисок на власта. Истрагата за нашиот случај е катастрофа. На 21 септември истражниот судија ги испрашуваше припадниците на полицијата, кои не апсеа. Не знаеја што зборуваат. Прво кажаа дека 20 дена не сме биле во нивата, а тие не' следеле. Но, молчеа кога моите адвокати ги прашаа кој го менуваше бренерот за наводнување на тревата. Едноставно, немаа одговор. Дел од тие инспектори пред да се вработат в полиција, беа од другата страна на законот. И сега во каква полиција јас треба да верувам?“, прашува растревожено поранешниот фармер Душко. Случајот, кој битолската полиција го продуцираше со самоникнатата марихуана без оглед на исходот засекогаш ќе остави длабоки лузни во животот на семејството Илиевски, а особено за децата.

„Не е само спектакуларното приведување и одредувањето притвор. Полицијата доставуваше информации до некои медиуми дека јас сум бил семеен насилник и дека сум тепал по дома. Потоа дека сум крадел. Ако е така, каде се пријавите дека сум бил осудуван или се' е на жими мајка. Тоа беше сценарио за да ме уништат како човек, сопруг и татко. И што направија? Останаа само траумите кај мојата три и полгодишна ќерка и внучињата. Децата заборавија да се смеат. Откако не' видоа на телевизија со лисици на раце, се наоѓаат под стрес“, зборува со гнев и очај Душко Илиевски.

Последици за здравјето од 12-дневниот притвор се' уште чувствува и таткото Томе. Иако на затворските служби им било предочено дека има проблеми со срцето, не му била укажана соодветна лекарска помош.

За случајот „Илиевски“ се заинтересирале и од ОБСЕ. Душко вели дека минатата недела ги посетиле и се интересирале за дивата марихуана, каде расте и со каков квалитет е...

„Ги однесов во нивата каде што се' уште има стебла од самоникната марихуана. Но, и по текот на реката Драгор за да видат дека таму има илјадници стебла со тревата канабис сатива. Иста е сликата и во цело Градско Поле. Ама никој не отишол во притвор за тоа. Се распрашуваа и за најголемиот штрајк кога го направивме со фармерите од ‘Сведмилк“, кога ги блокиравме патиштата околу Битола“, додава Илиевски.

Целата приказна околу случајот почнува и завршува со политика, оценува поранешниот фармер. Душко смета дека сево ова што го преживеаја тој и семејство се должи на неговиот говор на митингот на опозициската СДСМ во јуни годинава во Скопје.

„Знам дека се' почна оттаму. Целта на власта беше да ме заплаши мене, но и сите што мислат како мене. Ама јас не запрев таму. Зборував и на митингот на СДСМ во Прилеп, и тоа на 11 Октомври. И тогаш и сега го кажав мојот став кон актуелната власт, дека не' уништија и како сточари и како луѓе. Нашата борба ќе биде иста како и на генерацијата пред 69 години. Тие тогаш се бореа за да направат држава, а ние сега за да ја зачуваме нашата држава“, потенцира Душко Илиевски.

Истрагата за одгледување марихуана на тројцата осомничени од семејството Илиевски заврши. Ова го потврдува истражната судијка Милка Бизевска, прецизирајќи дека предметот е затворен на 23 септември, а наредниот ден е стасан во Обвинителство.

„Истрагата траеше подолго време, бидејќи Обвинителството побара дополнување на истрагата. Имаше вештачење и дополнителен распит на сведоци“, објаснува истражната судијка Бизевска, инаку портпаролка на Основниот суд во Битола.

Според Основниот јавен обвинител од Битола, Петар Аневски, до крајот на оваа недела или најдоцна наредната Обвинителството ќе се изјасни за Илиевски. „Предметот е кај нас. Деновиве ќе се одлучи дали против нив ќе биде поднесено обвинение или ќе бидат ослободени од гонење. Трета варијанта е да се побара уште едно дополнување на истрагата“, потврди обвинителот Аневски.

Додека Обвинителството одлучува што натаму со осомничените Илиевски, сточарот Душко се бори со секојдневните проблеми. Вчера таман отиде на пазар да продава компири, му се расипа тракторот. Тој вели дека едвај вади пари за л��б, а камоли за поправка на машината. Во вакви ситуации најмногу е лут на политичарите, кои цело лето со лаковани чевли парадираа и се сликаа на неговата нива со комипири, правејќи си личен маркетинг на маката на неговото семејство, а сега никаде ги нема.

„Уништен сум како сточар. Останав со една крава. Млекарницата ми должи 40 илјади евра за предадено млеко. Сега тонам и како земјоделец. Оваа година произведов над 100 тони црвени и зелени пиперки. Црвените ми ги платија по 13 денари за килограм, а зелените по 5 денари. Тотална катастрофа. Дванаесет до тринаесет тони пиперки скапаа во дворот на фармата. Сега единствен спас се компирите. Со нивна продажба се надевам дека ќе ја поминеме зимата. Колку за преживување“, се надева Душко Илиевски. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 3005 пати.

Испрати коментар

Од: Moris
Датум: 13.10.2010 12:12:51
toa sto oSCE gi odnel na teren moze da mu go tretiraat kako sorabotnik so stranski faktor, a toa sto e vo strav nema potreba da s eplasi.Ne e drzaven cinovnik pa da s eplasi d ago otpustat.Nema so da zagubi. Makedoncite zatoa se plasat oti se u drzavna administracija i ako gi pobrkaat od tamu politicki nema spas vo denesmno vreme.
Од: stipjanec
Датум: 13.10.2010 13:02:17
Abre Dusko... sega ke ti kazam zaso ne ti uspeal kompiro. Pa ti ne si go ni videl .. an epa da cekas da go beres. Ako si go golem zemjodelec ke si odil na nego sekoj den.. a ti ni ednsh ne si ojdel. Oti ako si ojdel ke si ja videl taa travata so ti porasnala 2-3 metri u kompirite. Posle na Dusko nekoj mu mestil, nasadil mu trava u nivata i on ne ja videl :). Ona ocite ke mu gi izvadila.. 2-3 metra mu porasnala ..a on na nivata ich ne odil :(. I posle mu mestile, se nego go mrazile oti bil od druga partija. Prikaznata mos i ke zavrsila srekno za Dusko ako ne go bea fanale , ke si ja prodades "travata" ke si soberese nekoja paricka i site srekni. E ama ne ispadna taka kako so Dusko planiral :(. Pitaj gi roditelite na tie deca so im se narkomani... oni ubavo ke ti kazat. Aj pozdrav.. kako bese onaa narodnata.. so si posejal..toa ke si znees ...
Од: b
Датум: 13.10.2010 13:34:58
Кому му се пла��ите? Македонија е со Вас! А се што е против нив неможат да затворат!
Од: Realist
Датум: 13.10.2010 13:54:11
Ne znam za Dusko,ama koj saka Marihuana neka odi vo Golo Strumicki ima marihuana,kolku sakas,prasaj gi trevkarite,bez pari soberi i smukaj kolku sakas.
Од: mene
Датум: 13.10.2010 14:05:59
a da si go imal marihuanata nemashe da brines.
Од: Trpe
Датум: 13.10.2010 16:05:56
OBSE ke mu najde care na konopot... niv muva ne gi laze, imaat imunitet..pa pred 2-3godini fatie eden niven sto prenesuvashe heroin od Turcija preku Makedonija i Albanja za Italija... ednash izleze vo vesnik i se se zaboravi...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.10.2010 18:50:14
Штипјанецот му ја собори маченичката слика на овој земјоделец а млекар.Марихуаната била самоникната е одбраната,што се би дале наркоманите да имаат ваква среќа да по нивните дворови или саксии имаа ваков самоникнат производ,ем уживање ем не си виновен оти е самораст.Сега ќе патува по градовите со патувачките востаници и ќе го користат како пример каква била власта кон чесен земјоделец.
Од: Сергеј
Датум: 13.10.2010 18:50:54
Без оглед на исходот од „случајот“, Илиевци се и ќе останат симбол на ова време на повампирен фашизам, кој со Груевски на чело на ваков начин се пресметува со неистомислениците - подметнувајчи им „криминал“. А додека тоа го прави, вистинскиот криминалец Моше Баум побегна со милионите кои ги доби за вложеното ЕДНО евро. Пардон, побегна откако веројатно ги подели со (некој од) највисоките структури на власта. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: bezanec
Датум: 13.10.2010 22:34:06
До штипјанец и како него,бркајте змии и гуштери и оставете ги луѓето со маката нека си живеат.бидејки поговорката вели„„ Ако комшијата се бричи ти се скамај„„Не се радувајте на туѓа болка„„патриоти предавници.
Од: boban kumanovo
Датум: 13.10.2010 23:32:54
Ajde bre lugje preteraa ovie vmr-ovci
Од: nikola
Датум: 14.10.2010 01:23:35
Gospod da cuva od vakov vid na informiranje. Da se pronajde marihuana niz niva koja se koristi za odgleduvanje na kompir, koj bara nekolkupati okopuvanje i vnimanie i da se tvrdi deka taa e slucajno tamu e cista glupost - tendencioznost. Pa dragi novinari, ne pravete "politicko" progonuvanje od sekoj sekoj kriminalen predmet.
Од: Cece
Датум: 14.10.2010 04:12:56
Mi e zal sto nevini decina mozat da patat za nemarlivosta na vozrasnite. Takva 'trevicka' nazalost ne rasti sama vo MKD..Mozda doslo seme od Tajland ili Laos preku oblacite pa se 'osemenile' nivite vo Bitola. More proverete si za vase dobro, vo vasata bavcicka, mozebi 'kokain' ili 'heroin' ke pocne da raste od tabletite sto gi frlavte...
Од: Do Feliks
Датум: 14.10.2010 04:48:45
Do Feliks, srekna nova 1949...upssss..2010.....
Од: sv dimitrija
Датум: 14.10.2010 05:03:32
Do koga ke se podrzavaat kriminalcite vo Makedonija ?.Bre luge treba da svatite Marihuana ne rsti bez voda a kompiri ne se fkusni ako se navodnuvaat.Sto znachi Marihuanata se navodnuvashe a kompirite bea samo pokritieza zlobata .Dali nekoj vo Makedonija kolku mladi zivoti se unishtuvaat od upotreba na MARIHUANA.
Од: Od kum
Датум: 14.10.2010 07:04:08
Ne e jasno kako toa edvaj prezivuvaat i propadnal a samiot zboruva deka proizvel preku 100 toni piperka ja prodal po cena koja e "sramna" i ostvaril 14 000 ovaa godina. Pa za sramota i zalenje se ljgjevo edvaj prezivuvaat neli.Kako bre ne vi e sram. Polovina makedonija zivee so 70 evra mesecno.

Најди! во Утрински
Насловна
Македонско-бугарски историски контроверзии (4)
Тиквешански
Канал 5 и А1 во битка до истребување
Празници за поделби
Три години без Тоше
Данок на асфалт
Парите од ММФ паметно да се трошат
Сите рудари на безбедно
Да се биде геј на просторот на поранешна Југославија
МВР ќе ги расчисти пасошите до февруари
Музика за увото на премиерот
Aмерика не е задоволна што сработи ЕУ на Балканот
Еден од рударите бил фудбалер
Сообраќајна трагедија во Украина
Сметките за струја заглавени кај поштарите
Лелек
Љубовница го пречека својот рудар
Со маркетинг за спречување самоубиства
Откриени истребувачите на пчели
Српското знаме запалено во Тирана
Карикатура
Стил






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia