Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Aмерика не е задоволна што сработи ЕУ на Балканот

 

Грција и натаму ја блокира Македонија, додека Хрватска се' уште чека на влезот во ЕУ, вели Брус Џексон

Посетата на државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, на Балканот е своевидна порака дека Америка не е задоволна од она што го има ЕУ досега направено во регионот. Со ваков став настапи Брус Џексон, американски аналитичар, претседател на проектот за транзициска демократија и член на Советот за надворешна политика во интервјуто дадено за Би-Би-Си. Според него, ЕУ практично ништо повеќе нема направено во регионот од ангажирањето на Американците во Босна и Херцеговина во 1994 и во Косово во 1999 година, како и по сите досегашни американски ангажмани за стабилизација на Балканот. „Освен тоа, Грција и натаму ја блокира Македонија, додека Хрватска се' уште чека на влезот во ЕУ“, смета Џексон, објаснувајќи дека Клинтон е незадоволна со темпото на интеграцијата на овој регион во Унијата.

Според него, посетата на Клинтон на Сараево, Белград и на Приштина претставува враќање на САД на Балканот и обид за завршување на незавршената работа, по запоставувањето на регионот од страна на претходната американска администрација на претседателот Џорџ Буш. „Стејт департментот настојува да покаже колку е важно за САД натамошно демократизирање на Балканот“, вели Џексон, кој открива дека Клинтон веќе има обезбедено поддршка од демократите и од републиканците за американско ангажирање во овој европски регион, што по неговото мислење беше суспендирано изминатите осум години.

Џексон ја отфрла и можноста САД да прифатат нова промена на границите на Балканот, како што за тоа повремено се разговара во Европа. „Само ако претседателот Барак Обама сака да биде сменет може да прифати нови граници на Балканот или во Југоисточна Европа“, вели тој, забележувајќи и' на ЕУ што не може да извлече поука од европските трагедии, во кои беа вовлекувани и Американците, како и од склоноста на Европа за менување на границите, по што се повикуваат САД за да го чуваат пеколот што го има направено. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1360 пати.

Испрати коментар

Од: Професорка
Датум: 13.10.2010 12:58:52
САД беа најгласни за создавање на Косово и менување на границите. ЕУ безсрамно тоа го подржа. Нека не се прават Американците дека се спасители. Ги видовме на многу места каде сеуште гинат недолжни цивили.
Од: Bafomet Sekularski Manchevsky-dragon Fly
Датум: 13.10.2010 15:18:51
Американците се тие што ги изместија сите можни ложи, лончиња и капаци на Балканот. Тие се директно виновни за хаосот што владее на овие ( сега дивјачки простори ) Тие беа директно инволвирани во увозот на муџахединската тајфа на балканот и во Европа - тие се виновни за креирањето на Македонија ваква каква што е денес и тие треба да ја распуштат Македонија - или да си превземат одговорност и да спроведат ред и мир! Што никогаш нема да се случи - бидејки амеиканецот ги штити своите и само своите интереси - многу добро.
Од: Albanec
Датум: 13.10.2010 15:35:32
SAD se najgolemi podrzuvaci za postoenjeto na Makedonija, zatoa PROFESRKE kocete malku so vasiot komentar. Kosovo nikoj ne go sozdal, Kosovo postoelo, no mracni misli i uveruvanja deka Kosovo bilo srpsko doagjat od lugje kako vas koi se polni so omraza kako kon Albancite taka i kon nasite najgolemi prijateli Amerikancite. Ako bi ja prasale Evropa, togas vojnite vo Balkan nikogas ne bi prestanale. Za bedata vo Balkanot tokmu Evropa e najodgovorna.
Од: perica
Датум: 13.10.2010 16:12:40
I treba da bidat zadovolni, ni ja rasplakaa majkata.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.10.2010 18:24:22
Ништо чудно и вакво нешто се очекува од САД.Е сега ова не им годи на нашиве одработувачи,кој заљубено гледаат кон Брисел и играат по она,,где ја оком ти скоком,,.Критиките по мене треба да ја почуствуваат и овие тукашниве играчи за унередување на достоинството на сопствената држава.По се изгледа избрале погрешен ментор.А народот веќе неколку пати им повторува да ептен згрешиле,но тие упорно играат загубен меч.
Од: џемал-Струга
Датум: 13.10.2010 19:29:57
Почитувана “Професорке“! Не можам да разберам од каде сте ја добиле таа титула, судејќи според она што го пишувате,ако ја заслужувате титулата која ја носите треба да имате основни познавања од историјата, Косово отсекогаш имало свои граници и истите само се потврдија и осигурија од Американците кои патем и се најзаслужни за постоење на Македонија како самостојна држава,но очигледно Вие немате доволно храброст да ја признаете Албанофобијата отворено а не меѓу редови како во вашиот коментар.
Од: Goran
Датум: 14.10.2010 01:56:31
Do Albanecot: kakvi najdobri prijateli bre coveku, vo SAD ne vi dozvoluvaat edna djamija da izgradite, vi go palea kuranot.. I nikoj ne gi involvira Amerikancite vo Balkanskite problemi, tuku od vremeto si go pikaa nosot kaj sto ne im pripagja i zatoa cel svet gi mrazi a tie se celite paranoicni, plasejki se nekoj da ne gi napadne
Од: Dark Avenger
Датум: 14.10.2010 04:11:59
Ah, nesto ni se voznemirija nasite sogragani Albanci? Kosovo vi go sozdadoa Amerikancite so besramnoto dolgomesecno bombardiranje, iako i togas rekoa deka nema da prifatat promeni na granicata. Isto kako sto zborat i za Makedonija, a drsko im gi spasija zadnicite na "borcite za covekovi prava" vo Aracinovo. Pftttttt!!!
Од: Simo profesorot
Датум: 14.10.2010 09:20:54
Koj e avtorot na ovoj text? - Zosto Utrinski go krie? mene mi lici na izmislen tekstov, ili proben balon... necij. Ako go prepisavte od nekade, pisete od kade. Nekako ne mi e bas tocna sodrzinata. Da ne e naracan? I uste nesto za komentatorite. Zosto Albancite se lutat, ako nekoj ne gi saka? - Ako nim pravoto da ne sakaat nekogo im e garantirano, zosto istoto pravo da go nemaat i Bugarite na primer?! ili Srbite? Fala Bogu i vo Amerika sosema e slobodno da gi mrazis muslimanite, ili crncite i obratno tie da gi mrazat protestantite i sekoj sekogo... Koj moze toa da go zabrani? Eve jas sum rom - cigan, i site me mrazat, pa profesor sum, ama vo tugjina!

Најди! во Утрински
Насловна
Македонско-бугарски историски контроверзии (4)
Тиквешански
Канал 5 и А1 во битка до истребување
Празници за поделби
Три години без Тоше
Семејството на фармерот Душко живее во страв
Данок на асфалт
Парите од ММФ паметно да се трошат
Сите рудари на безбедно
Да се биде геј на просторот на поранешна Југославија
МВР ќе ги расчисти пасошите до февруари
Музика за увото на премиерот
Еден од рударите бил фудбалер
Сообраќајна трагедија во Украина
Сметките за струја заглавени кај поштарите
Лелек
Љубовница го пречека својот рудар
Со маркетинг за спречување самоубиства
Откриени истребувачите на пчели
Српското знаме запалено во Тирана
Карикатура
Стил






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia