Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Канал 5 и А1 во битка до истребување

Војната не се води поради концепти, туку поради владините реклами

Светлана Унковска


Медиумската војна меѓу Канал 5, Сител и МТВ од една страна, и медиумите на Велија Рамковски - А1, „Време“ и „Шпиц“ од друга страна, е тема со која деновиве се отвораат вестите и се полнат насловните страници. Тоа што граѓаните се сведоци на примитивизмот на медиумите е исклучиво резултат на уште попримитивната битка што ја води политиката.

И наместо медиумскиот етер и печатот да презентираат што повеќе информации, мислења и анализи, нивната публика е принудена да биде сведок на безмилосната битка за економски интерес. Владата, како најголем рекламер и со тоа најголем финансиер, не само што ги влече конците во уредувачката политика туку придонесува за поделба на медиумите, кои се однесуваат како гладни кучиња што ќе се раскинат за парче месо. Секако дека економскиот профит е приоритетен за сопствениците, но цената на нивното разнебитување и разобличу��ање, сепак, е превисока. Поделбите не ги заобиколи ниту медиумите.

Експертите по комуникологија оценуват дека е жално што медиумската војна не се води поради концепти, уредувачка политика или привлекување своја публика, туку се води исклучиво за економски интерес. Ако константно се забележуваше дека политиката настојува постојано да има влијание во медиумите, сега самите радикално се вмешуваат во политиката.

„Најбитен момент во оваа војна е профитот, односно нивниот комерцијален интерес, а не интересот на публиката, која, инаку, бара квалитетна програма. Од друга страна, ваквата конфронтација и' одговара на политиката на власт, која сака на полесен начин без многу јавност да ги реализира своите интереси. Мислам дека овој период е клучен политички момент, пред се', поради многуте нерешени прашања и преку инструкции во одредени медиуми се обидува да го сврти вниманието“, смета професорот по комуникологија, Сефер Тахири.

Меѓусебните обвинувања и вадењето на валканите алишта за тоа кој бил поблизок до власта или е негова продолжена рака, кој во кое време и колку пари добивал за владините кампањи, кој не плаќа даноци, социјално и пензиско осигурување или кој какви судски спорови има, е јасна слика за тоа до каде се' се способни да одат медиумите во меѓусебното оцрнување и деградирање за да се придобие власта.

Провладините медиуми Канал 5, Сител и МТВ бараат институциите да постапуваат против, како што тврдат, „економските нелогичности“ на медиумите на Велија Рамковски. Во реакциите на А1, „Време“ и „Шпиц“, пак, велат дека зад нападите на овие конкурентски телевизии стои „нивниот налогодавач, премиерот Никола Груевски“ и дека Владата одвоила еден милион евра за телевизиите чии сопственици се дел од владината коалиција. Но, кршењето на Законот за радиодифузија, со кој е забрането лидер на политичка партија да има медиум, поминува неказнето со години, исто како што поминува и толерирањето на нелојалната конкуренција, односно еден сопственик да има повеќе медиуми.

Според Жидас Даскаловски од Центарот за истражување, последните случувања ги спуштија новинарските стандарди до мизерија и сега состојбите се доведени до тој степен што власта повеќе не ги придобива медиумите, туку тие се борат да ја придобијат неа.

„Сите можни забелешки што ги добивме од меѓународните институции, како што е „Фридом хаус“, наведуваат политичко влијание на медиумите. Но, наместо да имаме подобрување на овој план, сега имаме радикално вмешување на телевизиите во политиката, а оттука и нивна инструментализација“, оценува Даскаловски. Тој додава и дека власта секогаш тежнее да се служи со својата економска силина во однос на медиумите, но прашање е дали и веќе не се преминува границата на едно нормално однесување. Мотивите на медиумските газди и уредниците да започнат таква битка на самоистребување е несфатлива, додава Даскаловски, според кого, интензитетот со кој се води таа борба е поради зголемената активност на опозицијата, но и падот на рејтингот на премиерот.

И професорот Тахири смета дека клучен фактор во разединувањето на медиумите игра власта, според кого, не е нормален начинот на кој реагираат конкиурентските телевизии.

„Едноставно е несфатливо една владејачка политичка партија да реагира врз напис што не и' одговара, односно содржи голема доза на критичност на потезите на власта. Мислам дека со ова се покажува колкав ни е демократскиот дефицит и колку медиумската комуникација ја разбираат многу тоталитарно“, вели Тахири. (Св. У.)


#
Статијата е прочитана 3654 пати.

Испрати коментар

Од: Свилени Ракавици
Датум: 13.10.2010 12:12:05
Утрински и Нова Македонија се најизбалансирани медиуми иако и тие не се многу објективни.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 13.10.2010 12:14:38
Apel do site (seuste) normalni gragjani na RM - ne gledajte Kanal 5, A1, Sitel i MTV. Primitivizmot go dostigna toa nivo, sto jas kako gledac se sramev koga gi gledav prilozite na K5, Sitel i A1 (MTV odavna ne gledam). Kupete si satelitski i gledajte Discovery, NG, Travel.....duri i Boomerang e podobar za gledanje od gorenavedenive makedonski mediumi....
Од: TV novinarstvoto vo RM e zalosno
Датум: 13.10.2010 12:24:28
Samo vo Makedonija e mozno eden tajkun da ima televizija, dva dnevni vesnici i bezbroj firmi. A! ne e vece nikakva informativna kuca, tuku reklamer na firmite na nejziniot sopstvenik. Za drzavnata MTV vece ase e kazano, taa e sram za Makedonija, sram za novinarstvoto. belki so trganjeto na Tomic ce se trgnat i drugite nedokvakani partiski poltroni tnr novinari i lica koi vo niedna svetska TV ne bi se pojavile zosto prvo i prvo gi nece ekranot /ne se fotogenicni/ kako onaa voditelka na dnevnikot so kiseliot i nepriroden osmeh sto vestacki go pravi po sekpoja najava, tako sto toa izgleda tragicno i grotesno.
Од: Професорка
Датум: 13.10.2010 12:55:04
А1 ја гледа 80% од Македонија бидејќи е најобјективна. Продолжените раце на Власта, како Канал 5, Сител и МТВ ги гледаат најповеќе само гласачите на ДПМНЕ. Сите независни телевизии, во ова крајно партизирано време кога со наши пари Власта се рекламира (а што рекламира кога во се сме последни), заслужуваат честитки.
Од: kole
Датум: 13.10.2010 12:58:38
Гледајте малку (на youtube на пример) како се препукуваат телевизиите во САД. Не гледам дека таму некој нешто се жали, од фридомхоусе, или било кој. (секако, не мислам да ви сугерирам да не известувате за темава, само напред) Веројатно и во другите демократии е така. Нема препукувања само таму каде што нема кризи и тече “мед и млеко“ (како во балтичките држави, на пример). Зошто имате потреба да создавате идеализирана слика за светот и грда слика за Македонија? Не сум баш најсигурен?
Од: Јован
Датум: 13.10.2010 13:02:45
Канал 5 го следам често и мислам дека за разлика од Сител е многу принципиелен во своите барања. Едноставно прашува како е можно "Време" да има милионски промет (што многу веројатно ствара и профит) а да не пријавува придонеси ни за пензиско и за здравствено за вработените. И згора на тоа државата замижува на ваквите постапки кои се јавно објавени!? Отворената економија подразбира исти пазарни правила за сите. А Латас е друг муабет...
Од: Komentator
Датум: 13.10.2010 13:05:39
После заземањето и на ССМ(предходно на сите можни институции) останаа уште Уставниот суд неколку си медиуми, меѓу кои и А1 ТВ па да колачот биде цел. Тогаш сите ќе бидеме PINK CAT на месијата Грујо кој ни го испрати господ да ни го растумачи животот во Македонија што го живееме овие четири години дека ни тече мед и млеко,меѓутоа ние за тоа не сме ни свесни. Господ нека ни е на помош.
Од: СТОП ЗА ВЕЛИЈА
Датум: 13.10.2010 13:56:16
Овој човек несмее да има голема моќ.
Од: забеган.
Датум: 13.10.2010 14:52:49
Како да ја свртиш работата сепак А1 е нај објективна Телевизија.Мусе допаѓало тоа некому или не.Кој се уште го глеа Лапас или Миленко.
Од: Vladimir
Датум: 13.10.2010 15:10:54
Abe "profesorke"ako Vshata A1 tv ja gledaat 80% od gledacite,zashto ce mue na branko miting vo Prilep.Da troshi pari?Pa zar ne primetuvate deka samo na taa tv ima reklami,"strucni"lica(kako Frcko),i posle ne bile partijski.A kakvi se?Na Velija mu go prostija prviot milion Eurica,a sega istoto go ceka i od Grujce.Sekoja cest,vo prvo e Janko "Velija ti si mojot heroj",noviot slogon na SDSM.Pozzz
Од: Pece
Датум: 13.10.2010 15:31:24
Frekvenciite na MTV i na SITEL odamna se iskluceni na mojot televizor. Se obiduvav objektivnost da najdam na Kanal 5 i A1, no prviot veke stana partiski, a vtoriot stanuva glasilo na interesite na eden tajkun, iako dolgo vreme bese navistina najgledana televizija kaj nas. Ostanuva uste Televizija Alfa.
Од: Ana
Датум: 13.10.2010 18:12:11
I pokraj toa sto voopsto nemam dobro mislenje za tajkunot(citaj-lopovot) Velija, sepak A1 najmnogu ja gledam zasto mi e naobjektivna i najmalku me nervira so naracani intervjua, neobjektivni falbi i postojano pocnuvanje na vestite so Grujo. Osven toa ima odlicna programska politika, so dobri (dokumantarni i igrani) serii i filmovi. Poradi Latas i Milenko se otkazav od sledenje na Sitel, no ne samo jas, tuku i ogromen broj od gragjanite(tocno e 80%). No ke im dojde kraj na platenicite od toj tip, pa mesto da go kanat Grujo kaj sebe, ke si se posetuvaat vo Idrizovo.
Од: Saso Germanija
Датум: 13.10.2010 22:53:32
So vakvi statii se pravat tokmu partiski gjurlotii.Otvoram naprimer ilajijanski televizii. Kraj im nema. Vo Germanija isto gi ima mnogu. Sapsalska rabota. Pa toa e pluralizam a toa znaci vecna verbalna borba. Pa toa ne e samo nasa specifika. Ili koga se tepaat vo italijanskiot parlament. Ama nie sme kavgadzii na nasa smetka i sme slepi da vidim,e sto pravat drugite. Aj, smirete se be.
Од: CITATEL OD PRILEP
Датум: 14.10.2010 09:18:56
Da Vi kazam pravo smaceno mi e posebno od vestite na Kanal 5 do sega sum gi slusal redovno i gledal ama veke pocnuvam da gi preskoknuvam kako televizii. Ne mislat li deka licnite prepukuvawa treba da si gi resat na drugo mesto ili treba da gi maltretiraat gledacite. Daj prekratete veke ednas i za promene dajte nekoi drugi informacii na vestite. Ili nema sto da davate.
Од: Darko
Датум: 14.10.2010 09:20:05
Goce Delcev, Pitu Guli....go poddrzuvam tvojot apel. Degenizmov mora da se ignorira. Siguren sum deka ako gi nema ovie mediumi i nivnite sodrzini, naseto opstestvo ke bide podobro...
Од: tatoo
Датум: 14.10.2010 09:44:54
А1 и Алфа. Најгледани канали на мојот телевизор. Дневникот им е најобјективен а и другите програми се избалансирани со вкус. Другите канали со мали исклучоци се шкарт.
Од: Fakti
Датум: 14.10.2010 10:05:00
Vo Amerika postojat mnogu ''tajkuni'' sto imaaat i mnogu vesnici(Murdock) i televizii(Ted Turner) forata e vo toa kako gi koristis!!!Site brzo zaboravija koga Petrit Ame i negovi pajtashi reketari upagaa vo A1 televizija kako SDS vojnici da ja zamolcat????o,da,VISTINATA e trn vo oko na SEKOJA vlast!!

Најди! во Утрински
Насловна
Македонско-бугарски историски контроверзии (4)
Тиквешански
Празници за поделби
Три години без Тоше
Семејството на фармерот Душко живее во страв
Данок на асфалт
Парите од ММФ паметно да се трошат
Сите рудари на безбедно
Да се биде геј на просторот на поранешна Југославија
МВР ќе ги расчисти пасошите до февруари
Музика за увото на премиерот
Aмерика не е задоволна што сработи ЕУ на Балканот
Еден од рударите бил фудбалер
Сообраќајна трагедија во Украина
Сметките за струја заглавени кај поштарите
Лелек
Љубовница го пречека својот рудар
Со маркетинг за спречување самоубиства
Откриени истребувачите на пчели
Српското знаме запалено во Тирана
Карикатура
Стил






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia