Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп
Политика
02.02.2012, 18:34

Полициска интервенција во ВМРО-Народна

Приврзаниците на Георгиевски тврдат дека по заминувањето на Додовски, од партиското седиште исчезнале компјутер, печат и штембил и материјали за работа

Светлана Унковска


Раководство на ВМРО-Народна партија повика вчера полиција во партиското седиште откако утврдило дека по заминувањето на довчерашниот претседател Марјан Додовски во ВМРО-ДПМНЕ, недостасуваат повеќе материјали и средства за работа на партијата. Веднаш по објавата на Додовски дека ја напушта партијата, ВМРО-НП свика итна седница на Извршниот комитет, но членовите, како што велат, биле непријатно изненадени откако забележале дека ги нема компјутерот, партискиот печат и штембил и многу материјали за работа. Уште понепријатно биле затечени кога откриле дека се исклучени телефоните и интернетот.

На Вонредната седница на Извршниот комитет, покрај тоа што била констатирана оставката на Додовски, била донесена и одлука со која украдените печат и штембил се прогласени за неважечки за, како што велат во партијата, да биде спречена евентуална злоупотреба.

„Утврдивме дека во просториите на партијата недостасуваат партискиот печат и штембил, компјутерот на кој е водено финансиското работење и е заведено членството на ВМРО-НП, како и голем дел од архивираниот материјал, цела финансиска документација и одлуки на партијата. Сето тоа беше во партијата до моментот додека со неа раководеше Додовски“, ни изјави Слободан Близнаковски, член на ИК и советник во Град Скопје од ВМРО-НП. Тој ги отфрла изјавите на Додовски дека целата партија преминува во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што вели, таква одлука не е донесена од највисоките органи на ВМРО-НП.

„Одговорно тврдам дека никогаш никаде не е расправано за преминување во ВМРО-ДПМНЕ, туку, напротив, секогаш е дискутирано да го обединиме десниот опозициски блок. Единствен кочничар во овие процеси беше токму Додовски. Како партија, планираме во иднина, под раководство на Георгиевски, да ги продолжиме започнатите процеси“, вели Близнаковски.

Извори од партијата брифираат дека повеќе од три месеци Додовски одбегнувал да се сретне со партиското раководство и да даде извештај за финансиското работење на партијата, како и отчет за потрошените средства за предвремените избори. Наводно, откако бил притиснат од раководството, кое побарало од него на седница на ИК закажана за оваа сабота да достави увид за финансиското работење, Додовски го објавил напуштањето на партијата.

Додовски вчера не беше достапен за одговор на обвинувањата од довчерашните сопартијци. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопштија дека го поздравуваат „преминот на членовите и раководството на ВМРО-Народна партија“.

„Секој нов член значи растеж и поголем капацитет кој дава нова енергија за работа. Како партија ВМРО-ДПМНЕ останува широко отворена и со подадена рака за сите субјекти што ги поддржуваат нашите политики“, се наведува во партиското соопштение.

Раководството на ВМРО-НП за в недела закажа седница на Централниот комитет, на која Љупчо Георгиевски формално ќе биде избран за в.д. претседател, а најдоцна за 30 дена треба да се одржи и вонреден конгрес, по што тој ќе го преземе кормилото на ВМРО-НП.

На завчерашната седница на ИК, покрај Додовски, не присуствувала само уште Валентина Делиманчева, а нејасно е како ќе постапи генералниот секретар, Миле Јакимовски, кој е на пат надвор од земјава. Преминувањето на советникот во Град Скопје, Додовски, во ВМРО-ДПМНЕ нема да се одрази на распоредот на сили во Градскиот советот, бидејќи советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и така е во мнозинство.

Се јавија и дел од општинските комитети на ВМРО-НП, кои тврдат дека партијата продолжува да функционира. „Изразуваме голема благодарност до Никола Груевски затоа што со поткупувањето на Додовски ни направија голема услуга да го врати Љупчо Георгиевски на чело на партијата“, изјави Ванчо Костовски, член на ИК и претседател на Општинскиот разгранок од Охрид.

Потврда за останување во ВМРО-НП стигнаа и од Шестата изборна единица. „Продолжуваме со работа во согласност со определбите и партиските заклучоци. Ги повикувам членовите и симпатизерите од цела Шеста изборна единица да не потклекнуваат на притисоците и лагите и да им веруваат на Извршниот комитет и на претседателот Георгиевски“, рече Драган Давидовски, челник на ВМРО-НП во Тетово.


Статијата е прочитана 2700 пати.

Испрати коментар



Политичката десница го изолира Георгиевски
И зградата на ЕСМ со барокна фасада?
Аиво Орав на брифинг во Атина
Видиковец и три ката за вмровската зграда
Лустраторите ќе им се посветат на актуелните функционери
Војската ќе си подари химна за роденден



Jimmy1, 03.02.2012 01:11:17
Aramijata Dodovski im se pridruzi na VMRO-ovskoto aramisko drustvo. Dokolku gi zel tie raboti treba krivicno da odgovara i da se kazni, toa e krazba. Ne me cudi zosto tolku se kradi vo Makedonija, pa eve gledame deka ribata smrdi od glavata, aramiite ni se vo politikata. Kaj nas vo vlada, vo sobranie, na vidni rakovodni mesta, ministri i drugi vazni funkcii gi vrsat kriminalci, a dodeka vo zapadot ako nekoj ukrade edna kutija cigari policijata mu vnesuva kriminalno dosie i tesko mozi da se zaposli zosto na sekade im baraat pismo od policijata deka nema kriminalen rekord, a kaj nas kako na protiv kriminalcite dobivaat sve povidni mesta. Ova ko kazuvam od iskustvo. Na kerkami i visese rabotnoto mesto za nesto sto ne go napravi, samo poradi sto nekoja se kazala na nejzino ime. Kerkami nemase pojma za toa. Od narabota e pobaraja raport od policijata i koga dojde raportpt pisuvase deka e pod istraga za krazba na telefon. Na sud dokaza deka taa nema vrska so toa i ostana na rabota.
zrak, 03.02.2012 08:08:39
sudo nikogas vo makedonija ne nasol dokazi za golemite politicari kriminalci,najnov primer e i osloboduvanjeto na cile-tupurko sto malce me iznenadi bideki mislev deka pravnata ni drzava ke se dokazuva na nego oti e politicki mrtov, no toj ti bil od NEDOPIRLIVITE.
zagrizena, 03.02.2012 08:54:48
DODOVSKI -JUDA.A za takvite e samo Sultan Sulejman.Ama ke se najde nekoj.A vo VMRO DPMNE neka ne se raduvaat na takvite kako nego sto se ptici preselnici ,tie se zlo za covestvoto ,a kamoli za nasava mala sirota drzavicka.No gospod bog e eden pa ke im presudi.Sto vikaat starite bava ama ne zaborava.
od ostrijot, 03.02.2012 10:55:10
apaska rabota ni policijata nemoze daim najde kraj.
Санто, 03.02.2012 14:32:12
Крајно време е да се расчистат работите. ВМРО-НП или е СДСМ или ВМРО, предлагам остатокот од ВМРО-НП нека си се приклучат кон СДСМ, така да гласачот нема да биде заведен да гласа за она што не го сака.Сега работите се чистат, арно ама некому тоа не одговара да гласачот биде на чисто за што гласа.За политичарите е најдобро да ловат во матно, а лидерите бидат тие што во сите ситуации, добијат најмногу.Во комунизмот ова го викавме диференцијација.Доста беше глума и на народот веќе му скисна од глумење.
kosta, 03.02.2012 17:06:49
samo napred vojvodo !!! da zivee Makedonija
jose, 03.02.2012 18:53:58
na dodosku mue ponudeno ubava fotelja za ova so go pravi.ama i da sokrie od parite

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Слаби снежни врнежи

Понеделник
Локални врнежи од снег
Макс: -4°C, Мин: -8°C

Вторник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп |