Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп
Политика
02.02.2012, 17:09

Лустраторите ќе им се посветат на актуелните функционери

Комисијата за лустрација, по одлуката на Уставниот суд, нема да ги разгледува веќе досиејата на поранешните носители на функции

Жаклина Хаџи-Зафирова



Над 2.000 изјави од новинари, свештени лица и невладини организации пристигнале на адреса на Комисијата за лустрација, но тие наместо н�� работната маса на лустраторите, привремено ќе се складираат во архива. Лустраторите, по одлуката на Уставниот суд за привремено стопирање на процесот, нема да ги разгледуваат веќе досиејата на поранешните функционери, туку сега ќе се фокусираат на актуелните функционери. Решението на Уставниот суд, кое завчера преку курир беше доставено до институциите, ќе се разгледува на денешната седница на Комисијата за верификација на фактите. Уставниот суд, како што е познато, поведе постапка за 12 члена од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција и привремено го стопираше процесот со кој требаше да се чешлаат досиејата на поранешни функционери, вработени во медиуми, верски заедници и невладини организации.

Првиот човек на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, вели дека изјавите што ги примиле сега нема да ги разгледуваат, туку ќе се преориентираат на актуелните функционери.

„Ќе го почитуваме решението на Уставниот суд што ќе го разгледуваме на денешната седница“, ни изјави кусо Аџиев, не сакајќи да ја коментира одлуката на Судот. Она што е забрането нема да го работиме, но ќе продолжиме да го работиме она што не е забрането со закон“, коментира претседателот на Комисијата за лустрација.

Во законскиот рок, до 31 јануари, во Комисијата пристигнале 550 изјави од верските заедници, од медиумите од 520 медиумски работници, од невладините околу 700 и дополнително околу 300 изјави кои стигнале по пошта и се распоредуваат. Аџиев појаснува дека тие престануваат да работат по предметите, кои ќе ги евидентираат, но нема да постапуваат по нив се' до конечната одлука на Уставниот суд. „Моментно имаме уште малку изјави од судовите, обвинителствата, МАНУ, а во наредниот период ќе ги ставаме на дневен ред изјавите од администрацијата, чија бројка е огромна. Изјавите на министрите се проверени, но ќе треба да ги провериме изјавите на сите воени лица, државни секретари, директори и вработени во агенции, управи, членови на правни и на надзорни одбори, комисии, министерства, факултети“, вели Аџиев.

Претседателот на Комисијата, кој во изминатиот период беше критикуван и обвинуван за селективност, бидејќи, наводно, ги ставал во прв план досиејата на поранешните, а не и на актуелните функционери, ги демантира овие обвинувања. „Воопшто не правевме таква селекција, туку ги закажувавме седниците онака како што ни стигнуваа одговорите од институциите. Сите изјави ги пуштавме за проверка. Зошто другите членови на Комисијата не ме критикуваа? Имаме уште осуммина други членови. Но, секој нека одговара за своите постапки“, коментира Аџиев. (Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 543 пати.

Испрати коментар



Полициска интервенција во ВМРО-Народна
Политичката десница го изолира Георгиевски
И зградата на ЕСМ со барокна фасада?
Аиво Орав на брифинг во Атина
Видиковец и три ката за вмровската зграда
Војската ќе си подари химна за роденден



zrak, 03.02.2012 08:01:12
ako trgnat so arsin za kodosenje na samite sebe za podobri pozici i pari ke vidat deka nema koj ne kodosel,a i onie sto rabotat protiv drzavata site gi znaeme;koj go mena imeti i znameto bez referendum,koj saka da ja deli drzavata,koj koolicira so teroristi i zaklucokot e SITE sto pominale niz politickata i sudska vlast
deko, 03.02.2012 23:12:13
Vo site eks sicijalisticki drzavi ovoj proces e zavrsen.Zosto kaj nas ne e zavrsen i nema da se zavrsi.So raspadot na eks MK se formiraat dve vlijatelni partii sdsm i vmro.Sdsm se formira od bivsi clenovi na KPM,UDBASI itn.koi najdoa pribeziste vo sdsm a pogolemiot broj od tie strukturi raboti vo site sektori vo drzavata,od ustavniot sud,pravosudstvoto,policijata,administracijata,mediumite itn site tie zaedno se golema sila koja nikogas nema da dozvoli lustracijata da se sprovede i dolgo vreme Makedonija ke ja drzi vo zaloznistvo.Zatoa vo MK 20god. se bavime samo so problemite na sdsm i nivnoto bogatstvo kako da se zastiti.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Слаби снежни врнежи

Понеделник
Локални врнежи од снег
Макс: -4°C, Мин: -8°C

Вторник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп |