02.02.2012, 18:05 Видиковец и три ката за вмровската зграда
На владејачката партијата и' е дозволено да го догради постојното седиште во Скопје и да постави скулптури и видиковец
Деспина Трајковска
Од обична жолта куќа, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ уште од годинава може да се претвори во шесткатница со скулптури и видиковец на покривот. Тоа нема да биде нова зграда изградена од темел на друга локација, туку таков лик може да добие постојното седиште на партијата, со последната верзија на урбанистичкиот план. Оспоруваниот најнов ДУП „Мал ринг“ дозволува сегашниот трикатен објект, препознатливата, но ни малку репрезентативна зграда на владејачката партија, да добие во висина и во габарит и да си го украси покривот.
Можеби некој ќе рече дека надградбата на централата на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо ново, но дефинитивно, се лаже. Овој пат, на партијата и' е дозволено налик на идеите за покривите на зградите на плоштадот, да постави содржини за украсување на врвот од зградата. Врз неа, како што е објаснето во писмениот дел на последната верзија на планот, може да се постават архитектонски-естетски декоративни обликувања, надвишувања кои нема да се пресметаат во бруто развиената површина на зградата. Потенцијалниот идеен творец на старо-новата зграда на седиштето на партијата ќе може да предвиди и изградба на видиковци на покривот.
Дали сето ова навистина ќе се реализира и кога, зависи само од партијата на премиерот Никола Груевски. Оттаму велат дека и досега имале таква можност, со исклучок на неколку елементи кои се дозволени со последните измени на урбанистичкиот план. Наводно, во ВМРО-ДПМНЕ засега воопшто не размислуваат за подновување на зградата. Дали, можеби, ќе почекаат да го завршат „Скопје 2014“ и од каде им доаѓаат идеите за владиниот урбанистички проект, од партијата не прецизираат. Портпаролот Александар Бичиклиски вчера тврдеше дека немаат никакви планови.
„Деталниот урбанистички план, конкретно, за нашиот објект не значи ништо ново. И досега можевме да го надградиме, но не го сторивме тоа“, кусо ни изјави вчера Бичиклиски.
Како и да е, и делумна реализација на замислите и дозволените интервенции за седиштето на партијата, веројатно, би значеле и подобри услови за работа во партијата. Сегашниот објект со постојната фасада, генерално целиот изглед и функционалност, не соодветствува за партија која во последниве две години ги влече конците за урбанистичко уредување на центарот на Скопје. |
|
Статијата е прочитана 4734 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jimmy1, 03.02.2012 00:40:37 | Dali vazat istite zakoni za site ili za VMRO-OVCIVE ima posebni zakoni???? Dali e zakonski da se dogradat 3 sprata. Ona sto go zboruvaa za Kosmos bese kako vlakno sprema ovaa dogradba i pak go urnaja. Nikoj ne mozi poveke da ne ubeduva deka toa ne se pravese poradi osveta sto Fiat nemase isto mislenje kako Grujo. Neka e dogradat, barem ke ima sto da rusi narednata vlast koga ovie ovcari ke si zaminat. Dokolku kaj nas se popravi sudstvoto neveruvam deka na ovie ke im izbegaat Idrizovo i Sutka. |
| Barok, 03.02.2012 00:41:06 | A koj sme i moze da im zabrani? Odobruvachot moze samo da bara da bide vo barok stil t.e da sodejstvuva so Skopje 2014. i nishto povece. |
| Dame, 03.02.2012 01:28:02 | Како што е објаснето во писмениот дел на планот, на сите објекти кои гравитираат кон централното градско подрачје може да се постават архитектонски-естетски декоративни обликувања, надвишувања кои нема да се пресметаат во бруто развиената површина на зградите. Значи ова важи за голем број на објекти во Мал Ринг. Со ова се овозможува затворање на рамните кровови со кои мака мачеа жителите поради протекување, може да се направат угостителски објекти какви што има во повеќето светски градови или дури да се направат градини на крововите, какви што веќе има на повеќе локации низ градот! |
| miki, 03.02.2012 09:08:32 | Прво ЖОЛТА КУЌА ми асоцира на нешто лошо...........второ, ако доградат уште 3 ката, нека биде сето тоа чист бетон, како бункер........ и Феликс ќе се сложи со ова, нели Феликс??????? |
| Dolno Vodno, 03.02.2012 10:50:21 | Ubav predlog od Dame(gjoam dama, po nejzino), da se napravat mini gradini na pokrivite, nesto sto denes se preporacuva na sekade niz svetot.Vo EU taka se pravi sé poveke i po privatnite zivejalista, no osibeno po ucilistata i drzavnite gradbi. NO kupolite i barok stilot, dame neka si go cuva za nejzinata kukja vo seloto odkade pristignala vo Skopje, kade dobila pomaranzovi ocila za da gleda na sekade barok, od koj site skopjani sakame da gi snema!
Ke ima li kraj na ovoj nevkus? |
| Ајван Доктор®, 03.02.2012 12:02:11 | Секако,кој вели дека и досега не сте можеле да го направите тоа?!Еве,оставете ме да погодувам од три пати каква ќе биде фасадата на „новата“зграда на ЧеКа-то! :0)) Прво:не знам зошто,ама убеден сум дека ќе биде во (псеудо)барок!Втор обид:убеден сум дека ќе биде во вашиот „барок стил“!Трет пат:претпоставувам дека ќе распишете анкета на вашиот партиски сајт во која членовите ќе можат слободно да избираат нова фасада со антички „барок“идентичен на оној што В.Божиновски го распослал во Џараш,при походот на Аце тхе трд енд грејт!Навистина од „видиковецот“ќе им се пружа широк далекусежен поглед потполно идентичен со оној на нивната идеологија - во радиус од цели 20m!Ставете лифт до кровот („видиковецот“) и наплатувајте!Овој блесав народ во целост ве заслужи! |
| предлог, 03.02.2012 12:03:41 | Да постават скулптури слични на оние пред Владата - без глави. А телата да бидат на сите кои биле и ѓе бидат жртви на ДПМНЕ. |
| Mirko, 03.02.2012 18:38:33 | Tamu ke ima bunkeri, podzemna bolnica, pazariste..., no i podzemna avionska pista za koga ke dojde vreme site valkani ovci da mozat da pobegnat. Uffff. |
| Ubavi komentari...no ke se rusi objektot..., 03.02.2012 18:53:54 | Mnogu ubavi komentari, sepak imam cuvstvo ( prorekov mnogu raboti dosega neli?) deka pri rekonstrukcijata ovaa zgrada ke se srusi pa po primerot na KOSMOS ke se digne od parter malku i ke bide izgradeno se NOVO...Znaci prvo PAGJA SE ( kako i partijta) pa se gradi od novo malku podignato od segasnoto nivo (do zemja)...zad a im lici so PAMETOT!
p.s. Ovaa gradba ne moze sama da izdrzi i terasa od gore, ne tri kata, svesti te se ...se e uste eden trik kako sto opisav pogore, a gi pozdravuvam site komentari do sega!
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -7°C
Слаби снежни врнежи
|
Понеделник
Локални врнежи од снег
Макс: -4°C, Мин: -8°C
|
Вторник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|