Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп
Политика
02.02.2012, 18:33

Политичката десница го изолира Георгиевски

Какви му се шансите да го преживее вмровското цунами. Кој и што ги раздели Георгиевски и Додовски - Црвенковски или Груевски; идеологијата или интересот?!

Александра М. Митевска


ВМРО-ДПМНЕ отсега ќе си има работа со Љупчо Георгиевски, се закани поранешниот премиер (1998-2002), откако довчерашниот претседател на ВМРО-Народна, Марјан Додовски, објави ликвидација на партијата и се врати во старото јато. Дали заминувањето на блискиот соработник на Георгиевски кај Никола Груевски е само уште еден заплет во историјатот на релациите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Народна, кој е испишан со многу контроверзии и забивања нож во грб?


ФОРМАЛНИ ЛИДЕРИ


Во изминатите седум години од формирањето, повеќепати и' беше предвидуван крај на партијата што Георгиевски ја основаше по тензичната разделба со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, по претседателските избори во 2004 година. Но, Георгиевски тврди дека последниот одлив на кадри во ВМРО-ДПМНЕ не значи епилог ниту за Народна, ниту за неговата политичка кариера. Тој возврати со најава дека овој пат ќе го преземе кормилото на партијата, во која досега беше само почесен претседател, препуштајќи им ги водечките позиции на најблиските соработници, кои еден по еден го напуштаа и, главно, заминуваа кај Никола Груевски, а некои политички се пасивизираа. Прво Весна Јаневска се врати во ВМРО-ДПМНЕ, потоа Ѓорѓи Трендафилов исчезна од политичката сцена, а сега и Додовски му сврте грб на Георгиевски, обвинувајќи го за соработка со СДСМ.

„Нема да ја поддржиме коалицијата со Бранко Црвенковски и нема да се печеме во бизнис-кујната на Георгиевски“, рече Додовски и замина кај Груевски.


РЕЛАЦИИ

Шушкањата за релаксирање на односите меѓу некогаш лутите противници Црвенковски и Георгиевски, поточно за блиска соработка меѓу СДСМ и ВМРО-НП, всушност, не се од вчера, туку влечат корени уште од самите почетоци на партијата на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Веќе подолго време (особено откако СДСМ ја промовираше идејата за проширување на опозицискиот фронт)самиот Георгиевски јавно кажува дека за него и за неговите следбеници е поприродна комуникација со социјалдемократите отколку со поранешните сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ.

Народна се формираше за време на владеењето на СДСМ, откако беше прогласен за неуставен членот од Изборниот законик што предвидуваше пратеник да го изгуби мандатот ако премине во друга партија. Со тоа се отстрани пречката повеќето пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да заминат во новоформираната ВМРО-НП, која во парламентарниот состав до 2006 ја имаше најбројната и најгласната пратеничка група во опозицискиот табор. Од друга страна, многу од проектите на тогаш владејачкиот СДСМ беа протуркани во парламентот со поддршка од пратениците на Народна. Повеќето од тие пратеници, во годините што следеа, се враќаа еден по еден во ВМРО-ДПМНЕ, која, во меѓувреме се врати на власт, но на чело со Груевски. Многумина од нив и сега се на високи позиции во владините ешалони.


ИДЕОЛОГИЈА


ВМРО-НП солидно го помина првиот изборен тест во 2006, кога преку самостоен настап освои шест пратенички места. Тогаш беше направен и првиот обид за потиснување на анимозитетите меѓу некогашните сопартијци, преку соработка врз основа на декларираната идеологија на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП, како партии на десницата. Пратениците на Народна ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ да не коалицира со партијата што произлезе од ОНА, и покрај победата на ДУИ во албанскиот камп. Тогашната владејачка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА се формираше благодарение на ВМРО-НП (и на НСДП) која го поддржа Груевски, по принципот на малцинска Влада. Но, предвремените избори во 2008 не завршија добро за Народна, која, воопшто, не учествуваше во трката за пратеници и оттогаш е вонпарламентарна партија.

Додовски, завчера, меѓу другото, изјави дека преминува во ВМРО-ДПМНЕ и поради тоа што што мисли дека тоа е вистинското ВМРО и дека ја застапува вистинската демохристијанска идеја.

Тој и Георгиевски се појавија заедно на коктелот што во јуни 2010 го организираше ВМРО-НП, по повод „20-годишнината од обновувањето на идејата на ВМРО во Македонија“. Тоа беше паралелна манифестација контра големата прослава што ја направи ВМРО-ДПМНЕ за 20. роденден на партијата. Георгиевски и Додовски тогаш го застапуваа ставот дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификува историјата, бидејќи во нејзините редови немало личности кои би можеле да зборуваат за историјатот на партијата.

НЕСУДЕНИ ПАРТНЕРИ

Деновиве од таборот што му остана лојален на Георгиевски го обвинуваат Додовски дека пред ланските вонредни избори ја осуетил идејата за формирање коалиција на десничарските партии што произлегоа од ВМРО-ДПМНЕ и дека со тоа и' помогнал на владејачката партија да добие шест-седум пратенички места повеќе. Четирите помали десничарски партии (ВМРО-НП, ОМ на Љубе Бошкоски, Демократска десница на Филип Петровски и Достоинство на Стојанчо Ангелов), кои настапуваа самостојно на изборите, вкупно освоија близу 56 илјади гласови, што да отидеа на едно конто, сигурно ќе резултираа со пратенички места. Само ВМРО-НП доби повеќе од 28 илјади гласови.

Повеќе партии произлегоа од ВМРО-ДПМНЕ во изминатата деценија. Борис Змејковски, Доста Димовска, Марјан Ѓорчев..., и нивните приврзаници, сепак, се вратија во матичната партија, откако не успеаја да ги етаблираат на политичката сцена новите партии што ги формираа. ВМРО-НП е една од ретките што успеа да се одржи околу седум години, иако е во постојан слободен пад. Георгиевски сега најавува дека ќе ја релативизира партијата, откако конечно ќе го преземе кормилото.


Статијата е прочитана 6329 пати.

Испрати коментар



Полициска интервенција во ВМРО-Народна
И зградата на ЕСМ со барокна фасада?
Аиво Орав на брифинг во Атина
Видиковец и три ката за вмровската зграда
Лустраторите ќе им се посветат на актуелните функционери
Војската ќе си подари химна за роденден



apostol, 03.02.2012 00:40:03
poveke od jasno e deka dpmne i sdsm se mnogu poblizu edna do druga ,otkolku bilo koja druga partija vo makedonija a kako ke pomine bugarofilskata vmro na ljubco vremeto ke pokaze mozebi navistina se zgolemuva brojot na bugarofili makedonci iako antickite makedonci se vo golema prednost ?
Mani, mani, mani go!, 03.02.2012 00:50:51
Se e vo parite. Prvo poziciite, a so niv parite i privilegiite. Realno, Ljubcho momentno e predaleku od moznosta da im go toa pruzi. A ideologijata e prikazana za deca, koja ovoj pat ne moze da ja prodade ni Latas, a kamoli Dodovski. Nevernik i sitna i prodadena dusha. I nishto povece!
vmrovec do grob, 03.02.2012 01:22:20
i koga bi ostanal ljupco sam pak ke mu bide trn vo oko na gruevski;;vojvodo ova predavstvo ne pravi samo da sme posilni
bez trag, 03.02.2012 04:51:46
Iscisti go gzganot VOJVODO gi ima uste nekolku vo partijata. Znae narodot deka bea tvoj proizvot od grujo do psledniot na opaskata. No svesni se deka toj sto gi napravi i toj ce gi unisti. taka se odvivaat proektite vo sovremeno opshtestvo
Janakiev Nikola, 03.02.2012 05:12:47
Kole 3.2.2012god Pliska na S.Gugulovski zenamu na 9.8 1994god,na komicka sredba me upozna so L.Gorg.vo Pantelelj.Negovata zena bese bremena so prvo dete.ZASEBE SAM GORD,go procitav.Site se lazete deka e Bugarofil,dekae Vmarovec dekae,Demohristijanin.On si e bil i ke si ostane SAMO SVOJ.
zrak, 03.02.2012 07:53:47
site komentiraat za predavstvo,a trezveno gledano site se koj od koj lider pogolem predavnik.lubco od alcnost za pusti pari i so crn gavol ke sorabotuva,naka uci politika od pokojniot TOSE;jas sum roden vo makedonija i ta drzava denes e realnost i ja sakam i taka se osekam,a deka imam vlaski korenje i to go znam i ponazad ne baram sto bile moite predci oti istoriski gledano ke bidat makedonci oti tie postojat i vo biblijata.
mkd, 03.02.2012 08:04:35
mnogu realen tekst - bez zazemanje na strana sto ne e mnogu voobicaeno za denesnive anticki novinari
pan, 03.02.2012 08:18:07
Blagodarenie na Georgievski, Grujo stana premier,Dodovski bese minister, i red drugi kako niv mu zabija noz vo grb naGeorgievski! Od vakvi predavnici i prodadeni dusi Makedonija ne ja biduva!!!
Tose, 03.02.2012 09:02:46
Е како во слободен пад?? НП е кадровска служба на ДПМНЕ, подобро е да си член на НП оти функција не ти бега, а во ДПМНЕ можеш само плакати да лепиш...
ФЕЛИКС, 03.02.2012 09:05:01
Нема тука идеологија туку чист прагматизам,ќе падне нешто од членството во власта.Инаку ништо ново не е откриено ако се тврди за спрегата на благонадежниот Блгарин и детулето лидерско,имаат заеднички политички напријател.Едниот остана со ,,прстот во уста,, кога наводниот чувар на лидерската фотеља ја презеде и фотељата и партијата.Вториот испошашардисан од редица изборни порази би направил пакт со црниот џавол само да еднаш ја вкуси изборната победа.Инаку си одговараат еден наспрам друг,лика и прилика на изборни губитница на купче.
vele, 03.02.2012 09:12:59
Vojvodo so tebe sme. Ne se plasi.
np, 03.02.2012 09:19:28
se sto kaza dodovski e laga : 1)koe telo na partijata donelo odluka za raspustanje.takva odluka moze da donese kongresot na partijata vo najmala raka ck. 2)90% od pretsedatelite na ok ispratija soopstenija so koj potvrduvaat deka ostanuvaat vo vmro np toa nikoj ne go objavuva 3)na sednicata na ik odrzana po ostavkata na dodovski prisustvuvaa 9 clena od vkupno 12 RABOTATA E JASNA GOLEMA MANIPULACIJA I NISTO DRUGO
igor, 03.02.2012 09:36:19
ljubco ti si nasata sila,nie sme so tebe!!!dodovski izliza se sto plukna protiv grujo,predavnik,parite se otepuvacka!
Dejan, 03.02.2012 09:57:18
Со предавства и лицемерни игри нема да го уништите Љубчо Георгиевски и ВМРО. Со ваквите удбашки чекори ДПМНЕ покажаа дека е најдолното комуњарско четничко здружение во Македонија. Јас гласав за ВМРО-Народна токму заради Љубчо, а не за Mарјан Додовски. Ме боли мене каде заминал Додовски. Гласав за ДПМНЕ кога беше Љубчо таму, гласав за ВМРО-Народна оти е Љубчо таму. Ќе гласам и за ДУИ ако Љубчо замине во ДУИ. Треба да разберете дека Љубчо е икона.
Македонец, 03.02.2012 10:49:55
Бугарофили, Словени, Антички.... сите вие луѓе сте за на еден преглед на доктор... само глупости да се слушало насекаде за потекло на еден народ...
kiki, 03.02.2012 10:52:15
Vojvodata go biva. Ke napravi silna partija. Dodevski nee za lider i dobro e sto bide deka ne go biva da komanduva podobro mu e da sli[a e sam si go odbra gruevski no kratko ke mu trae. Ke go snema na politickata scena. A vojvodata ke napravi mnogu. Dosega nesakase da se mesa ama sega go nalutija
od ostrijot, 03.02.2012 11:00:19
osven za licen interes i fotelija zadrugo inegi biva.
Европеец, 03.02.2012 11:33:25
Полека се бистрат позициите на политичката сцена после ланските избори и се` си доаѓа на свое место. Бранко и Љубчо се надополнуваат еден со друг, па коалицијата меѓу нив двајцата е сосема природна работа и за очекување е дека ќе се деси деновиве и официјално. Само нема да можат повеќе да се кријат зад други лица и подмукло да раководат со ситуациите на терен. нити Бранко повеќе смее да се крие зад Рада, нити Љубчо зад Додовски. Прочитана книга се и двајцата, нека се осмелат да излезат веќе еднаш самите на дуел со актуелната власт и Груевски.
Mene, 03.02.2012 12:18:09
So tebe sme Ljubco ! Makedonija ne postoi od 2001, koga ja izgubi vojnata bez borba . Se sto e izgradeno e dobro , so isklucok na spomenikot na Aleksandar Makedonski , segasnata drzava nema nisto opsto so Aleksandar. Podobro da gi napravat patistata , izginavme site so kolite, i nemozeme da se vratime doma, nema pat .
Сашко, 03.02.2012 13:57:35
Дали ќе ја релативизира или ќе ја ревитализира? Можна е релативна ревитализација.
goce viena, 03.02.2012 18:52:15
И најлошото да се пишува за Георгиески сепак не смее да се заборави дека тој е најзаслужен за Македонија оти ако не беше сеуште ќе бевме во федерација со Србија.Додовски менува партии и во овој случај можно е да е тргнат на партиска задача да растура наместо да обединува партија.
Leonid, 03.02.2012 18:55:49
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се многу блиски дури мислам и најблиски во настојувањето да се украде што е можно повеќе и да се стрпа во приватни џебови. Поблиска идеологија тешко ќе можете да најдете некаде на земјинава топка.
Јакимовец, 03.02.2012 19:37:30
Абе Европеец па ти знаеш ли колку пати јавно го повикаа на дуел и Љубчо и Бранко ама Грујо нема ТОПКИ да излезе зошто нема речник....Ама додека има сељаци да го гласаат така ке е.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -7°C

Слаби снежни врнежи

Понеделник
Локални врнежи од снег
Макс: -4°C, Мин: -8°C

Вторник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп |