Нашата земја е мала, ама ја тресат големи проблеми. Нема ксмет да се крене, да се подисправи и застане автохтоно, на свои нозе. Се закаравме меѓу себе, со очи не можеме да се видиме и наместо поздрав, се препукуваме за името, спомениците, за „левите“ и за „десните“.
Не застануваме тука - куп грижи, неплатени сметки на јадосани стечајци и болешливи пензионери ни ги полнат менталните фајлови. И којзнае до каде ќе одевме во таа колективна нетолеранција да не се потсетевме на 16 октомври и на тоа колку го сакавме Тоше и колку се' уште е дел од нас.
Тоше е една единствена алка што спојува, лозунг за примирје, подадена рака, подголтната тага во целата каша од лаги, галиматијас од вина и невиност, на сето она што стана наша реалност. Ние пред неговиот лик заборавивме на егото, ги скротивме суетите и ги ставаме очилата на љубовта што ги носеше Тоше. Така Македонија се претвори во добро место за живеење.
Деновиве тагуваме по златното момче, по музичкиот гениј со детско срце. „Се' уште сонувам дека сме заедно“, по „Игри без граници“ и поразителното сознание дека некои работи не ги брише ниту времето.
Момчето што беше синоним за искреност, љубов и чест, единствениот што не се штедеше во давањето и во мисијата да ја шири љубовта, дејствува како аспирин на главоболката. Три години откако Македонија и Балканот го немаат Тоше, ние ја најдовме точката на спојување и на повторно обединување.
Значи, не сме безнадежни. Човечноста на Тоше не' потсети дека се' уште сме луѓе.
И кога се потсетуваме на него, посакуваме да бидеме хумани, како што знаеше да биде само тој. Но, тоа не треба да г�� правиме само во овие тажни денови..., туку секогаш.
Go gledam krstot vo Krusevo i nemam zborovi da opisam kakvo gadenje predizvikuva kaj mene vrvniot nevkus na koj sto se manifestira mitot za peacot
Од: gimce
Датум: 18.10.2010 12:40:14
dodeka bese ziv ' vlaskoto dete" ne bese tolku popularen sega po smrtata sakame negovata popularnost da ja koristime za licni i lukrativni celi
Од: dragan
Датум: 18.10.2010 13:47:35
Zarem ne ke bese poubavo so parite sto se dadoa za krstot da se formira nekoja fondacija za pomos na talentirani mladi muzicari. Ima mnogu siromasni koi poradi nedostig na sredstva ostanuvaat nepoznati za javnosta.
Од: vesna
Датум: 18.10.2010 15:40:51
Tоше е една единствена алка што спојува, лозунг за примирје, подадена рака, подголтната тага во целата каша од лаги, галиматијас од вина и невиност......Fala vi Valentina.
Од: Anna
Датум: 18.10.2010 16:56:13
Ne mozam da se iznacudam na gluposta napisana od "gimce" Ne bil popularen dodeka bil ziv? Navistina???
Од: Obicen
Датум: 18.10.2010 17:47:48
Kolkava omraza seete, pocituvani "komentatori", ne ste svesni. Kolku kompleksi nosite isto taka. Ne go sakavte dodeka bese ZIV, ama mu se osvetuvate na POCINAT. Toj i pocinat ke e posakan otkolku sto vie moze da zamislite. Zasto srcata vi se ispolenti so omraza, jad, frustracii... Na eden najnormalen i za respekt komentar vie zboruvate raboti sto nemaat vrska so realnosta, tuku so vasite gadenja od krstot, navodniot nevkus, navodniot MIT za peacot...
Sesto mozete da kazete ama edno ne mozete: Lugjeto i ponatamu ke go pocituvaat zasto bese pejac, na koj site drugi mu se do kolena, zasto bese COVEK, i zasto imase DUSA i DOBRINA kakva nikogas nema da pocuvstvuvate vo vasite mizerni zivoti. SRAM DA VI E!
Од: vesna
Датум: 18.10.2010 18:23:40
nemate ama bas nisto popametno da rabotite ili da si go vidite vasiot zivot bezvreden bez nikakva idnina i sreka vo vas vi se povraka od sto mladi gospodine od spomenite na nasiot drag TOSE vie ste obicni huligani bez nikakva edukacija zatoa i taka reagirate na nesto sto vredese tolku mnogu a na zal go izgubivme prekrasniot TOSE
Од: loreta
Датум: 18.10.2010 22:57:24
tose bese najsakan dodeka bese ziv, najsakan e i sega koga go nema. Zasluzi se sto se pravi za nego, pa i poveke 0305
Од: kiro dijaspora
Датум: 19.10.2010 03:00:32
Da bidam iskren ne sum gi slusal negovite originali , gledam deka ima ogromen broj na obozavatelki . Od delata na Tose sto sum naiduval ne se negovi pesni!! Kade se originalite i legendite na Makedonskata muzika....
Од: Mende
Датум: 19.10.2010 08:17:29
Ostavete go na raat. Da se sekavame na Tose , da go sakame a ne da se prepukuvame so gluposti. Znaete li poaren, pohuman, popejac od nego? Valentina thanks- Bitola