Број 3409  понеделник, 18 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Незаборав

Одбележена тригодишнината од смртта на Тоше

Во саботата жалеа Крушево, Македонија и Балканот - на тригодишнината од смртта на нашата најголема пејачка ѕвезда, Тоше Проески, се освети 33-метарски крст над манастирот „Свето Преображение“, а во утринските часови Крушево се разбуди со литургијата во црквата „Пресвета Богородица“.

„Полека се заокружуваат работите што ги сакаше и по кои мечтаеше Тоше“, ни рече Андреј Николовски, претседател на фондацијата „Тоше Проески“. Тагата по него не стивнува, но тој живее во сите нас - ни ги пренесе љубовта, верата и надежта. Тоше ја препеа вербата во Бога и во своите песни. Затоа музиката му е голема и искрена“.

Исто како и неговото срце. Вечното почивалиште на Тоше, Гумење, се нарекува светилиште. Безброј запалени свеќи измешани со солзи и пораки испишани на хамер што треба да отпатуваат до вечноста - „Никогаш нема да те заборавиме“, „Смртта не постои ако веруваш во Исус, љубовта не умира“, „Младоста не згаснува“ , се само дел од писанијата на оние што го сакаат.

„Така сме поблиску до него, во неговото Крушево, во неговата лулка“ - ни рекоа фановите од Србија, кои заедно со почитувачите на неговата песна од Хрватска, Словенија, но и од сите краишта на Македонија дојдоа да ја одбележат тригодишнината од неговата смрт.

Зборовите се мали и тесни како завиени сокачиња, а со нив треба да го опишеме неможното. Во саботата во Крушево, над темните и дождливи облаци, нашиот пркос да и' се инаетиме на судбината и на тој одозгора, засветли сонце и тогаш сфативме дека Тоше не е спомен ниту некогаш ќе биде. Тој продолжува да живее во сите нас. (В.Т.)


#
Статијата е прочитана 1045 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Македонско-бугарски историски контроверзии (8)
Единствени за Тоше
Златото пали во светот, и Македонците сакаат прачки
Потешко ми е да играм вистински ликови
За судиите испити, за министрите преведувачи
Фрлањето ѓубре по 21 часот, може да ве чини 50 евра!
"Плавушите" ќе се обединат во Софија
Зија Тонг Македонка со кинески корени
„Бошков Мост“ и „Луково Поле“ енергетски адути
Политика по крв
„Мајки“ доби огромен аплауз
Шкендија без навивачи на гостувањата
Нема да се амнестира непотизмот
Карикатура
Лошите судски пресуди го празнат буџетот
Во Прилеп споменик на Бувие
Како до убавините на Македонија
Магазин
Како Белград стигна во тетовскиот двор?
Грците не плаќаат струја
Стил
Грабеж во Багдад - 12 убиени
Фестивал на албански театар во Дебар






Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency
Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger